Србите го презентираа логото на ЗСО, ќе ја формираат на 20 април


Претставници на косовските Срби денеска одржаа средба во северниот дел на Митровица, на која учествувале 120 делегати и претставници на 10 општини со мнозинско српско население. На средбата било договорено на 20 април да се формира Заеднцата на српски општини, а било презентирано и логото на заедницата. Лидерот на „Српска листа“ Горан Ракиќ, нагласил дека […]

Анекта: Дури 81 отсто Срби се против признавање на Косово во замена за ЕУ


Повеќето, односно 81 отсто од граѓаните на Србија не би поддржале признавање на косовската независност дури ниту како услов за членство во ЕУ, 45 проценти сметаат дека Косово не е загубено, а 43 отсто оценуваат дека поранешнат покраина сепак е загубена. Вкупно 55 проценти од Србите веруваат дека независноста на Косово нема да ја признае […]

Србите пред самопрогласување автономија во Косово


Драматичните настани во соседството на Македонија. Албанските аналитичари сепак сметаат дека тензиите во Косово се користат за замаглување на договорот за демаркацијата со Црна Гора. Ситуацијата предизвикана од приведувањето и протерувањето на директорот на српската канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, постепено се смирува, но претходно предизвика големи реакции во Косово, Србија, ЕУ и во САД. […]

Српска листа ја напушта косовската Влада и најави формирање на ЗСО


Српската листа излегува од косовската Влада, а 10-те општини со мнозинско српско население во Косово на 20 април ќе ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска претседателот на партијата Горан Ракиќ. Тој информираше дека одлуката била донесена по консултациите со српскиот претседател Александар Вучиќ, кого постојано го информирале за вчерашните случувања во Косовска Митровица […]

Косовските власти го ослободија српскиот висок функционер Марко Ѓуриќ


Претседателот на Косово Хашим Тачи и косовската полиција соопштија дека е ослободен Марко Ѓуриќ, главен преговарач на Србија во разговорите со Косово, што се спроведуваат со посредство на ЕУ. Ѓуриќ беше уапсен денеска во Косовска Митровица. Косовскиот претседател Тачи рече дека полицијата го придружувала Ѓуриќ до граничен пункт меѓу Косово и Србија. – Тој случај […]

ЕУ: Осуда на настаните на Косово, Белград и Приштина да покажат воздржаност


Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска изјави дека ЕУ остро ги осудува денешните случувања во Косово, по апсењето на директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ. – Ги повикуваме властите на двете страни, Косово и Србија, да покажат неопходна воздржаност и сериозност за да не ескалира моментната ситуација на Косово, изјави Коцијанчич. Таа додава […]

Во Косовска Митровица приведен Марко Ѓуриќ, директор на српската Канцеларија за Косово


Припадници на специјалната полиција го приведоа денеска директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ. Заедно со Ѓуриќ уапсен е и неговиот соработник Жељко Јовиќ кој е повреден во обидот да се спротистави на апсењето, јави Танјуг. Засега не се знае каде е Никола Селаковиќ, генерален секретар во Кабинетот на претседателот на Србија. Ѓуриќ е […]

Вучиќ закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност


Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност без да ја наведе причината и темата на заседанието, но како што тврдат белградските медиуми, една од темите ќе биде косовското прашање. Вучиќ денеска имаше средба со австрискиот амбасадор во Србија, Николаус Лутероти, кого. како што соопшти неговиот кабинет, […]

Косово го менува српскиот телефонски код +381 со +383


Државниот „Телеком на Косово“ денеска соопшти дека прекинува со користење на меѓународниот код на Србија за фиксните телефонски повици и дека од сега во употреба ќе биде само новиот косовски код. „Од 24 март кодот +381 повеќе не може да се користи. Сега треба да се користи кодот +383. Ве молиме да ги информирате своите […]

ЕХФ ја суспендираше Србија поради Косово


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја суспендираше Ракометната федерацијата на Србија и ја исфрли српската женска јуниорска репрезентација од квалификациите за Светското првенство, откако Владата во Белград не дозволи денеска да се одигра мечот против Косово. Во соопштението на ЕХФ се наведува дека српската репрезентација се исклучува од натамошните натпревари, додека натпреварите меѓу останатите екипи за […]

