Меси најдобар фудбалер, Мбапе прв стрелец


Аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој вечерва ја предводеше својата репрезентација до титулата светски првак, е прогласен за најдобар фудбалер (МВП) на Мундијалот 2022 во Катар. Меси, кој претходно навести дека ова ќе му биде последен Мундијал, вечерва со два гола ја предводеше Аргентина до триумф во големото финале над Франција на пенали со 4-2 (2-2) […]

Најинтересното финале го освои Аргентина


Конечниот резултат на финалето од Светското првенство во фудбал е 3 (4) : 3 (2) за Аргентина.  Ако во првото полувреме сè изгледаше решено, финалето на Мундијалот во Катар да ѝ припадне на Аргентина, по 2:0 водство, ова финале, кои во многу нешта испиша историја, даде таква возбуда на навивачите ширум светот по многу нешта. […]

Меси нов рекордер според одиграни натпревари на светските првенства


 Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, на денешното финале на Мундијалот во Катар стана рекордер со 26 натпревари на светските првенства. Зад Меси останаа поранешните германски репрезентативци Лотар Матеус со 25 и Мирослав Клосе со 24 натпревари. Следат Италијанецот Паоло Малдини, кој одигра 23 натпревари на светските првенства и Португалецот Кристијано Роналдо (22). 

СП2022: Венгер импресиониран од Меси


Директорот на ФИФА за глобален развој Арсен Венгер рече дека е воодушевен од настапите на аргентинскиот капитен Лионел Меси на Мундијалот во Катар. „За мене е импресивно тоа што Меси повторно ја откри способноста да забрза во одреден момент. Никогаш не бил брз, но бил во состојба да знае кога треба да го смени движењето […]

Ѓоковиќ: Браво, Меси и Аргентина, но честитки и за Хрватска за одличниот турнир


  Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги пофали Меси и Аргентинците за пласманот во финалето на Светското првенство 2022, но не заборави да упати честитки и за Хрватите за високиот пласман. Најпрвин Ѓоковиќ на социјалните мрежи напиша: „Браво, Лео и Аргентина“. Потоа следуваше и коментар за хрватската репрезентација и Дејан Ловрен и Лука Модриќ: „Честитки за […]

Аргентинско танго на Меси и Алварез против Хрватска за финале на Мундијалот


  Аргентина е првиот финалист на Светското фудбалско првенство во Катар, откако вечерва во полуфиналето ја совлада Хрватска во Лусаил со 3-0 (2-0) и во борба за титулата на истиот стадион в недела ќе го чека победникот од вториот полуфинален дуел меѓу актуелниот првак Франција и Мароко. Хрватска го контролираше натпреварот во воведните 30-ина минути, […]

Меси: Подготвени сме за голем резултат во Катар


  Во Катар пристигна репрезентацијата на Аргентина, која е во серија од 36 натпревари без пораз и е меѓу главните фаворити за титулата на Светското фудбалско првенство кое почнува в недела -Доаѓаме со многу самодоверба, бидејќи оваа екипа е подготвена за голем резултат. Се надевам дека можеме да почнеме на најдобар можен начин и потоа […]

Меси ќе даде сè од себе да го освои СП во Катар


 Еден од клучните луѓе за трансферот на Лионел Меси во Барселона на почетокот на овој век Фабијан Солдини изјави оти аргентинскиот капитен ќе даде сè уште од себе да го подигне пехарот на претстојното Светско првенство во Катар. Солдини беше првиот менаџер во кариерата на Меси и еден од најодговорните за неговото доаѓање во Барселона […]

Интер Мајами заинтересиран за Меси, во клубот веруваат дека Лео ќе оди кај нив


  Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во САД. Интер Мајами е заинтересиран за трансфер на напаѓачот на ПСЖ, објави „Атлетик“. Расте довербата во МЛС клубот дека 35-годишниот ќе им се приклучи. Од сите опции Аргентинецот да ја продолжи кариерата, вклучително и продолжување на договорот со Парижаните и враќање во Барселона, опцијата за трансфер […]

Меси: Во Катар го играм последниот Мундијал во кариерата


  Катар на крајот на оваа година ќе ми биде последно Светско првенство во кариерата, најави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и аргентински капитен Лионел Меси. Од своето репрезентативно деби во 2005 година до денес, Меси одигра 164 натпревари за аргентинскиот состав и со 90 голови е прв стрелец во историјата на Гаучосите. […]

