Меси: На теренот сме сите еднакви


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси наведе дека на неговата репрезентација многу малку и недостасува да биде на нивото на Франција, Германија, Бразил и Шпанија. Меси со Барселона ги има освоено сите титули, но според познавачите на фудбалот му недостига трофејот од Светското првенство за легитимно да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот. – Не сметам […]

Погба: Зошто не го критикуваат Меси кога шета по теренот?


Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба е многу критикуван од навивачите во пресрет на Светското првенство во Русија. Тој на пријателскиот натпревар со Италија одигран пред неколку дена беше исвиркан од навивачите поради слабата игра. Набргу потоа во анкетата на навивачите беше заклучено дека играчот на Манчестер Јунајтед не заслужува да патува на Мундијалот. На ваквите […]

Дибала: Ќе му помогнеме на Меси да стане светски шампион


Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала е на мислење дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата и изрази радост дека ќе има можност да игра заедно со него на претстојниот Мундијал во Русија. Дибала изјави дека сите во Аргентина ќе се обидат да му помогнат на Меси во обидот да освои нешто битно во дресот […]

Меси заработил 126 милиони евра оваа сезона


Магазинот „Франс Фудбал“, објави имиња на фудбалери и фудбалски тренери кои најмногу заработиле во оваа сезона. Меѓу фудбалерите на прво место е Аргентинецот, Лионел Меси со 126 милиони евра додека кај тренерите најплатен бил Жозе Мурињо со 26 милиони евра. Меси тој износ го добил со плати во Барселона, разни бонуси и заработка од реклами. Неговиот […]

Шпанија-Аргентина 6:1, Меси не можеше да го гледа понижувањето на Аргентина


Лионел Меси предвреме си замината од натпреварот меѓу Шпанија и Аргентина, откако неговиот национален тим беше совладан со високи 6:1. Еден од најдобрите фудбалери во светот во 78-та минута ги напушти трибините на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид видно разочаран од резултатот. Тој си отиде веднаш по шестиот гол неможејќи да ја гледа немоќта на […]

Меси неизвесен за вечерашниот дуел со Шпанија


Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси може да го пропушти вечерашниот контролен натпревар на неговата репрезентација со Шпанија Меси уште еднаш почувствувал болка во бутниот мускул, повреда што не му дозволи да игра на контролниот меч пред три дена против Италија. Фудбалерот на Барселона ги издржа двата тренинга вчера, но денеска излегоа информации дека тој […]

Роналдо сака да добива едно евро повеќе од Меси


Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо продолжува да настојува за зголемување на својата плата и очекува клубот да му понуди подобрени услови во новиот договор. Португалскиот фудбалер сака неговата плата да биде повисока од онаа на Лионел Меси во Барселона, дури и да е само за едно евро, тврди „Ел Паис“. Причината за ова е […]

Меси: Веќе не ми се приоритет головите


Најдобриот аргентински фудбалер и прва ѕвезда на Барселона, Лионел Меси кој досега постигна 34 гола на сите натпреварувања оваа сезона, изјави дека не му се важни само головите, туку и асистенциите. Меси во последно време е повеќе тимски играч од порано. -Порано се обидував да ја освојам топката и да ја завршам сам акцијата. Сега […]

Барселона убедливо со 3-0 го победи Челси и се пласираше меѓу осумте најдобри во ЛШ


Барселона е последниот четвртфиналист во Лигата на шампиони, откако убедливо го победи Челси со 3-0 и со вкупни 4-1 се пласираше меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Лионел Меси беше најзаслужен за елиминацијата на „сините“, со два гола и една асистенција до Усман Дембеле. Претходно Баерн Минхен со 3-1 го победи Бешикташ и го потврди пласманот во четвртфиналето […]

Фабрегас: Ќе го натерам Меси да се чувствува непријатно


Играчот од средниот ред на Челзи, Цеск Фабрегас не е загрижен што треба да се соочи со своите поранешни соиграчи од Барселона и изјави дека тоа го мотивира уште повеќе. „Сините“ гостуваат на каталонците во реванш-дуел од 1/8-финалето на Лигата на Шампионите во среда од 20:45 часот по македонско време, откако во првиот натпревар двата […]

Меси го постигна голот број 600 во кариерата


Аргентинскиот волшебник на Барселона, Лионел Меси уште еднаш блесна во еден важен момент за својот клуб, а во исто време означи извонреден јубилеј. Меси го отвори резултатот во дербито со Атлетико Мадрид со магично извршување на директен слободен удар и го реализира својот гол број 600 во професионалниот фудбал – 539 погодоци во дресот на […]