Познати номинациите за „Спортист на Македонија за 2017“


Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, ја објави листата на кандидати за годинашното издание на спортската манифестација „Избор на спортисти 2017“, која ќе одржи по 63-ти пат. Во конкуренција за признанието Спортист на годината 2017 во Република Македонија (мажи) се петмина и тоа: ракометарот Стојанче Стоилов кој со екипата на Вардар […]

Австрија, Германија и Сент Винсент и Гренадини најголеми инвеститори во Македонија


Австрија, Германија и карипскиот остров Сент Винсент и Гренадини се земјите од кои има најголем прилив на директни странски инвестиции во првите девет месеци годинава. Во исто време, пак, рекордни суми пари се одлеале во Обединетото Кралство и во САД. Народната банка на Македонија објави катастрофални податоци за приливот на странски капитал во првите три […]

Коѕијас: Мора да се најде компромис за прашањето за името


Мора да се најде компромис за прашањето за името за да се отвори патот на Поранешна Југословенска Република Македонија  кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за весникот „Етнос“. – Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат […]

Македонија и Албанија на заедничка владина седница на 15 декември


Владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Поградец ќе одржат заедничка седница. Претставниците на Владите на двете држави, како што се наведува во соопштението на македонската Влада, го договориле датумот и местото на одржување на заедничката седница. Повеќе теми е предвидено да бидат разгледани на седницата во Подградец, а во фокусот ќе биде […]

Догодина се укинува роамингот меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ


Во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија од следната година цените на услугите во роаминг ќе бидат изедначени со домашните. Агенциите за електронски комуникации на четирите земји имаат доставено нацрт договор до ресорните министерства за цените во роамингот во овие земји да се усогласат со цените во ЕУ. Регулаторите, како што пишува црнорска […]

Од следниот март заедничко царинење со Србија на преминот Табановце


Македонија и Србија од март следната година ќе воспостават заедничко царинење на граничниот премин Табановце. Ова беше најавено денеска на почетокот на неформалниот состанок на претставници на царинските служби од Западен Балкан што се одржува во Скопје, а на кој ќе се разгледуваат моделите и можностите за поврзување на земјите и забрзување на царинските постапки, […]

Хојт Ји ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија


Хојт Ји ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија следната година, на местото на Џес Бејли, јавува „Ал Џезира Балканс“. Информацијата ја потврдил Стеј департментот за дописникот на „Ал Џезира Балканс“ од Вашингтон. Медиумите неколку пати пишуваа дека Хојт Ји ќе биде наследник на Џес Бејли, но амбасадата на САД во Македонија, ниту ги […]

Ракомет: Македонија на „Трофеј Карпати“, прв противник Бразил


Женската ракометна репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе учествува на традиционалниот „Трофеј Карпати“ во Романија. Покрај избраничките на селекторот Симе Симовски и домашната селекција, на турнирот ќе настапат и Полска и Бразил кои, пак, од 1 до 17 декември ќе бидат дел и од Светското првенство во Германија. Прв ривал на Македонија, попладнево […]

Македонските кошаркари подобри од словачките во претквалификациите за ЕП 2021


Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги започна претквалификациите за ЕП 2021. На гостувањето во Словачка, избраниците на Јорданчо Давитков ја совладаа домашната селекција со 74:66 (23:22, 21:8, 15:13, 15:23). По израмнетата прва четвртина, „црвено-жолтите“ ја затегнаа играта во одбрана, примија само осум поени и на полувреме заминаа со убедливи 44:30. Предноста по 30 минути беше […]

Македонија и Бугарија заеднички ќе ги зголемуваат туристичките посети


Македонија и Бугарија денеска во Струмица потпишаа Договор за соработка во туризмот. Документот, што го парафираа бугарскиот министер за туризам Николина Ангелкова и македонскиот заменик-министер за економија Кире Наумов, меѓу другото, предвидува интензивна соработка во туризмот, зголемување на меѓусебните туристички посети и заедничко учество на туристички саеми. Скопје и Софија ќе соработуваат и во заедничко […]

