Кошарка: Македонските јуниори се пласираа во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија


Македонските кошаркари до 18 години ја совладаa Бугарија со 92-68 во полуфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје. „Црвено-жолтите“ ќе играа во финалето, а истовремено обезбедија место и во А-дивизијата. Луканоски имаше „дабл-дабл“ учинок со 20 поени и 16 скокови, исто како и Трајанов со 17 поени и 11 скокови, Јаничиќ […]

Почнуваат квалификациите за последните четири слободни места на кошаркарскиот олимписки турнир


 Во Атина (Грција), Рига (Летонија), Валенсија (Шпанија) и Сан Хуан (Порторико) од денес до 7 јули ќе се играат квалификациски турнири за пласман на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Вкупно 24 репрезентации поделени во осум групи ќе тргнат поход кон едно од слободните места за Олимпијадата. Секоја од нив ќе одигра по два […]

Кошарка: Големи промени во Евролигата од сезоната 2025/26, ќе учествуваат 20 клубови, се воведува и „селери кап“


Кошаркарската Евролига од сезоната 2025/26 ќе има 20 наместо 18 клуба, А лиценца ќе добијат уште два-три клуба, а ќе се воведе и „селери кап“, односно максимална сума пари што еден клуб може да ја потроши за платите на играчите и тренерите во една сезона, објави „Газета“. Грчкиот весник тврди дека ова е последна сезона […]

МЗТ на чекор од шампионската титула


Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер.  Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да дојде до три поени разлика (76:73), но домашните […]

Спортико: ФИБА и НБА разговараат за создавање на европски клупски турнир


Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) и НБА разговараат за создавање на клупски турнир, објави „Sportico“. Според порталот кој опфаќа теми од бизнисот во спортот, двете организации сакаат да создадат европска НБА лига која треба да биде конкуренција на Евролигата.  Во февруари, претставниците на НБА-лигата упатија соодветно барање до инвестициската банка да ги истражи опциите за одржување […]

Кошаркарите против Естонија ја почнуваат трката за пласман на ЕП 2025


Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот е домаќин на Естонија во во СРЦ „Кале“ во обид да стигне до прва победа за успешно отворање на квалификацискиот циклус за ЕП 2025 година. Во групата „Х“ друштво ни прават и репрезентациите на Литванија, и еден од ко-домаќините на наредниот Евробаскет, селекцијата на Полска. Еден од […]

Со „трипл-дабл“ ефект Трајковски го поведе Феникс кон нов триумф против Работнички


Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Трајковски викендов го предводеше Феникс до гостинска победа над Работнички со 87:79.   Трајковски натпреварот го заврши со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции. Најефикасен кај Феникс беше Џонс со 20 поени.   Кај Работнички најмногу поени – 21 постигна Рикиќ. На другите пет натпревари од 10.коло во Првата кошаркарска […]

АБА 2: Воведен пораз на МЗТ Скопје Аеродром, денеска стартуваат Пелистер и ТФТ Моцарт


Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со пораз синоќа ја почна новата сезона во АБА 2 лигата, во кој денеска своите воведни натпревари ќе ги одиграат битолски Пелистер и скопски ТФТ Моцарт. Поуспешен од МЗТ Скопје, чиј амбиции се враќање по едногодишна пауза во елитната АБА лига, синоќа на отворањето на турнирот во Суботица беше […]

Европско финале на Мундијалот: Германија го шокираше САД и закажа дуел со Србија


Германија и Србија ќе играат во финалето на Светското првенство во кошарка, откако во вториот полуфинален натпревар денеска германската репрезентација беше подобра од САД со 113-111 (33-31, 26-29, 35-24, 19-27). Германија и Србија в недела ќе се борат за златниот медал, додека фаворитите на хартија пред полуфиналето Американците и Канаѓаните ќе играат за утешната награда, […]

Литванија ги шокираше Американците, Шпанија елиминирана од Канада


Кошаркарите на Литванија го приредија најголемото изненадување во досегашниот тек на Светското првенство, нанесувајќи им го првиот пораз на САД со 110-104. Литванија во четвртфиналето ќе игра против Србија, која денеска беше поуспешна од Доминиканската република со 112-79. Пласман во четвртфиналето обезбеди и Италија со триумф над Порторико од 73-57, како и Летонија, која го […]

