Делави оптимист за демаркацијата на косовско-црногорската граница


Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, е оптимист дека во текот на неделава косовскиот Парламент ќе го  ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Во интервју за порталот „КосСев“, Делави изјави дека изгласувањето за демаркацијата не било никогаш поблиску отколку деновиве. – Признавам дека сум виновен за фактот што сум оптимист. Сметам дека […]

Косовците за шест години платиле над 25 милиони евра за шенген визи


Во периодот од 2010 до 2016 година граѓаните на Косово платиле над 25 милиони евра за добивање на виза во шенген зоната, покажуваат статистичките податоци на Европска комисија и на Евростат. Во тој период поднесени се над 507.000 барања за виза, од кои 97.000 биле одбиени. Цената на визите зависи од конкретната Амбасада, но најевтината […]

Најмалку по 5.000 граѓани годишно се откажуваат од косовско државјанство


Од 2009 година од косовско државјанство во просек годишно се откажуваат по најмалку 5.000 граѓани. Оттогаш па заклучно со 2016 година, повеќе од 40.000 граѓани станале државјани на друга држава, главно Германија. Статистичките податоци на косовското Министерство за внатрешни работи потврдуваат дека трендот на откажување од државјанство почнал во 2014 година кога се откажале 5.158, […]

Косовските државни лидери имаат пониски плати од директори на aгенции и претпријатија


Косовските државни лидери не се вбројуваат меѓу најплатените функционери во земјата. Повисока плата од премиерот, претседателот на државата и спикерот на парламентот, имаат неколку носители на високи функции на јавни претпријатија. Дел од нив имаат плата до 5.000 евра,додека премиерот во моментов има плата од 1.443 евра, објавија косовски медиуми. Директорот на Косовскиот фонд за […]

Јункер: Косовците ќе најдат побезбедна иднина во Европа


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на косовските власти им порача да работат на патот кон ЕУ. а на пратениците да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Тој изрази задоволство, што заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседство Јоханес […]

Повторно одложена седница на косовскиот Парламент


Косовскиот Парламент и по денешниот трет обид не успеа да го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Само што почна, со задоцнување од неколку часови, дадена беше пауза по што беше соопштено дека координаторите на пратеничките групи, се договориле седницата да се одложи за следната недела, за да им се даде простор […]

Османи не отишол во Бања Лука поради интересите на Македонија


Мојата одлука е согласно интересите на државата, а интересите на државата се во рамки на Стратегијата на ЕУ, и присуството би значело оштетување на интересите на државата, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи прашан за одлуката да не учествува на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука. – Одлуката не ја донесов како Албанец, […]

Иса Мустафа дал инструкции ЛДК да не гласа за демаркацијата за да издејствува нови избори


По второто одложувања на вонредната седница на која косовскиот Парламент требаше да гласа за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, приштинските медиуми пишуваат дека опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) не сакал да гласа за спогодбата под влијание на партскиот лидер Иса Мустафа, кој е на лекување во Германија. Повкувајќи се […]

Косовскиот Парламент не постигна консензус за демаркација на границата со Црна Гора


Вонредната седница на косовскиот Парламент закажана за денеска е одложена, откако пратеничките групи во Собранието не постигнаа консензус околу договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Претседателот на Парламентот, Кадри Весели не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство за да се изгласа ратификацијата на договорот за демаркација. РТК јави дека седницата е презакажана за 28 […]

Албанските аналитичари:Рама повеќе да работи, помалку да зборува


Изјавата на Еди Рама дека Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика и претседател покрена реакции во Македонија, Србија, Грција и во Брисел Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, во косовскиот законодавен дом дека во иднина Косово и Албанија можно е да имаат еден заеднички претседател предизвика политички земјотрес на Балканот. Со […]

Рама се правда: Изјавата за заеднички претседател на Албанија и Косово е извадена од контекст