Ќе се намалат цените во роаминг меѓу Македонија и Бугарија


Македонија и Бугарија денеска со меморандум ја официјализираа најавата за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги. Меморандумот го потпишаа македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и бугарскиот министер за транспорт и информатички технологии, Ивајло Московски, во тек на денешната заедничка седница на владите на двете држави што се одржа […]

Грција ја стави Македонија на даночна „црна листа“


Грчкото Министерство за финансии објави „црна листа на даночни раеви“, земји кои во 2016 година се сметаат дека не соработувале во даночната област, меѓу кои се и Македонија, Бугарија и Кипар. Грчките медиуми јавуваат дека речиси сите договори склучени со фирми и физички лица од Македонија се подложни на даночна ревизија. Тоа значи дека трансакциите […]

ФИФА ранг листа: Нов скок на Македонија за девет позиции


Македонската фудбалска репрезентација бележи нов напредок на ФИФА рејтинг листата. На ноемвриското рангирање објавено денеска од страна на Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76 место што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец. Прогресот на македонската репрезентација се должи на победата над Норвешка во пријателскиот дуел во Скопје (2:0). На […]

Ќе се укине роамингот меѓу Македонија и Бугарија


Ќе се укине роамингот меѓу Македонија и Бугарија. Со утрешното потпишување на Меморандумот за разбирање, Регулаторните тела ќе ја започнат процедурата за пад на цените на разговорите кога Mакедонците патуваат во Бугарија и обратно. Првиот човек на АЕК вели, многу скоро, а а можно е и до крајот на годината, цените драстично да се намалат, […]

ММФ бара од Македонија намалување на буџетскиот дефицит


Формирањето на новата влада претставува значајна пресвртна точка и можност за повторно заживување на реформите и поставување на макроекономските политки на здрави основи. Ова е констатирано од Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд по завршување на редовните годишни консултации со Македонија во рамки на таканаречениот Член 4 извештај, кој ММФ го објави денеска. Како резултат […]

Груевски се сретна со Мета: Од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување


Македонско албанските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на Република Македонија беа главната тема на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со претседателот на Албанија, Илир Мета, на која присуствуваа и генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет, Александар Николоски. Како што информираат од партијата соговорниците ги реафирмирале заложбите […]

Кошарка: Македонската репрезентација почна со подготовки за претквалификациите за ЕП 2021


Кошаркарската репрезентација на Македонија почна со подготовки за претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. На првиот тренинг се појавија 15 играчи: Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Крстевски, Ненад Димитриевиќ, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски. Искусните Ѓорѓи Чековски и […]

Сервер: Трамп итно да постапи и да го зачува мирот на Балканот


„Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба итно да постапи за да го зачува мирот и стабилноста на Балканот“, пишува американскиот аналитичар Даниел Сервер во најновото издание на списанието на Советот за меѓународни односи. Во текстот, кој го пренесува „Гласот на Америка“, се наведува дека долгогодишниот експерт за Југоисточна Европа ги изнесува опциите за решавање […]

Средба на Нимиц со преговарачите на 11 и 12 декември во Брисел


Медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц ќе се сретне со преговарачите на Грција и Македонија на 11 и 12 декември во Брисел, соопшти вечерва портаролот на Генералниот секретар на Обединетите Нации. Оваа средба од процесот за наоѓање заедничко прифатливо решение на спорот со името претходно беше најавена за 20 ноември, но беше одложена од технички […]

Индекс на дарежливост: Колку се дарежливи Македонците


Македонија се наоѓа на 64. место според Индексот за дарежливост и на второ место според остварениот скок во таа област во 2016 во однос на 2015 година. Поголем скок од неа, остварила само Босна и Херцеговина. Во студијата за дарежливост, со која се опфатени 140 држави, предвид се земени три категории: подготвеност да се помогне […]