По убиството на српскиот лидер на Косово, дестабилизација наместо демократизација


Додека владите на Косово, Србија, Македонија, Грција и Бугарија преку сѐ почести меѓусебни контакти и со посредство на Европската Унија се обидуваат Балканот од „буре барут“ да го претворат во извор на мир и стабилност, во Митровица од страна на сѐ уште непознати извршители беше убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ. Како […]

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај алудира дека убиството на локалниот српски политичар Оливер Ивановиќ е резултат на „незаконско мешање во северниот дел на Косово од страна на странски институции“. Тој одржа прес-конференција по вонредната седница на Советот за национална безбедност на Косово, свикана по денешното убиство на Ивановиќ во Косовска Митровица. Харадинај не соопшти детали кои […]

Харадинај свика седница на Советот за безбедност


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за попладнево, во 18 часот, свика седница на Советот за безбедност. Како што наведуваат медиумите во Приштина, Советот ќе расправа за безбедносната состојба. Рано утрово во Косовска Митровица е убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, поради што е закажана седницата.

Српското Обвинителство покрена предистражна постапка за убиството на Ивановиќ


Обвинителството за организиран криминал денеска започна предистражна постапка во врска со убиството на претседателот на Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица. Обвинителство до Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција на Република Србија поднесе барање за собирање потребни информации во правец на кривично дело тероризам, се нагласува во соопштението. Истовремено, во […]

Осуда за убиството на Оливер Ивановиќ од Тачи и од Харадинај


Косовскиот претседател Хашим Тачи го осуди убиството на еден од лидерите на Србите во Косово, Оливер Ивановиќ и ги повика безбедносните служби што е можно поскоро да ги расчистат околностите на настанот. Во објава на неговиот профил на Фејсбук, Тачи побара сторителите на убиството да бидат изведени пред лицето на правдата и апелираше до граѓаните […]

Убиен еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ


Непознат напаѓач утрово во Косовска Митровица го уби лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ. Според првичните информации, Ивановиќ бил застрелан од пиштол околу 8:15 часот додека влегувал во просториите на неговата партија Веднаш по нападот, 65-годишниот Ивановиќ е пренесен во Клиничкиот болнички центар во Косовска Митривица, каде е утврдено дека […]

САД: Постои опасност од тероризам во Косово


Американскиот Стејт департмент ги предупреди државјаните на САД кои планираат да патуваат во Косово де бидат „дополнително внимателни“ поради опасност од тероризам. Во предупредувањето на Стејт департнемтот, што го објави Амбасадата на САД во Приштина, се наведува дека „терористички групи продолжуваат да планираат можни напади“ во Косово, Во соопштението се додава дека терористите би можеле […]

Се подготвува мјузикл за животот на Слободан Милошевиќ


Во белградското народно позориште се подготвува мјузикл за семејството на Слободан Милошевиќ и неговот семејство. Во фокусот на оваа претстава ќе биде периодот од деведесетите и владеењето на Милошевиќ се до негвото апсење во Хаг. Претставата ќе биде во изведба на Српското народно позориште од Грачаница. Автор на текстот и песните е Јелена Богавац, а […]

Тачи апелира на ратификација на договорот за границата со Црна Гора


Косовскиот претседател Хашим Тачи, побара договорот за демаркација на границата со Црна Гора да биде ратификуван во текот на овој месец. Наспроти тврдењето на новата државна комисија за определување на граничната линија дека Косово со првиот договор губи дел од својата територија,Тачи е категоричен дека истиот е праведен и треба да се ратификува. – Условот […]

Косовски Албанци го блокираа влезот на манастирот во Ѓаковица на Бадник


Група косовски Албанци го блокираа денеска во Ѓаковица пристапот до манастирот „Пресвета Богородица“, иако српските верници ја откажаа најавената посета поради закани и безбедносната ситуација, напиша отецот Сава Јањиќ на својот фејсбук-профил. Четири монахињи останале заклучени во манастирот, литургија не била служена, ниту можел некој да донесе бадникови гранчиња. – Наводните мирни протести се само […]

Земјотрес од 5,3 степени почувствуван и во Македонија


Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 10:46 часот во Скопје и северозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот, според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 10 километри, а освен во Косово и Македонија, е почувствува и во Црна Гора.

