Џинобили номиниран за член на Куќата на славни


САД– Аргентинскиот кошаркар Ману Џинобили (44) е меѓу номинираните играчи за влез во кошаркарската Куќа на славните во 2022 година. Џинобили настапуваше за Сан Антонио од 2002 до 2018 година и со „Спарси“ освои четири НБА титули (2003, 2005, 2007, 2014). Исто така, беше клучен играч во аргентинската репрезентација, која на Игрите 2004 во Атина го освои олимпиското злато. […]

Почина Бранко Кацарски, поранешен кошаркар на Работнички


Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Нè напушти Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје, објави КФСМ на својата веб-страница. Популарниот „Кацар“ ќе остане запаметен како дел од славниот тим на популарните „железничари“ од „Градски парк“ во кој беа уште други големи имиња […]

Легендата на сплитска Југопластика, Горан Собин, почина од срцев удар


Горан Собин, легендарниот кошаркар на сплитска Југопластика со која во годините пред распадот на поранешна СФР Југославија освои две европски титули, почина ненадејно на 59-годишна возраст од срцев удар. – Неочекувано нè напушти нашиот легендарен центар Горан Собин. Роден на 3 септември 1953 година, Горан беше еден од камен темелниците во најголемите денови на Југопластика […]

МЗТ Скопје падна во Гостивар, Работнички победнички во Куманово


Во македонската Прва лига за кошаркари вечерва се комплетира третото коло по кое само најтрофејниот клуб Работнички има максимален ефект. До третата победа тимот од „Градски парк“ додје во триумфот над Куманово во драматичен натпревар. Прв пораз сезонава забележа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој беше совладан во дербито во Гостивар. Резултати: Куманово – Работнички […]

Аеродромци сакаат титули дома, но и влез во елитата на Јадранот


МЗТ Скопје против Слобода од Тузла ја отвора сезоната во кошаркарската АБА2 лига. Откако лани несреќно загубија од Задар и не успеаја да се пласираат во најелитното клупско регионално натпреварување, аеродромци ќе се обидат годинава да ја освојат второлигашката конкуренција. Сепак, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Свесни се за тоа […]

Аргентина сопрена во финалето, Шпанија нов светски првак


Шпанија одржа вистинска кошаркарска лекција и ја совлада Аргентина со 95-75 (23:14, 20:17; 23:16, 29:28) по што триумфира со светската титула по втор пат во својата историја. Кошаркарите на Серџо Скариоло ја одиграа финалната средба во Пекинг на совршен начин, исполнувајќи го на најдобар начин тактички план на нивниот италијански селектор и заслужено повторно го […]

Франција ја заби Америка: Десет разлика за полуфинале со Аргентина


Франција ги елиминираа САД од четврфиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина. „Триколорите“ славеа со 89-79, со што обезбедија меч против Аргентина во полуфиналето од шампионатот. За некого сензација, за други не, Франција водеше во текот на целиот меч со американскиот состав, кој беше наполнет со НБА-играчи, но далеку од најдобрите и најголемите ѕвезди, поради […]

МЗТ Скопје Аеродром со два тима во Првата лига


МЗТ Скопје Аеродром ќе има два тима во наредната натпреварувачка сезона во Првата лига во машка сениорска конкуренција откако второлигашкиот состав се избори за пласман во елитната конкуренција. Вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром, предводена од Горан Крстевски, се надигруваше против Академија ФМП во финалната серија од Втората лига. Првиот натпревар, одигран пред четири дена […]

„Мајсторка“ во Задар: Домашните тврдат влегле во форма, МЗТ не верува


Кошаркарите на МТЗ Скопје утре од 17 часот во Задар го играат решавачкиот меч за пласман во првата АБА-лига. Резултатот од финалната серија е 1-1 и ќе одлучува „мајсторката“ во салата „Крешимир Чосиќ“. Двете екипи досега не ја искористија предноста од домашниот терен, па тоа можеби е шанса за македонскиот вицешампион да стигне до толку […]

Антиќ ќе го враќа сјајот на македонската кошарка


Кандидатот за претседател на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ денеска ја претстави својата програма доколку го добие мандатот на претстојното Изборно собрание. Поранешниот македонски репрезентативец вети враќање на клупската и репрезентативна македонска кошарка на старите патеки. Од обемната презентација може да се заклучи дека приоритети на Антиќ доколку стане претседател на МКФ ќе бидат финансиски […]