Дачиќ: Србија никогаш нема да ја прифати прогласената независност на Косово


Србија нема намера да ги жртвува своите национални интереси за да стане членка на ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за државната телевизија РТС. – Можам да кажам од свое име, од името на Владата, во име на претседателот Александар Вучиќ дека Србија никогаш нема да ја прифати еднострано прогласената независност на […]

Самоопределување ќе бара оценка на уставноста на демаркацијата


Косовоското опозициско движење Самоопределување одлучи да побара оценка на уставноста на Законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше усвоен вчера во косовскиот Парламент, соопшти пратеничката на оваа партија Албулена Хаџиу. Според неа, Самоопределување следната недела ќе побара од Уставниот суд на Косово да се поризнесе за уставноста на Законот. […]

Самоопределување третпат со солзавец го спречи гласањето за демаркацијата


Пратениците од Движењето Самоопрделување со флање солзавец во собраниската сала, попладнево повторно ја прекнаа седницата на косовскиот парламент, на која треба да се гласа за договорот за демаркација на косовско-црногорската граница. Тоа е третпат како пратениците на Движењето фрлаат солзавец, по што седницата беше прекината. По првите два инцидента претседателството на Парламентот донесе одлука од […]

(ВО ЖИВО) Димна бомба фрлена во парламентот во Приштина


Седницата на косовскиот Парламент на која треба да се ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше закажана за 11 часот, почна со задоцнување од 40 минути и веднаш беше дадена пауза. Паузата беше прогласена на иницијатива на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), кој поднесе барање за измена на еден од […]

Могерини: Вратата на ЕУ е отворена за Косово, прво да се исполнат условите


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека Косово е дел од стратегијата на ЕУ за Западен Балкан и дека се што е предвидено за другите е можно и за Косово, но оти е потребно да се  исполнат одредени услови, вклучувајќи го и дијалогот со Белград. – Стратегијата вели дека […]

Косово: Демаркацијата во рацете на Горанецот Адем Хоџа


Седницата на косовскиот парламент, што ќе биде четврт обид во неполн месец да се ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора закажана е за утре попладне, во 16 часот. Но, засега се уште не е обезбеден потребниот број гласови. За изгласување потребни се 80 гласови од вкупно 120, колку што пратеници брои парламентот. […]

Нов скандал со белгиско расипано месо во Косово


Белгиските медиуми објавуваат дека освен белгиската фирма „Вевиба“, уште една белгиска фирма, „Валомел“ извезувала расипано месо на Косово. Новинарската екипа на белгискиот јавен сервис го открила овој случај додека правеле репортажа на Косово. Станува збор за 20 тони замрзнато телешко месо фатено на албанско-косовката граница во август 2017. Косовските институции одговорни за безбедност на храната […]

Српска листа нема да гласа за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора


Приштина – Пратениците на Српска листа го потврдиле ставот дека нема да гласаат за демаркација на косовско-црногорската граница. Косовскиот вицепремиер и министер за враќање и заедниците, Далибор Јевтиќ, кој е од редовите на оваа партија, истакна дека ставот околу ова прашање е јасен. – Ние кажавме дека Српска листа ова прашање не ја интересира и […]

Косово: Самоопределување и официјално се подели


Претседателството на Собранието на Косово вечерва го прифати барањето на 12 пратеници на „Самоопредлеување“ за формирање нова пратеничка група – Група на независни пратеници на чело со Дардан Сејдиу. До раскол во „Самоопределување“ дојде откако таа партија на минатогодишните предвремени избори освои најголем број пратенички места, вкупно 32, но во последните месеци многу пратеници поднесоа […]

Хоџа: Ако Косово не ја реши границата со Црна Гора, нема да има визна либерализација


Доколку договорот за демаркација на границата со Црна Гора не биде ратификуван овие денови, визната либерализација на Косово нема да се случи пред 2020 година. Ова јасно го посочува министерката за европска интеграција на Косово Дурата Хоџа за приштинскиот весник „Газета експрес“, нагласуваќи дека роковите се поврзани со агендата на институциите со Брисел. Хоџа посочува […]