„Елефтерос типос“: Се зголемуваат меѓународните притисоци за решавање на името


По последните внатрешно – политички случувања во Грција, обвинувањата на релација власт -опозиција и јазот меѓу коалициските партнери во Владата поради прашањето со името, изминатите неколку дена Македонија е една од главните теми во грчките медиуми. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, неделното издание на весникот „Елефтерос типос“ на три страници ги анализира […]

Ердоган ќе отвори претставништво во Македонија


Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ќе отвори свои претставништва во Македонија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Германија, Русија, САД и Франција, најави партискиот потпретседател задолжен за надворешни работи Мехди Екер во интервју за агенцијата Анадолија. Екер наведува дека со Статутот на АКП е предвидено формирање […]

Јадран филм: Се е чисто околу „Македонија“


Јадран филм во врска со пријавата од Управата за финансиска полиција во соопштение до јавноста наведува дека Агенцијата за филм на Управата за финансиска полиција дала погрешни и лажни податоци. – Агенцијата не го пресметала вкупниот износ за продукцијата на серијата туку износот од 80 отсто од средствата намален за средствата кои се одземени од […]

Ракометарите од денеска во комплетен состав: Агендата на Раул како устав на подготовките


Македонската ракометна репрезентација, конечно, се комплетира на подготовките за Европското првенство во Хрватска. Во базата се приклучија и Филип Миркуловски и Филип Талески, па селекторот Раул Гонзалез ќе може без никакви пречки да почне со реализација на зацртаната агенда до првиот настап во арената во Загреб. Фокусот во воведните денови е ставен на физикусот за […]

Македонија со најниска просечна плата во регионот


Словенија има највисока просечна плата во регионот, а најниска Македонија. Просечната плата во Словенија во октомври годинава во Словенија изнесува 1.056,47 евра, додека во Македонија 381,90 евра, објави Анадолија. Во Хрватска просечната плата изнесувала 795,53 евра, Црна Гора 511 евра, Босна и Херцеговина 436 евра, Србија 396,29 евра. Во текот на 2017 година најголем раст […]

Каменос против решение на спорот кое ќе го содржи зборот „Македонија“


Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој е и лидер на АНЕЛ, главниот коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, денеска го повтори својот став дека се противи на решение на спорот за името кое ќе го содржи зборот Македонија и нема да поддржи евентуално такво решение во грчкиот Парламент. – Нашата позиција останува да […]

Дачиќ: Не удираат по глава што ја признавме Македонија под уставно име


Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ синоќа изјави дека во Македонија владее мислење дека Србија работи против таа држава без разлика што тоа е негирано повеќепати. – Не предупредуваат од ЕУ бидејќи го користиме терминот Република Македонија. Имаме проблеми во преговорите со ЕУ…Велат – мора ПЈРМ. Не удираат по глава што ја признавме Македонија под […]

Македонија со пад од 28 места на листата на „Форбс“ за водење бизнис


Македонија е рангирана на 63 место во светот на листата на најдобри земји за водере на бизнис која ја објавува американското списание Форбс. Тоа е пад од 28 позиции споредено со ланското рангирање каде што Македонија се наоѓаше на 35 позиција во светот. Американскиот магазин мери 15 различни сегменти на развој на бизнисот, вклучувајќи ги […]

Заев: Следните шест месеци се одлични за решавање на името


Премиерот Зоран Заев вели дека се уште нема суштински разговори за прашањето за името, но оти има решителност за решевање на овој проблем за што, според него, одличен период е првото полугодие на следната година. При престојот во Прилеп, коментирајќи ја неодамнешната изјава на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев за прашањето за името, Заев […]

Ракометно ЕП 2018: Со Македонија во загрепска арена од 110 до 175 евра


Од 110 евра до 175 евра чини блок влезници за мечевите на ракометната репрезентација на Македонија во групната фаза на Европското првенство во Хрватска. Разликата во цена е во зависност од местоположбата на трибините во загрепска арена пришто најниската се однесува на поглед зад головите. Понудата е кај дел од овдешните туристички агенции, но има […]

Договорот со Бугарија влезе во парламентот


Предлогот за ратификација на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија влезе во процедура во македонското Собрание. Овој Договор, што го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов е една од точките на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика. Конечната ратификација на Договорот треба да ја одобри наскоро и собранискиот […]

Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира


Машката ракометна репрезентација на Македонија полека почнува да се комплетира. На денешниот тренинг во СЦ „Јане Садански“ беа присутни 13 ракометари, кои ги започнаа подготовките за Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска. Комплетирањето на тимот се очекува во понеделник, за кога е закажана и првата прозивка на селекторот Раул Гонзалес. Откако […]

ФИФА ранг листа: Македонија ја почна 2017 година како 162. а ја завршува како 76.


Македонија ја има репрезентацијата со најголем скок на годишно ниво на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). „Рисовите“ во 2017 година влегоа како 162. во светот, а од неа излегуваат на 76. позиција. Напредокот од 86 места не остана незабележан и од самата ФИФА која ги потенцира „црвено-жолтите“ како тим со најмногу прогрес од сите […]

И Македонија против одлуката на САД за Ерусалим


Македонија е меѓу 128 земји кои гласаа „за“ Резолуцијата со која се повикуваат САД да го повлечат признавањето на Ерусалим за главен град на Израел. „Против“ беа 9 земји, а 35 не гласаа. Од 28 земји од Европската унија, 22 ја поддржаа Резолуцијата, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија. Американската амбасадорка во ОН, Ники […]

Македонија како 76-та на ФИФА листата ја завршува годината


Македонската фудбалска репрезентација е без промена на пласманот на најновата ранг листа објавена денеска од страна на ФИФА. „Црвено-жолтите“ 2017 година ја завршуваат на 76. место. Нема промени ниту во Топ 10. Германија и натаму е лидер, пред Бразил и Португалија. Во првите десет уште се: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле. Најголем […]

Утре календарски почнува зимата


Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата календарски ќе почне утре во 17 часот и 28 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот […]

Коѕиас: Мора да најдеме компромис за името


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека спорот за името мора да се реши со компромис. – Она што ни е потребно е ПЈРМ да покаже култура на консензус и компромис што значи дека ниту ние ниту тие ќе добијат се. Мора да најдеме компромис […]

Македонија доби неповратни 2,5 милиони евра од Кина


Македонија доби неповратни финансиски средства во висина од околу 2,5 милиони евра од Народна Република Кина за реализација на проекти за потребите на македонските граѓани. Годишниот договор за економска и техничка соработка меѓу двете држави беше потпишан денеска во Скопје од страна на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорката на Народна Република Кина, […]

Македонија освои прво место на латино шоу во Грција


Со злато и бронза се враќаат македонските натпреварувачи од светското првенство во латино шоу, што викендов се одржа во Атина. Седум девојчиња од танцовото студио „Eat the beat “ со кореографијата „Седумте џуџиња“ беа најдобри во нивната категорија. Го освоија првото место, станаа светски шампиони, а на Македонија и донесоа злато и пехар. Искачувањето на […]

Оптимизам по првата рунда преговори за името


По тригодишен застој во вторникот во Брисел се одржаа разговори меѓу медијаторот на ОН Метју Нимиц и претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, во обид да се најде решение за прашањето за името на Македонија. Нимиц по разговорите излезе со став дека прашањето треба да се реши во 2018 година, […]