Работнички и МЗТ убедливи, Гостивар изби на третото место


Со натпреварот меѓу домаќинот Гостивар и Куманово вечерва се комплетира второто коло од кошаркарската Супер-лига. Водечкиот тандем и најголеми фаворити за трофејот, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром постигнаа убедливи победи, додека Гостивар во драматичен дуел го победи Куманово и се искачи на третото место на табелата. Постигнати резултати: Работнички – Кожув 88:56 МЗТ Скопје Аеродром […]

АБА2 финале: МЗТ мора да победи за да остане во игра


Вкупно 45 поени негатива (95-72 и 93-71) донесоа во Скопје кошаркарите на МЗТ Скопје по двата финални натпревари од втората АБА-лига против Приморска во Копер. Словенците изненадувачки лесно се справија со македонскиот вицешампион и поведоа со 2-0 во серијата до три победи што значи дека само уште еден триумф им недостига да ја освојат лигата […]

Кошаркарите на Гостивар го совладаа Кожув


Тимот на Гостивар го совлада Кожув со 70:69 во најнеизвесниот натпревар на стартот од новата сезона во Првата кошаркарска лига. Во меч со многу резултатски осцилации, гостите од Гевелија беа подобри во првите две четвртини, а во третиот период домаќините успеаа да израмнат. Клучна за победата на кошаркарите на Гостивар беше последната четвртина, која ја […]

На Косово да му вратиме за лани


Спортските обложувалници ја сметаат македонската репрезентација за убедлив фаворит во денешното гостување во Приштина на стартот од втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година. За победа на Македонија е изложен коефициент од 1.45, а за домаќинот речиси двојно. Но, така беше и лани во август при минатите претквалификации, па Косово забележа изненадувачка победа […]

Тага во Словенија: Секси „змајчиците“ се пензионираат


Утревечер во Арената „Стожице“ во Љубљана, словенечките кошаркари Сани Бечировиќ и Боштјан Нахбар ќе го одиграат прошталниот меч во спекатклот со име „Кошаркарска симфонија“. Ќе присуствуваат големи играчи како Белинели, Јасикевичиус, Радуљица, Планиниж, Никола Вујчиќ и тренерите Саша Ѓорѓевиќ, Жељко Обрадовиќ, Јуре Здовц… Но, тоа нема да само збогување на двајца играчи. Последен пат ќе […]

По девет години, титулата се врати во „Градски парк“


Работнички е новиот шампион на Македонија, откако и во третиот натпревар од финалната серија го совлада МЗТ Скопје со 87:84. Работнички во првото полувреме не ја искористи предноста на домашниот терен во „Градски парк“ и МЗТ Скопје ја имаше иницијативата на теренот, што пак се одрази резултатски. Гостите од Аеродром имаа водство во текот на […]

Кошаркарска суперлига: Работнички го преслуша Куманово, МЗТ Скопје се реваншира на Гостивар


Лидерот Работнички и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром забележаа победи во 8. коло од кошаркарската Супер лига. Работнички во „Градски парк“ го победи Куманово со 109:76 и му се реваншира за единствениот пораз доживеан досега сезонава во македонското првенство. Шампионот МЗТ Скопје не дозволи по втор пат да биде изненаден од Гостивар на гостувањето во […]

Реал против ЦСКА во Белград


Екипите на Реал Мадрид и ЦСКА Москва ка комплетираа „четворката“ која ќе игра на завршниот турнир од кошаркарската Евролига, откако синоќа во драматични натпревари беа поуспешни од своите ривали во четвртфиналето. Реал на домашен терен го совлада Панатинаикос со 89:82 за вкупно 3-1 во серијата. Гостите од Атина се вратија резултатски од големата негатива (22 […]

Србиновски суспендиран и парично казнет за инцидентите во Гостивар


Тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски, е суспендиран на два натпревари и доби парични казни во вкупна вредност од 88 илјади денари поради инцидентите на натпреварот против Блокотехна во првото коло од Суперлигата. Од Македонската кошаркарска федерација (МКФ) наведуваат дека на натпреварот во Гостивар поради втора техничка грешка и крајно некоректно однесување на мечот, Србиновски бил […]

Синовец се врати во МЗТ Скопје, си замина Мајсторовиќ


Српскиот интернационалец Стефан Синовец од денеска е нов член на МЗТ Скопје што претставува негово четврто враќање во клубот од Аеродром. Тој претходно настапуваше во сезоните 2013/14, 2014/15 и 2016/17. Синовец најавува дека ќе стори се да дојде до четвртата шампионска титула со „сино-белите“. Неговиот договор е до крајот на сезоната, а тој доаѓа од […]