Втора македонска туристичка берза


Повеќе од 150 туристички работници, претставници на туристички агенции, хотели, ресторани, винарии, музеи, туристички водичи, транспортери, студенти и владини претставници ќе учествуваат на Втората туристичка берза во Македонија што ќе се одржи на 21-ви на 22-ри месецов во Скопје. Во фокусот на настанот, што под слоганот „Сите сме дел од истата туристичка приказна“ го организира […]

Дожд и снег за викендот, од понеделник пад на температурите


Врнежи од дожд, а снег на планините се очекува за време на викендот, а од понеделник пад на температурите, најавува УХМР. Под влијание на влажен бран од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините […]

Заев – Јотова: Значајна година за односите меѓу Скопје и Софија


Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателката на Бугарија Илијана Јотова оценија на денешната средба во Скопје дека 2017 година била од големо значење за односите меѓу двете држави и оти следната година на ова пријателство треба да се надоврзе заедничкото членство во НАТО и отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската унија. На средбата […]

Петерле: Постигнат е напредок за доверба меѓу Атина и Скопје


Постигнат е напредок за градење доверба помеѓу Атина и Скопје, но се очекува да следат и конкретни чекори, оценува пратеникот од Европскиот парламент и претседател на Делегацијата на ЕП на Мешовитиот парламетарен комитет Македонија – Европска Унија, Алојз Петерле, во интервју за „European Western Balkans“. – За да се најде решение за спорот во врска […]

Македонија – претседавач со Енергетската заедница во 2018 година


Приштина – Македонија денеска во Приштина го презеде претседавањето со Енергетската заедница за 2018 година. На состанокот на Министерскиот совет на Енергетската заедница, македонскиот министер за економија Крешник Бекшети ги истакнал приоритетите во текот на македонското претседавање, како што се регионалната соработка во итни случаи за електрична енергија, со цел да се избегнат едностраните забрани […]

(ВИДЕО) Шекеринска за Би-Би-Си: Македонија успева да се пробива напред


Со вистинска политика и со вистинско лидерство, можете земјата да ја направите посилна. Македонија доживеа продолжена политичка криза која траеше три години, но од неа излеговме посилни и покажавме дека со вистинска политика и лидерство Македонија повторно стана позитивен балкански пример за ЕУ и НАТО, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска за Би-Би-Си. Шекеринска гостуваше […]

Заев: Го поддржуваме Косово, но и Србија ни е сосед


Со највисоки државни почести првиот човек на македонската влада, Зоран Заев, беше пречекан вчера во Приштина од страна на домаќинот, премиерот на Косово Рамуш Харадинај. Премиерот Заев, со посетата стана првиот македонски премиер кој официјално го посети Косово по неговото осамостојување во 2008 година. По средбата, Заев внимателно и умерено одговори на новинарското прашање дали […]

Македонија оддели шест милиони денари за настраданите во поплавите во Албанија


Владата на денешната седница одлучи да се одделат шест милиони денари финансиска помош и дополнителна хуманитарна помош, за настраданите во поплавите во соседна Албанија. На претходната владина седница беше разгледана информацијата од страна на Амбасадата на Македонија во Тирана за состојбите во Албанија по големите поплави. Владата тогаш ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, […]

Македонија и Косово ќе формират заедничка економска зона


Премиерот Зоран Заев, во рамки на еднодневната официјална посета на Косово, заедно со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, денеска во Приштина имаше средба со претставници на бизнис заедницата на оваа земја. Заев, како што стои во соопштението од владината прес-служба, истакнал дека се остварени инспиративни средби, особено во делот на развојот на економските врски меѓу двете […]

Реакции од Србија по посетата на Заев на Косово


Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев во Приштина за зачленувањето на Косово во УНЕСКО, изјави дека „македонскиот премиер Зоран Заев не го одржал зборот“. -Како што претходно со месеци најавуваше претседателот Александар Вучиќ, македонскиот премиер не го одржат својот збор. Иако јавно даде ветување дека ќе биде […]