Албанскиот премиер Еди Рама по лавината реакции и осуди околу неговата изјава за „заеднички претседател на Албанија и Косово“, се обиде да се оправда дека тоа била само негова мечта и оти е извадена од контекст. – Не дадов никаква изјава. Еден слободен говор е изваден од контекст и се претвори во политичка програма. Во […]

Државна делегација на свеченост во Приштина по повод 10 години независност на Косово


Државна делегација на Република Македонија во состав, Претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва присуствува на свечена седница во Собранието […]

Еди Рама: За десет години Косово и Албанија ќе имаат ист претседател


Албанскиот премиер Еди Рама предложи еден сенационален претседател и една национална безбедносна политика. Овие два предлога тој ги даде на свечената седница на косовскиот парламент, кога зборувајќи за иднината, рече дека Косово и Албанија по десет години може да имаат еден претседател. – Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. […]

Хашим Тачи: Косово што е можно поскоро ќе има своја војска


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека е одлучен во тоа Косово, што е можно поскоро, да добие своја војска. Тој вели дека стратегиските партнери на Косово и НАТО во целост го поддржуваат тој процес. – Косовските безбедносни сили ги завршија сите подготовки за трансформација во вооружени сили – истакна Тачи на парадата на Косовските […]

Џафери на одбележувањето на 10-годишнината од независноста на Косово


Претседателот на Собрание на Република Македонија, Талат Џафери денеска присуствуваше на одбележувањето на 10-годишнината од независноста на Косово. Џафери, како што соопшти неговиот Кабинет, на свечената академија, што се одржала во општина Сухарека бил прогласен за „почесен граѓанин” на општината. Присуствувал и на свечена седница одржана во Собранието на Република Косово, а ја проследил и […]

(ФОТО/ВИДЕО) Згодната Рита Ора направи позитивен хаос во Приштина


Популарната поп-пејачка Рита Ора вчеравечер настапи на плоштадот во Приштина, како дел од централната прослава за 10 години независност на Косово. Убавата пејачка ги сподели најубавите моменти од нејзиниот настап и на нејзиниот профил на „Инстаграм“. Пред концертот таа имаше средба и со премиерот на Косово Рамуш Харадинај. They just told me around 300,000 people […]

Честитката на Дуа Липа за денот на независноста на Косово предизвика хаос на Инстаграм


Една од најпопуларните поп-пејачки во светот, Дуа Липа, на Инстаграм го честиташе Денот на независноста на Косово. Британската по-ѕвезда, сопственик на мега хитот „New rules“, која по потекло е од Приштина, во главниот град на Косово живеела до својата 15. година. Urime t’gjthve 10 vjetorin e pavarsise! Shpresoj qe te festojme edhe shume e shume […]

Харадинај: Државите од ЕУ да не ја блокираат европерспектива на Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повика Европската унија да најде начин со кој ќе ги убеди петте нејзини членки што не ја признаваат независноста на Косово, да не ја блокираа неговата европска перспектива. – Непризнавањето на Косово никому не ми го прави животот полесен, изјави Харадинај во интервју за виенксиот весник „Пресе“. Харадинај при тоа […]

Со концерт на Рита Ора, Косово ќе ја прослави годишнината од независноста


Косово денеска ја одбележува десетата годишнина од независноста, а граѓаните ќе прослават со повеќе манифестации и собири. Прославата започна со спортски активности за деца, а продолжува со културно-уметничка програма. Во националната библиотека предвидено е отворање на изложбата „Косово од историја до државност“, по што ќе биде прикажан филмот „Татко“. Концерт на светски познатата пејачка со […]

Дачиќ: Арогантно е да се бара од Србија да го признае Косово


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека заедничката позиција на ЕУ не наложува Србија да мора да го признае Косово и додаде дека е арогантно, неприфатливо и контрапродуктивно тоа да се бара од Србија. – Моја работа не е да му се додворувам на (германскиот министер за надворешни работи Зигмар) Габриел, туку […]