Кошаркарите максимално се подготвуваат за дуелот со Ирска


Македонската машка кошаркарска репрезентација влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, од чии исходи ќе зависи конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на […]

Француски клуб се повлекува од Евролигата, претседателот вели дека не им се исплаќа да играат таму


Францускиот кошаркарски клуб Бург беше една од најубавите кошаркарски приказни во Европа минатата сезона, во која успеа да ја освои титулата во Еврокупот. Така, Бург освои и место во Евролигата следната сезона, но претседателот на клубот, Жилиен Дезбот, во неодамнешните интервјуа објави дека Бург нема да игра во елитното натпреварување. Конечната потврда дојде со денешното […]

Македонските кошаркари со дуелот против Луксембург ги продолжуваат натпреварите за Евробаскетот 2029


Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги продолжува натпреварите за Евробаскет 2029, а нов противник е селекцијата на Луксембург. Ова воедно е почеток за новиот селектор на клупата на македонската репрезентација Шпанецот Жозеп Мариа Берокал. Ова е дуел од третото коло од групата А, а македонскиот состав има две победи во првите две кола против Азербејџан (дома) […]

Берокал нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација


Управниот одбор на Кошаркарската Федерацијата донесе одлука за именување на Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. […]

Селекторот на кошаркарската репрезентација Марјан Илиевски поднесе оставка


Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеска оставка на должноста која Управниот одбор на Кошаркарската федерација (КФСМ) експресно ја прифати. „Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во […]

Кошаркарската федерација на 21 декември ќе организира „All star“ натпревари


Кошаркарската федерација на Македонија на 21. декември (недела) ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Планирани се три натпревари: натпревар за македонските надежи (М20) – „Ѕвезди во подем“; женски сениорски All Star натпревар и машки сениорски All Star натпревар. Во двата […]

22. издание на „Европската кошаркарска недела“ на Специјална Олимпијада вo сабота во СРЦ „Кале“


Специјална олимпијада Северна Македонија и Кошаркарска федерација на Македонија го организираат 22. издание на Европската кошаркарска недела. По овој повод, на 29 ноември 2025 година (сабота), со почеток од 9 часот со регистрација на учесници и официјален почеток од 10 часот, во големата сала во Спортско-рекреативниот центар „Кале“, ќе се одржи настан кој преку кошарката […]

Стојан Ѓуроски пред дуелот со Азербејџан: „Ние одиме на победа, без разлика кој е на другата страна“


Сениорската репрезентација на Македонија во кошарка денеска го додржа првиот тренинг во периодот на мини-подготовките за настап во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.   Ги „прескокна“ претквалификациите за Светскиот Куп, но од денеска му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски на првиот тренинг пред она што е наредно на ред за нашиот сениорски […]

Србија ќе има нов кошаркарски селектор?


Поразот во осминафиналето на Евробаскет 2025 од Финска за Србија можеби ќе значи и нов селектор. Светислав Пешиќ негираше оставка. Попладнево се појави информација во српските медиуми дека раководството на кошаркарскиот сојуз на Србија го сменило Пешиќ и дека се почнати разговори со Душан Алимпијевиќ, кој пак има договор и работи со турскиот тим Бешикташ. […]

Скандирањето ја засени кошарката – остри реакции по натпреварот во Куманово


Она што требаше да биде обичен меѓународен кошаркарски натпревар се претвори во скандал кој доби и политичка димензија, а удира и во најсветото во земјава – меѓуетничките односи. Особено што на натпреварот беа присутни и Премиерот Христијан Мицкоски, и други функционери од Владата. Недоличното скандирање наиде на осуда од организаторите, политичките партии, но дали до […]

Пораз за македонските кошаркари на стартот на претквалификациите за СП 2027


Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027. Во натпревар исполнет со многу резултатски промени, на крајот пресуди последната четвртина во која Романците одиграа подобро, и направија „брејк“ на почетокот од натпреварите во групата „Е“. Вајли со 28 поени беше прв стрелец во […]

КФСМ именуваше селектори на младински кошаркарски репрезентации


Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за именување на селектори во националните селекции пред кои се обврски за настап на младинските Европски првенства. За селектор на М16 женска репрезентација која ќе земе учество на ЕП од Дивизијата „Б“ во Турција, именуван е Оливер Стојмановиќ. Покрај тоа, во оној женски репрезентативен сегмент, за селектор на М18 […]

МКК Куманово казнет со 400 илјади денари и четири домашни натпревари без публика


Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација, Александар Милојевиќ ги изрече казните за МКК Куманово поради инцидентот на натпреварот со МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето на плејофот. На средбата во саботата во салата „Перо Наков“ во Куманово, поголема група од публиката по завршувањето на првото полувреме влезе на теренот и ги нападна домашните играчи. Незадоволството на […]

Главчев нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија


Томица Главчев, бизнисмен од Гевгелија и долгогодишен кошаркарски работник, е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија на денешната вонредна седница на Собранието на КФСМ. Како единствен кандидат, со максимална поддршка од клубовите, Главчев доаѓа на чело на Федерацијата како наследник на Перо Антиќ, кој ја извршуваше функцијата претседател од 2019 година. „Ова […]

Кожув противник на Гостивар во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија


Организаторот на годинашниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, тимот на Кожув од Гевгелија ќе игра во полуфиналето, откако вечерва забележа победа над Куманово со 81:69. Гевгеличани утре во полуфиналето ќе се соочат со Гостивар кој денес во првото четвртфинале го совлада ТФТ со 72:62. Пласман помеѓу четирите најдобри избори и Пелистер по победата над […]

Пред 133 годни измислена е кошарката – среќен роденден!


На денешен ден, пред 133 години, Џејмс Нејмсит ја измислил кошарката. Нејсмит, кој се смета за татко на играта со магичен обрач, напишал 13 правила на 21 декември 1891 година како додаток на физичкото образование во училиштето „Христијанско здружение за млади“. Од тие правила, дури десет се користат и денес, во нивната оригинална форма или […]

Николов: Против Литванија треба да изгинеме за секоја топка


 Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов најави максимално залагање на претстојните натпревари со Литванија во квалификациите за Евробаскет 2025. – Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Кога Димитријевиќ и Шортс кои играат во Евролигата […]

Министерството за спорт ќе ја исплати премијата на македонската кошаркарска репрезентација за првото место на ЕП (18) од Б дивизија


Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје. -На […]

Србите водеа речиси цел натпревар, но загубија од САД во кошаркарското полуфинале на ОИ


Кошаркарите на Соединетите Американски Држави во луд натпревар ја победија Србија со 95:91 и се пласираа во финалето на Олимписките игри. Србите водеа речиси цел натпревар, од четвртина во четвртина ја зголемуваа предноста, но на крајот САД одиграа фантастични последни 10 минути и стигнаа до победа вредна за финалето, каде ќе играат против Франција. Србија […]

Франција го совлада светскиот шампион Германија и закажа олимписко финале во кошарка


Кошаркарската репрезентација на Франција стигна до своето второ по ред олимписко финале. По освојувањето на сребрените медали во Токио 2020 година, селекцијата на Винсент Коле сега ќе се обиде повторно да триумфира со злато на домашните Игри во Париз. „Петлите“ ги елиминираа светските шампиони од Германија победувајќи со 73:69 (18:25, 15:8, 23:17, 17:19) во „Акор […]