Руни го нарече Мбапе егоист: Со 23 години си дозволува да го турка Меси


  Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни го критикуваше играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе, поради неговиот вербален и физички конфликт со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси. Инцидентот се случи на натпреварот од француското првенство меѓу ПСЖ и Монпеље. Мбапе прво влезе во вербален судир со Меси, откако аргентинскиот фудбалер ја зеде […]

ПСЖ му нуди нов договор на Меси до јуни 2024


Францускиот шампион ПСЖ ќе му понуди во следните денови продолжување на договорот на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси до 30 јуни 2024 година, пренесува денеска шпанскиот спортски весник „Марка“. Меси се пресели во клубот од Париз минатата година, а има договор со ПСЖ до 30 јуни 2023 година. Извори од францускиот клуб блиски до „Марка“ тврдат дека на аргентинскиот фудбалер ќе […]

Меси ова лето нема да го напушти ПСЖ, сака да ја освои Лигата на шампионите


Франција – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси и следната сезона сака да ја игра во францускиот клуб. Аргентинскиот напаѓач не планира да го напушти ПСЖ, објави според „Мундо Депортиво“. Меси е решен до крај да го одработи договорот, кој е со важност до 2023 година. – Лионел не ја загуби желбата да успее со парижаните […]

Меси фокусиран на СП, а ПСЖ му ја дава секоја можност да се подготви


Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси е задоволен од неговата позиција во Пари Сен-Жермен. Според „L’Équipe“, Аргентинецот веќе се адаптирал во Франција. Напаѓачот е фокусиран на Светското првенство во 2022 година во декември, а ПСЖ му ја дава секоја можност да се подготви за турнирот. Како и Нејмар, и Меси не сака да го напушти […]

Меси доби дрес со автограм од папата Франциско


Ватикан – Аргентинската фудбалска ѕвезда, играч на францускиот клуб ПСЖ, Лионел Меси доби дрес со автограм од папата Франциско. Ваквиот чекор следува откако Меси му даде свој, објавија денеска во Ватикан. Меси во текот на вчерашниот ден го примил дресот од рацете на монсињор Емануел Гобилијар, помошен епископ од Лион и пратеник на Светата столица […]

Меси се враќа на теренот по прележаниот корона вирус


Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, се враќа во составот на актуелниот лидер во француското првенство за вечерашниот првенствен натпревар против Ремс, откако Аргентинецот целосно закрепна по прележаниот корона вирус. – Цела недела Меси одлично работеше. Сите сме среќни поради тоа и среќни сме бидејќи повторно ќе го имаме во составот, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино. Меси се зарази […]

Аргентина без Меси на претстојните натпревари во квалификациите за СП


Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси ќе ги пропушти следните натпревари на репрезентацијата на Аргентина. Тој нема да биде повикан во националниот тим против Чиле и Колумбија во квалификациите за Светското првенство во 2022 година, објави „TyC Sports“. Фудбалерот неодамна заболе од коронавирус и сè уште не е во оптимална состојба. По договор со стручниот […]

Меси позитивен на Ковид


Франција- Лионел Меси е еден од четирите фудбалери на Пари Сен-Жермен кои имаа позитивен тест на Ковид-19 при враќањето на тренинзи со францускиот клуб. Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино потврди дека покрај Меси, позитивни се и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала, кои нема да можат да бидат во составот против Ван во Купот […]

Рохас и Меси спортисти на годината во Јужна Америка


Аргентина– Венецуелската атлетичарка во трискок Јулимар Рохас и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се најдобри спортисти во Јужна Америка за 2021 година, одлучи во својот избор Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). Рохас (26) го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, а со скокот од 15,67 метри воедно го собори и 26 години стариот […]

Били Ајлиш, Роналдо и Меси со највеќе лајкови на Истаграм годинава


Били Ајлиш и Лионел Меси доминираат во првите 10 најлајкувани фотографии на Инстаграм во 2021 година со пет објави, додека веста за близнаците на Кристијано Роналдо го зазема првото место. Ајлиш e популарна славна личност на Инстаграм оваа година. 20-годишната пејачка има две од топ-10 најлајкувани фотографии на социјалната мрежа во 2021 година. Откривањето на […]