Функционерските плати во Косово двојно повисоки од Македонија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој двојно си ја зголеми платата пред новогодишните празници, донел одлука за зголемување на платата за 25 отсто и на шефот на државата Хашим Тачи. Тачи од овој месец ќе зема месечна плата од 3.635 евра, наместо од 2.906 евра, колку што имаше досега. Со покачувањето, платите на највисоките функционери во […]

Продолжен притворот на пратениците на „Самоопределување“


Основниот суд во Приштина донесе одлука за еден месец да им се продолжи мерката притвор на двајцата пратеници на „Самоопределување“ Албин Курти и Доника Кадај-Бујути. Тие во притвор остануваат до 27 јануари. Курти и Кадај-Бујути беа уапсени на 27 минатиот месец, на влезот на зградата на Собранието.Налогот за апсење го издаде Основниот суд во Приштина […]

Косовското СЈО подига 60 обвиненија против членови на ОВК


Повеќе од 60 поранешни лидери и припадници на таканаречената Ослободителна војска на Косово, се опфатени со обвиненија од Специјалното обвинителство за извршени дела кон крајот на 2000 година. Меѓу првите обвинети ќе бидат Азем Сила, Даут Харадинај, Шукри Буја, Сокол Добруна, пишува приштинскиот портал „Инсајдери“. Се очекува првото обвинение да биде објавено набрзо по 17 […]

Тачи вети армија и побара ратификација на договорот за границата со Црна Гора


Косовскиот претседател Хашим Тачи во традиционалното новогодишно обраќање пред пратениците во косовскиот Парламент посочи дека заеднички приоритет останува постојаното ангажирање за подобрување на животот на граѓаните, за што тој секогаш се залагал. Тој меѓу другото, во обраќањето изрази убедување дека во 2018 година Косово ќе добие своја армија. – Јас денеска ви гарантирам дека Косово […]

Уште еден косовски Албанец е убиен во Сирија


Уште еден Албанец од Косово, кој се борел на страната на групата Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија. Станува збор за лице од селото Палабард во општина Ѓаковица, чие семејство ја потврдило веста. Засега не се знае точна кога тој заминал за Срија и местото каде што е убиен. Поранешниот косовски министер за внатрешни […]

Американски „Контур Глобал“ ќе гради електрана на Косово од една милијарда евра


Косовската Влада потпиша договор со американскиот производител на електрична енергија, компанијата „Контур Глобал“, со седиште во Њујорк, во вредност од една милијарда евра (1,18 милијарди долари) за изградба на термоелектрана со капацитет од 500 мегавати. Договорот е потпишан денеска со главниот менаџер на компанијата Џозеф Бранд. Изградбата на новата електрана ќе почне следната година, а […]

Косовците со српски возачки дозволи нема да преполагаат за косовски


Косовското министерство за внатрешни работи одлучи сите државјани на Косово, кои поседуваат српски возачки дозволи издадени до 2016 година, може да ги сменат со косовски без да преполагаат. Заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Милан Радојевиќ, изјави дека оваа одлука е многу значајна за Србите на Косово, кои се најмногубројни со српски дозволи. Тој додаде […]

Американска компанија ќе ја гради термоцентралата „Ново Косово“


Косовската Влада денеска постигна договор со американската компанија за електрична енергија „Контур Глобал“ за изградба на термоцентралата „Ново Косово“. Договорот е постигнат на средба на владиното тело задолжено за изградба на објектот, на која прсуствувале и косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претставници на компанија. – Финансискиот документ ќе биде потпишан на 20 декември, со што […]

Заев: Го поддржуваме Косово, но и Србија ни е сосед


Со највисоки државни почести првиот човек на македонската влада, Зоран Заев, беше пречекан вчера во Приштина од страна на домаќинот, премиерот на Косово Рамуш Харадинај. Премиерот Заев, со посетата стана првиот македонски премиер кој официјално го посети Косово по неговото осамостојување во 2008 година. По средбата, Заев внимателно и умерено одговори на новинарското прашање дали […]