Работнички ја продолжи победничката серија, сега над МЗТ


Работнички ја забележа вечерва 19 победа од почетокот на сезоната во кошаркарската Прва лига, совладувајќи го шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Победата над лутиот ривал Работнички ја извојува во празната сала „Градски парк“, по синоќешните инциденти на дербито кое почна вчера, а беше прекинато по недоличното однесување на двете навивачки групи. Натпреварот вечерва продолжи со резултат […]

Работнички прв финалист во Купот на Македонија


Работнички е првиот финалист на завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка, откако во вечерашното полуфинале го совлада Куманово со 77:68. Нашиот најтрофеен кошаркарски тим наиде на силен отпор од мотивираната кумановска екипа, која беше рамноправен противник. Избраниците на Марин Докузовски имаа контролата во поголемиот дел од натпреварот. Но, во вториот дел покажаа пад […]

Летечкиот „Грик Фрик“: Антетокумпо преку Хардавеј за забивање на годината (ВИДЕО)


Лидерот на Милвоки, Јанис Антетокумпо на натпреварот против Њујорк Никс имаше спектакуларно забивање, кое Американците веќе го нарекоа „забивање на годината“. „Грик Фрик“ како што го нарекуваат Американците во контранапад по додавањето од Крис Мидлтон го прескокна Тим Хардавеј јуниор и ја заби топката во кошот. 211-сантиметри високиот Грк го заврши мечот со 23 поени, […]

АБА лига: МЗТ Скопје не бега од фенерот, но дали и од втора лига?


Ако помисливте дека МЗТ Скопје Аеродром не може подолу од 13., претпоследно, место во АБА лигата се излажавте. Актуелниот македонски кошаркарски првак ја игра најслабата сезона во регионалното натпреварување. На четири кола до крајот на регуларниот дел е убедливо последен на табелата со само три победи и 15 порази и без оптимизам за препуштање на […]

Антиќ му подари дрес на премиерот


Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ при што доби дрес од Фенербахче, со кој во мај годинава стана европски шампион. „Кошарката во Македонија ќе оди напред. Му благодарам на Антиќ што препознава дека спортот го враќаме на спортските работници и среќен сум што се создаваат можности тој да помогне […]

Перо и Јелена Антиќ прогласени за најдобри во мак-баскетот за 2017 година


Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на свеченоста одржана вечерва во Скопје ги прогласи најдобрите во мак-баскетот за 2017 година. Откако спортските редакции во медиумите, тренерите, судиите и клубовите во Република Македонија ги дадоа своите гласови, МКФ направи сублимат со што беа избрани најдобрите за 2017-та во повеќе категории. Перо Антиќ кај мажите и Јелена Антиќ кај […]

Ветено-сторено: Антиќ донираше за Гешовски


Перо Антиќ го исполни ветувањето и донираше средства за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје и Работнички Стеван Гешовски – Гешо, кому му се е потребна помош за лекување во Русија. Откако преку соопштение КК Гостивар најави дека нивниот претседател Перо Антиќ ќе ја покрие сумата од 8.000 евра која недостасуваше Гешовски да замине на лекување, […]

Продолжува црната серија на МЗТ Скопје во АБА лигата


Екипата на МЗТ Скопје Аеродром запиша уште еден пораз, шести по ред во регионалната кошаркарска АБА лига. Вечерва „штрковите“ загубија на гостувањето кај Цедевита со 77:65. Решавачката разлика домаќините ја направија во финишот на првата четвртина (20:3) за позитива од 16 поени (24:8). Тоа како да ги освести „сино-белите“ кои заиграа подобро, па намалија на […]

Кошаркарска Евролига: Олимпијакос нов лидер


Кошаркарите на Олимпијакос се нови лидери во Евролигата. „Црвено-белите“ од Пиреја, по тесниот триумф кај Милано со 87:86, се пробија до првото место на кое ќе останат барем до вечерва со оглед дека ЦСКА Москва од 20,45 часот гостува во Малага на тимот на Уникаха. Победа на гости во рамки на деветтото коло оствари и […]

Македонските кошаркари подобри од словачките во претквалификациите за ЕП 2021


Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги започна претквалификациите за ЕП 2021. На гостувањето во Словачка, избраниците на Јорданчо Давитков ја совладаа домашната селекција со 74:66 (23:22, 21:8, 15:13, 15:23). По израмнетата прва четвртина, „црвено-жолтите“ ја затегнаа играта во одбрана, примија само осум поени и на полувреме заминаа со убедливи 44:30. Предноста по 30 минути беше […]

МЗТ Скопје Аеродром со свој тим и во јуниорската АБА лига


Регионалната АБА лига објави дека утре стартува и најавеното натпреварување во јуниорска конкуренција. Меѓу тимовите за кошаркари до 19 години што ќе бидат поделени во две групи и на МЗТ Скопје Аеродром. Во групата А во Белград, покрај јуниорите на аеродромци, ќе играат уште Црвена звезда, Цибона, Мега Бемакс и Морнар, а групата Б, во […]

НБА лига: Крај на победничката низа на Бостон


Мајами е екипата што му застана на победничкиот пат на Бостон Селтикс. „Жешките“ ноќеска на свој терен ги совладаа селтикси со 104:98. Клучната предност Мајами ја оствари уште во првата четвртина која заврши 27:16. Словенецот Горан Драгич со 27 поени, четири асистенции и пет скока беше најзаслужниот за триумфот на Мајами. Во поразениот состав се […]

Кошарка: Македонската репрезентација почна со подготовки за претквалификациите за ЕП 2021


Кошаркарската репрезентација на Македонија почна со подготовки за претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. На првиот тренинг се појавија 15 играчи: Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Крстевски, Ненад Димитриевиќ, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски. Искусните Ѓорѓи Чековски и […]

НБА лига: Атланта го декласира Сакраменто со 46 коша разлика


Сакраменто го доживеа најубедливиот пораз во историјата на франшизата во НБА лигата. Атланта ги совлада „кралевите“ со неверојатни 46 коша разлика (126:80) што, пак, е за два поена повеќе од досегашниот рекорд на „јастребите“ кои во 1965 година го декласираа Балтимор со 141:97, а со истиот резултат и Детроит во 1994 година. Прво лице на […]

Бостон ја нанижа 13. победа во НБА лигата


Кошаркарите на Бостон ја прославија и 13. победа во низа во НБА лигата. Селтикси овојпат славеа на гостувањето кај Бруклин со 109:102. Нивни предводник беше Кајри Ирвинг со 25 поени, дабл-дабл ефект (21 поен/10 скока) постигна Маркус Морис. Прв стрелец во поразената екипа беше Џо Херис со 19 коша. Торонто го доби шутерското шоу со […]