Меси ненадејно се врати на теренот по смртта на татко му. Каземиро: Никогаш во животот не сум го видел ова


Лионел Меси (39) ненадејно се врати на теренот по смртта на татко му во обид да го обезбеди местото на Интер Мајами во Лига Купот, но неговото присуство не беше доволно. Интер Мајами беше елиминиран од натпреварувањето по поразот од 2-3 на домашен терен од мексиканскиот тим Леон, во натпревар во кој требаше да победат […]

Меси објави прв пост по смртта на татко му: Не можам да верувам дека си заминат


Фудбалерот на Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Лионел Меси, објави прв пост по смртта на неговиот татко, Хорхе Меси. Постариот Меси почина во петок во 22 часот по локално време во болница во Росарио. Имаше 68 години. Погребот беше одржан на 9 август. – Тато, сè уште не можам да верувам дека си заминат. Не […]

Меси ќе паузира од фудбалот


Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одлучи да направи пауза од играњето по загубата на неговиот татко, Хорхе Меси, објави „DobleAmarilla“. Триесет и деветгодишниот Аргентинец ќе остане во Аргентина за да даде поддршка на неговото семејство. Неговото враќање во САД сè уште не е утврдено. Откако дозна за смртта на неговиот татко, Меси ги прекина […]

Тиаго Меси потпишува за Барселона


Славје во Каталонија. Имено Меси потпишува за Барселона, но не Лео Меси. Имено Тијаго Меси, најстариот син на Лионел, наскоро ќе се приклучи на Ла Масија и ќе ги следи стапките на својот татко. Лионел Меси е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а сè започна од Барселона. Аргентинецот пристигна во Ла Масија, […]

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид


Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти […]

Меси и Де Пол ќе пропуштат два натпревари на Интер Мајами и Ол-старот во МЛС


 Репрезентативците на Аргентина, Лионел Меси и Родриго де Пол, ќе земат пауза пред да се вратат во Интер Мајами по учеството на Светското првенство во 2026 година, објави „ESPN“. Триесет и деветгодишниот Меси ги започна сите осум натпревари на Аргентина на Светското првенство. додека 32-годишниот Де Пол играше на седум натпревари. Меѓународната федерација на професионални […]

Меси: Шпанија беше подобра


Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, ги искажа впечатоците по поразот (0:1) од Шпанија ноќеска во финалето на Светското првенство 2026. „Тажен сум, но разбирам дека дадовме сè од себе. Шпанија беше подобра, да бидам искрен. Го загубивме натпреварот и го прифаќаме тоа. Тоа не значи дека ќе заборавиме сè што направивме претходно, па […]

Финале на СП2026: Приказната зад познатата фотографија на Лионел Меси со бебето Ламин Јамал


По победата од 2-1 над Англија, бранителот на титулата Аргентина го обезбеди своето место во финалето на Светското првенство против европскиот шампион Шпанија, обезбедувајќи генерациски натпревар помеѓу Лионел Меси и Ламин Јамал. Иако финалето во недела во Њу Џерси е првпат 39-годишниот ветеран од Аргентина и 19-годишниот крилен напаѓач од Шпанија да играат еден против […]

Аргентина ја нокаутира Англија со спектакуларен пресврт и закажа финале со Шпанија, ќе гледаме дуел Меси – Јамал


Аргентина е во финалето на Светското првенство. Во драматично полуфинале во Атланта, ја победи Англија со 2:1 по голем пресврт во финалето. Англија водеше со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за титулата светски шампион со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута […]

Меси го пропушти тренингот, проблемот не е сериозен


Во пресрет на полуфиналната пресметка со Англија на Светското првенство, во таборот на Аргентина имаше краток период на загриженост откако капитенот Лионел Меси (39) го пропушти тренингот. Сепак, набрзо пристигнаа смирувачки вести од централата на актуелните светски шампиони во пресрет на мечот што ќе се одигра в среда во Атланта, кој ќе биде прв меѓусебен […]

Еве кој игра на Светското првенство вечерва: Спектаклот започнува во 23 часот, Меси игра среде ноќ