Нова демократија бара објаснување од Ципрас за изјавата за Македонија


Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија денеска побара од премиерот Алексис Ципрас да ја објасни неговата изјава дадена во Белград во врска со прашањето за името на Македонија. Портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки, побара од Ципрас да каже дали се уште важи општоприфатената национална позиција формирана на Самитот на НАТО во Букурешт 2008 година […]

Заедничка седница на владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Поградец


Владите на Република Македонија и на Република Албанија ќе одржат заедничка меѓувладина седница на 15 декември во албанскиот град Поградец. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, ќе се разговара на повеќе теми, со цел да се унапреди заемната билатерална активност и политичкиот дијалог за зајакнување на соработката во сите сфери. Со оглед на меѓусебните […]

Македонија меѓу 10-те земји со најниски плати во Европа


Македонија е меѓу десете земји со најниски плати во Европа, покажува истражувањето на Украинскиот аналитички центар. На прво место на листата е Украина, каде платите се работниците се движат околу 190 евра и се најниски во Европа. Меѓу десетте земји со најмали примања се и Србија, Белорусија и Албанија. Украинските стручњаци составиле листа на најсиромашни […]

Вторник денот „Д“ за одмрзнување на преговорите


По тригодишна пауза, посредникот на ОН во разговорите за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во вторник претпладне во Брисел ќе има формална средба со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Наумовски, кој првпат ќе биде придружуван од Александра Миовска, дипломатка од МНР, утре патува за Брисел каде што […]

Скопје и Атина се оптимисти: Нова средба на преговарачите за името


Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, во понеделник и вторник во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на […]

Подобник: Ситуацијата во Македонија е ветувачка, Бугарија мора да ја поддржи на патот кон ЕУ


Како претседавач со Советот на Европската Унија, Бугарија мора да даде нов импулс за европската интеграција на Западен Балкан. Ова го вели во интервју за БГНЕС, Јанез Подобник, поранешен претседател на словенечкиот парламент и министер за финансии на Словенија. Тој во моментов е исто така авторитативен политички консултант за меѓународни односи. „Многу сум задоволен што […]

Хојт Ји вели дека нема да биде амбасадор на САД во Македонија?


Многу сум горд што сум заменик помошник државен секретар на САД и задоволен сум од својата работа. Драго ми е што можам да речам дека се уште ќе бидам тука, одговори Хојт Ји во ексклузивното интервју за телевизијата Н1 на прашањето дали ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија. Тој додава дека американските интереси […]

Светска банка со нова поддршка за Македонија од 135 милиони долари


Светска банка во рамки на Стретијата за партнерство со Македонија за период 2015-2018 година во наредниот период планира да обезбеди околу 135 милиони долари во нови кредити кои ќе бидат насочени кон управувањето со јавните финансии и реформи во социјалните услуги, како и инвестиции во областа на енергетската ефикасност. Од Светска банка информираат дека вкупното […]

ЕП во кратко пливање: Четворица Македонци меѓу 700. во Копенхаген


Ана Јаневска, Миа Крстевска, Љупчо Ангеловски и Давор Петровски ќе бидат четворицата македонски репрезенти на Европското првенство во кратко пливање што од 13 до 17 декември ќе се одржи во „Кралска арена“ во Копенхаген. Во данскиот главен град ќе отпатуваат без императив за медал туку со единствено очекување – да испливаат најдобри лични времиња и […]

Македонија меѓу носителите во Лигата на нации


За првото издание на Лигата на нации, УЕФА ги потврди шеширите и фудбалската репрезентација на Македонија е во групата на носители. Ова беше и најавено, па така нашата селекција на жрепката ќе добие противници кои ќе бидат послабо рангирани на ФИФА листата. Македонија ќе биде во првиот шешир со селекциите на: Азербејџан, Белорусија и Грузија, […]