Почнува Мундобаскет 2023


Со натпреварите меѓу Италија и Ангола, како и Финска и Австралија денес од 10 часот почнува Светското првенство во кошарка 2023 година. Домаќини на годинешниот Мундобаскет се Индонезија, Јапонија и Филипините. Триесет и две репрезентации учесници на шампионатот се поделени во осум групи. Двете најдобри од секоја група продолжуваат директно во следната рунда. Највисок рејтинг […]

ФИБА ги одреди групите пред ждрепката во Минхен


Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги одреди носителите на групите пред утрешната ждрепка во Минхен за квалификациите за Евробаскетот 2025. Потврдениот состав за квалификациите за ФИБА Евробаскет 2025: Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Летониија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Полска, […]

У20: Силна конкуренција за македонските кошаркари во А дивизијата


По одигрувањето на завршните турнири во Скопје и Крит, познати се сите 16. репрезентации кои ќе бидат дел од елитниот младински Евробаскет во сезоната 2023/2024. Место три, како што беше предвидено, две репрезентации од Дивизијата „Б“, ќе влезат во „А“ дивизијата во оваа младинска конкуренција до 20 години. Тоа се финалистите на шампионатот во Скопје, […]

Сребрен медал за македонските кошаркари на ЕП Б-дивизија У-20


Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија. Избраниците на селекторот Никола Василев синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од Чешка со 85:72. И покрај поразот во финалето, црвено-жолтите изборија пласман во А-дивизијата следната сезона. Во мечот за третото месо Украина ја победи Шведска со […]

У20: Македонските кошаркари избори полуфинале на ЕП во Скопје


Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години избори пласман во полуфиналето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје, откако вечерва ја совлада Велика Британија со 66-49. Македонските кошаркари го контролираа резултатот од самиот почеток на четвртфиналниот дуел во СРЦ Кале и на полувреме имаа предност од 33-21. Британците се доближија на минус четири поени негатива […]

САД без НБА ѕвездите на Светското првенство


Соединетите Американски Држави ќе настапат на претстојното Светско првенство без суперѕвездите од НБА лигата, што стана јасно откако селекторот, тренер на Голден Стејт, Стив Кер, денеска го објави списокот со 12 кошаркари. Во американскиот состав, сепак, сè уште има четири членови на Ол Стар екипи, и тоа се Тајрес Халибартон (Индијана), Ентони Едвардс (Минесота), Брендон […]

Србинките доживеаја дебакл од Белгија и ја загубија европската круна


  Кошаркарките на Србија доживеаја убедлив пораз од 93:53 од Белгија во четвртфиналето на Европското првенство во Љубљана, и ја загубија европската круна. Белгијките на самиот почеток дојдоа до голема предност по серијата од 14:0 и брзо стана јасно дека српските кошаркарки тешко ќе се вратат во игра. Актуелните шампионки на Европа во првата четвртина […]

Учениците од гимназијата „Никола Карев“ станаа европски шампиони за средни училишта


Екипата на скопската гимназија „Никола Карев“ во финалето на Европското првенство за средношколци го победија тимот на „Бохимул Храбал“ од Чешка. Македонските ученици беа подобри со резултат 99-95, а наградата за најкорисен играч на натпреварот заврши кај Ангел Стојанов. Кај девојките, златниот медал ѝ припадна на чешката гимназија „Припоточни“ од Прага. На Европското првенство за […]

Македонските кошаркари во група со Естонија, Чешка и Израел за настап на Олимпијадата во Париз


Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска со жрепка во главниот град на Филипини, Манила, ги дозна противниците со кои ќе се соочи во претквалификациите за пласман на Летните олимписките игри (ЛОИ) кои идната година ќе се одржат во Париз. Македонските кошаркарите патот за дебитантски настап на ЛОИ ќе ги стартуваат против Естонија, Чешка и Израел во […]

МЗТ игра против Цибона во „Јане Сандански – влезот е бесплатен


МЗТ Скопје денеска од 18 часот против Цибона го игра најважниот натпревар во АБА-лигата сезонава.  Натпревар во кој МЗТ Скопје не се бори само за опстанок во најпрестижната АБА 1 лига, туку и за промоција на македонската кошарка пред најмоќните и најголемите клубови на Балканот. – Влезот за натпреварот е бесплатен, а можноста за победа […]