Остануваат уште два четвртфинални натпревари, а победниците од натпреварите Норвешка-Англија и Аргентина-Швајцарија ќе се сретнат во полуфиналето. Светското првенство влегува во својата последна фаза, а вечерва ќе ги дознаеме последните два полуфиналисти. Откако Франција и Шпанија веќе обезбедија голем судир, закажани се уште два четвртфинални натпревари. Првиот натпревар ќе се игра во 23:00 часот по […]

Чудото на Аргентина! Гаучосите на крилата на Меси направија неверојатен пресврт и го исфрлија Египет


Фудбалерите на Аргентина стигнаа до четвртфиналето на Светското првенство откако го победија Египет со 3:2 пред 70.000 гледачи на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, иако губеа со 2:0 до 79-тата минута. Тоа беше натпревар што ќе се памети долго време, а го одбележа Лионел Меси, кој од трагична фигура стана спасител на својата нација. Од самиот […]

Меси: Ќе играм уште неколку години


 Најдобриот аргентински фудбалер, 39-годишниот Лионел Меси откри колку долго планира да игра фудбал. Меси денес наполни 39 години. – Дали планирам да играм уште неколку години? Да, да. Ќе играм уште некое време, сè додека можам да бидам корисен, сè додека се чувствувам добро физички и им помагам на моите соиграчи… Ќе продолжам да играм, […]

Неверојатната игра на Меси. Тој постави четири нови рекорди, потврдени се и од Гинис


Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, продолжува да пишува историја на Светското првенство. Во победата на бранителот на титулата од 2-0 над Австрија во групната фаза од натпреварувањето, Меси ги постигна двата гола и со тоа постави четири нови рекорди, кои беа потврдени и од Гинисовата книга на рекорди. Аргентина ја обезбеди победата на натпреварот одигран […]

Меси постигна два гола и ја однесе Аргентина во втората рунда на Светското првенство


Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Австрија со 2-0 во второто коло од Групата Ј на Светското првенство. Лионел Меси ги постигна двата гола во 38-та и 95-та минута. Аргентина на тој начин обезбеди пласман во втората рунда од натпреварувањето, додека Австрија ќе се бори со Јордан и Алжир за најдобар можен пласман. Со овие голови, […]

Меси го надмина рекордот на Клосе и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства


Во воведниот натпревар од 2. коло во групата ј на Светското фудбалско првенство, бранителот на титулата Аргентина води по првото полувреме против Австрија со 1-0 со голот капитенот Лионел Меси, кој вечерва на стадионот АТ&Т во Арлингтон испиша историја, станувајќи најдобар стрелец на мундијалските турнири. Триесетиосумгодишниот Меси ја донесе Аргентина во водство во 38. минута, […]

Откриена причината за солзите на Меси во историскиот натпревар на Светското првенство


Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа во првиот натпревар на Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше обележана со солзи по првиот гол. Иако Меси спомена „тешки денови“ неповрзани со спортот по натпреварот, точната причина за неговите солзи не беше позната досега. Еден аргентински новинар ја откри. Аргентина, како бранител на […]

Дали на Меси му беше простен црвен картон: Жестока дебата на Интернет


Лионел Меси чудесно го отвори Светското првенство на северноамериканска почва, станувајќи првиот играч во историјата што се појавил на шест различни светски првенства. Во првото коло од Групата Ј, бранителот на титулата Аргентина го победи Алжир со 3-0, а сите голови ги постигна Меси, кој постигна гол во 17-та, 60-та и 76-та минута. Многумина на […]

Меси игра по 200-ти пат за Аргентина. Го брка Роналдо и му бега на Модриќ


Лионел Меси (38) ќе го одигра својот 200-ти натпревар за Аргентина против Алжир (3 часот наутро во среда навечер), во првиот натпревар од Светското првенство. Големиот јубилеј доаѓа речиси 21 година по неговото деби за репрезентацијата на 17 август 2005 година во пријателски натпревар против Унгарија. Потоа, како 18-годишник, влезе во второто полувреме и заработи […]

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол


Репрезентацијата на Аргентина ноќеска го победи Исланд со 3:0 во пријателски натпревар. Натпреварот се одигра на стадионот „Џордан-Хеар“ во Обрн, САД. Во 8. минута Валентин Барко го отвори резултатот. Во 72. минута, Лионел Меси реализираше пенал за да го постигне својот 117-ти гол за репрезентацијата. Меси во игра влезе од резервната клупа во 70.минута. Фудбалерот […]