Тачи го одликуваше Рама


Косовскиот претседател Хашим Тачи, вчера, по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово, го одликуваше албанскиот премиер Еди Рама. Како што се соопштува на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи изразил благодарност до Рама за неговиот придонес за „слободата и независноста на Косово“. Рама рекол дека за него тоа е еден од највозбудливите моменти и […]

Рита Ора ќе настапи во Приштина за 10 годишнината од независноста на Косово


Пејачката со потекпо од Косово Рита Ора, ќе учествува на централната манифестација што ќе се одржи во Приштина за десетгодишнината од независноста на земјата. Нејзиното учество го потврди за Радио Слободна Европа Адил Бехрамај од Организацискиот совет за одбележување на независноста на Косово. “Можам да потврдам дека на 17 февруари 2018 година, во 22 часот пред […]

Тачи јавно се дистанцира од идејата за поделба на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи, за кого се тврди дека се согласил со идејата за поделба на Косово, попладнево изјави дека „идејата е далеку од неговиот ум и институциите во Косово“. На заедничката прес-конференција со словенечкиот претседател Борут Пахор, кој е во дводневна официјална посета на Прштина, Тачи изјави дека ваквите идеи не носат ни мир, […]

Полицајци осомничени за манипулирање со докази за убиството на Ивановиќ


Двајца косовски полицајци се уапсени во северниот дел на Косовска Митровица, под сомнение дека манипулирале со докази поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ. Станува збор за Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ и двајцата на возраст од 48 години. Двајцата полициски службеници претходно биле дел од Министерството за внатрешни работи а биле вклучени во косовската полиција,врз […]

Харадинај: Косово треба да прости, но не и да го заборави минатото


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека единствениот договор со Србија, кој ќе донесе мир меѓу народот во Косово, ќе биде взаемното признавање. Харадинај во интервју за „Гласот на Америка“ истакнува дека тоа би значело дека Косово ќе го прости, но нема да го заборави минатото. По повод новата стратегија на Европската унија за Западен Балкан, […]

„Коха“: Косово не е дел од планот за проширување на ЕУ


Во Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, што беше усовен во вторникот, Косово во ниту еден дел не се третира како дел од планот за проширување на ЕУ, оценува приштинскиот весник „Коха“. Според весникот, Косово во стратегијата се споменува само во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, неговите меѓународни обврски во […]

Косово им плати по 10 илјади евра на семејствата на осудените за Дива населба


Косовското Mинистертво за финансии ја реализираше одлуката на Владата и на 29 семејства на загнатите и осудените за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година. – Испатени се 290 илјади евра, пропорционално за 29 семејства на загнатите и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата […]

Дуа Липа за детството во Косово: Во Приштина се чувствував побезбедно отколку во Лондон


Англија- Дуа Липа моментално е една од најпопуларните поп-пејачки во светот. Нејзиниот минатогодишен хит „New rules“ одлична поминува и денес, а беше наградена и за нејзиниот прв албум „Dua Lipa“. Скромната, шармантна и убава пејачка, честопати во своите интервјуа се сеќава на периодот кога живеела во Приштина, од каде што и потекнува. Иако е родена […]

Тврдење на српски новинар: Убиецот на Оливер Ивановиќ е познат, добил 40 илјади евра за атентатот


Српскиот новинар Стефан Цветковиќ објави неколку фотографии од лице за кое тврди дека е вмешано во атентатот врз Оливер Ивановиќ. До сликите дошол заедно со неколку негови колеги Албанци во Косово со кои истражувале и дошле до информација дека лицето од сликата пристигнало во Косово на 12 јануари, а околу канцеларијата на Ивановиќ поминало 14 […]

Косовски обвинител: Имаме докази за убиството на Оливер Ивановиќ


Главниот обвинител на Косово Александар Лумези изјави денеска дека обвинителството располага со определени докази за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ. – Ние имаме некои докази кои што сме ги обезбедиле досега, но треба да преземеме мерки за откривање на сторителот на кривичното дело, изјави Лумези во интервју за поратлот „Арбреши“. Лумези изјави […]

Косовската влада го одложи зголемувањето на платите за државните службеници


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го одложи зголемувањето на платите за високи државни претставници по бранот критики во јавноста. Тој изјави денеска дека владата чека одлука на Уставниот суд за тоа прашање. Косовската агенција за борба против корупцијата соопшти вчера дека нема законска основа за одлуката на владата да зголеми значително плати на високи државни службеници. […]

Влада на Косово: Демаркацијата со Црна Гора главна тема на разговорите со Марковиќ


Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ на 6 февруари ќе престојува во Приштина и една од главните теми, според косовската Влада, ќе биде демаркацијата, иако Подгорица го ратификува тој договор летото 2015 година. Во соопштение од косовската Влада се наведува дека Марковиќ ќе има состанок со премиерот Рамуш Харадинај, претседателот Хашим Тачи и претседателот на […]

Вучиќ: Се надевам на компромис со Приштина, но не оваа година


о поддржувам дијалгот со Приштина, се надевам на компромисно решение, но не верувам дека тоа ќе се случи до крајот на 2018 година, посочи српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод барањето на Брисел, пред пристапувањето на Србија во Европската унија да биде решено прашањето за границата со Косово. Во интервју за „Спутник“ во Давос, зошто […]

Со посредство на УНМИК, Косово го презеде претседавањето со ЦЕФТА


Косово, со посредство на УНМИК, денеска го презеде преседавањето со ЦЕФТА, потврди косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани. Претходно, Србија одби да го прифати преседавањето на Косово како рамноправна земја во рамките на ЦЕФТА, односно договорот за слободна трговија во централна Европа, па поради тоа беше одлучено да претседава со посредништво на УНМИК. […]

Кој го уби Оливер Ивановиќ?


Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ. Косовскиот обвинител кој ја води истрагата за убиството на Ивановиќ, Шухри Суља, во петокот изјави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази. Тој најави дека во извештајот ќе бидат […]

„Самоопределување“ избира лидер, отцепеното крило подготвува нова партија


Косовското движење „Самоопределување“, кое е трета по големина партија, денеска избира претседател. Единствен кандидат за оваа функција е екс лидерот и основач на партијата, Албин Курти. Членовите на партијата гласаат на седум избирачки места а правото на глас треба да го остварат до 19 часот. Расколот во партијата се продлабочува, па до сега поголем број […]

Под силно обезбедување во Косовска Митровица: Вучиќ положи венец за Ивановиќ и испрати три пораки за Србите


Под силни мерки на безбедност претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети Косово. Тој во северниот дел на Косовска Митровица положи венец на местото на кое беше убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ. Претходно, српскиот претседател во манастирот Бањска изјави дека Белград и Приштина ќе разменуваат информации за убиството на […]

Вучиќ во Косово: Србите да останат на своите огништа


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите огништа, со понатамошна и поголема помош од државата, а на Албанците им порача дека, без оглед на различните интереси, Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот и да ги реши несогласувањата. – […]

Владата во Приштина му дозволи на Вучиќ да го посети Косово


Косовската Влада му дозволи на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети Косово за време на викендот. Веста ја потврди Јетлир Зиберај, советник и шеф на кабинетот на првиот потпретседател на косовската Влада и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли. – Врз основа на барањето на Претседателот на Србија до нашите институции за посета на Косово, […]

Македонската Влада изрази жалење за убиството на Оливер Ивановиќ


Владата на Република Македонија изрази длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ. – Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се […]