„Толку ли брзо нѐ заборавивте?“ – Залепениот за бандера бара помош за жртвите од Кочани, му загинале пет другари


Момчето кое денеска со часови беше залепено за бандера на плоштадот во Скопје, се симна и прозборе пред јавноста. Тој, својот револт го насочи кон јавноста, која според него многу брзо заборавила на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во дискотеката во Кочани. Момчето Мартин рече дека донациите во последно време се намалиле а […]

Global Azure Skopje 2025: Хуманитарен ИТ настан со поддршка на семејствата од Кочани


Македонската .Net заедница и Macedonian IТ-Pro User Group со гордост го најавуваат годишното локално издание на глобалниот настан Global Azure Skopje 2025 кој истовремено се одржува во над 50 држави ширум светот. Локалниот настан во Македонија ќе се одржи на 10ти мај во InnoX Innovation Center во Скопје. Овој настан е дел од најголемата светска мрежа на настани поддржани од Microsoft […]

Сиљановска-Давкова со поддршка за активностите на „Support Kocani“ и подготвеност за покровителство на проекти од значење за градот


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставници на неформалната група на млади „Support Kocani“. -Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките […]

Мицкоски лично разговарал со Ердоган за непријатностите на пациентите од Кочани кои се враќале од Анкара


Пред некој ден пациенти од пожарот во Кочани, кои биле на лекување во Анкара, Турција, доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул, откри премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека лично разговарал со најблиските соработници на претседателот на Турција и со Ердоган лично и се надминала состојбата. – За дечињата кои пред два-три дена се враќаа од […]

Три лица со повреди од остар предмет донесени во кочанската болница, напаѓачите познати на полицијата


Денеска во 00.35 часот во Полициската станица Кочани од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив биле донесени Ж.Б., М.Б. и Т.С. со повреди од остар предмет, Според пријавеното, пред продажен објект во с. Тркање биле нападнати од страна на И.М. и Б.М., сите од с.Тркање, кочанско. Од полицијата велат дека се преземаат […]

Денеска се враќаат осум кочански пациенти од Турција, Бугарија и Словенија


Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.   Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника […]

Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација


Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во […]

Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во Кочани


Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  Оттаму велат дека постапуваат по 17 жалби за изречени мерки „притвор“, „куќен притвор“ и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а денес 14 жалби. […]

Крстевски: Угостителите имаат 30 дена да ги прилагодат објектите или ќе бидат срушени


В.Д. градоначалникот Крстевски им даде рок од 30 дена на угостителите да ги прилагодат летните тераси согласно со законските прописи. Во спротивно, ќе следи насилно рушење на нелегалните објекти, што ќе доведе до дополнителни трошоци за сопствениците. На состанокот со сопствениците на угостителските објекти беше соопштено дека во најкус можен рок ќе се објави тендерска […]

Обвинителството ги повика семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот


 Јавното обвинителство упати покана до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка, во текот на утрешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите.  Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, семејствата на настраданите треба да […]

Крстевски: Пожарникарите во Кочани со пет возила, а две се вон функција, останатите се крш


В.д. градоначалник на општина Кочани, Венко Крстевски во видео обраќање од кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани посочи на катастрофална состојба со која се соочува оваа едница. Тој го покажа возниот парк со кој тие како противпожарна едница располагаат. „Ова е возилото кое користено за време на несреќата во „Пулс“. Во период на несреќата […]

(Видео) Германски пожарникари возеа 3000 км за лично да донираат во Кочани


Пожарникари од Германија донираа возило и опрема на колегите од Кочани. Земале одмор од работа и возеле речиси 3000 километри за да ја достават донацијата. На повик од Германската амбасада, вчера во Кочани пристигна конвој од возила со хуманитарна помош од Германија. Станува збор за поголема количина противпожарна опрема за колегите пожарникари од доброволното противпожарно […]

Нов протестен марш во Кочани: Ќе ги прикривавте ли соучесниците ако ова беа ваши деца?


Денеска во Кочани се одржа нов протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ како последица на пожар кој се случи на 16 март, наслов „Задоцнета реакција“. Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на револуцијата, се движеа кон трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани. Тие го изразија својот […]

Крстевски: Собранието покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани


Вршителот на должност градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски упати реакција во која како скандалозна ја оценува изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта кон настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан. – Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во […]

Струмица му подаде рака на Кочани – ќе му помага со искуство


-Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, денеска потпишаа Меморандум  за соработка меѓу двете општини, кој на првите наредните седници на советите ќе прерасне во Договор за меѓуопштинска соработка. Според струмичкиот градоначалник, на чија иницијатива се одржа денешната средба, сега доаѓа време кога на Кочани му е потребна институционална поддршка. […]

Трагедијата во Кочани во фокусот на денешните партиски препукувања


Опозициските ДУИ и СДСМ денеска повторно оценија дека се води селективна истрага за пожарот во Кочани и дека се штитат директно одговорните за трагедијата, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека двете партии тонат во безизлезноста и неспособноста.  – Во историјата на Македонија немало акција каде било уапсен актуелен министер, актуелен градоначалник, поранешни градоначалници и министри во […]

Нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, многу прашања се уште чекаат одговор


Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.  Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за […]

Протестен марш „Задоцнета реакција“ утре во Кочани на семејствата на настраданите во пожарот


В сабота, 19 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи трет протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени. Маршот ќе започне од Градскит парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и […]

Почина уште еден пациент повреден во пожарот во Кочани


  Министерството за здравство информира дека според информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне на повредите им подлегна Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во ВМА во Белград, кој беше интубиран и […]

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза


Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец. -Како континуирани промотори на принципите на […]