Косово со официјална жалба до Албанија за воведувањето патарина на „Патот на нацијата“


Косово денеска официјално и врачи жалба на Албанија поради воведувањето патарина на автопатот што ги поврзува двете земји. Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај му ја врачи жалбата на албанскиот амбасадор во Приштина Кемал Минџози. Сто и десет километри долгиот автопат Тирана – Кукс – граничен премин Морина (на границата со Косово), наречен „Патот на […]

Тачи: Косово ги исполни условите за добивање визна либерализација


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави за време на неговиот последен престој во Брисел му било речено дека Косово веќе ги исполнило сите 95 критериуми, што му беа поставени како услов за добивање визна либерализација. Тачи нагласи дека Косово направило конкретни чекори за зајакнување на владеењето на правото и оти бележи напредок во борбата против корупцијата, но […]

Косовскиот Парламент на вонредна седница за депортирањето „Ѓуленисти“


Косовскиот Парламент денеска ќе одржи вонредна седница на тема тајно апсење и депортација на шестмина турски државјани, припадници на движењето на муслиманскиот проповедник во егзил Фетулах Ѓулен. Претседателството на косовското Собрание одлучи седницата да се одржи попладнево. Заменик – претседателот на косовскиот Парламент, Џавит Хаљити, изјави дека одлуката за свикување вонредна седница е донесена по […]

Хоџаj: Дијалогот со Србија е невозможен поради агресивната кампања на Белград


Дијалогот со Србија е невозможен поради агресивната кампања на Белград за непризнавање на независноста на Косово и изјавата на премиерката Ана Брнабич во врска со учеството на Приштина на состанокот на високо ниво на ЕУ-Западен Балкан во Софија, изјави косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, цитиран од приштинскиот весник „Зери”. Тој вели дека Приштина ќе одговори пропорционално […]

Косовскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка


Министерот за внатрешни работи на Косово, Фламур Сефај  денеска поднесе оставка од фунцијата, како што претходно беше најавено. Сефај го информирал Харадинај за деталите и неговата вмешаност во апењето и депортацијата на шесте турски државјани. Во исто време, приштинските медиуми објавија дека косовскиот претседател Хашим Тачи е против разрешувањето на  директорот на Косовската разузнавачка служба Дритон […]

Вучиќ: Наскоро следат најважните разговори за Косово


Од 10 до 20 април во Европа и во светот ќе ги водам „некои од најважните разговори за прашањето на Косово“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој на прес-конференција по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Белград нагласи дека не може јавно да зборува за овие разговори, додавајќи дека од нив […]

Лавров: Русија ќе ги брани српските интереси по прашањето за Косово


Русија е подготвена и во иднина на српските партнери да им дава поддршка во одбрана на легитимните национални интереси по прашањето за Косово, пред се во меѓународните структури, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во писмото до српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Во писмото кое Лавров го испрти како одговор на Дачиќ […]

На Самитот ЕУ-Западен Балкан Бугарија ќе го почитува неутралниот статус на Косово


На Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој во мај ќе биде одржан во Софија, Бугарија во целост ќе го почитува неутралниот статус на Косово, соопшти портпаролката на бугарското претседавање со ЕУ Геновева Червенакова. Таа потенцираше дека Бугарија е свесна за важноста на прашањето за односот кон Косово на членките на ЕУ кои не ја признале таа земја. […]

Харадинај: Нема да дозволам Ердоган да ни се меша во внатрешните работи


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска му порача на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Еродган дека нема да му дозволи да се меша во внатрешните работи на Косово. – Никогаш не сум се мешал во внатрешните работи на Турција. Никого не прашуваме кога ги решаваме работите во нашата куќа, туку правиме како што сакаме. Тоа треба […]

Брнабиќ: Политички нонсенс е Косово да учествува на самитот во Софија како држава


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска порача дека учеството на Косово на европскиот самит за Западен Балкан во Софија „како држава е политички нонсенс“, како и дека во зависност од постапките на Приштина околу формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), Белград ќе одлучи дали ќе учествува на собирот. – Во зависност од тоа ќе решиме околу […]

Весели му одговори на Ердоган: Не потклекнуваме на надворешен притисок


Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели истакна дека е изненаден од изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за преземените чекори на косовската Влада по депортацијата на шесте турски граѓани. Тој наведе дека дека таквите изјави не придонесуваат за пријателството меѓу двете земји, Косово и Турција и ги оправдува одлуките на премиерот Рамуш Харадинај за […]

„Експрес“: Ердоган му се закани на Харадинај и ги повика жителите на Косово на протест


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се закани на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ќе биде одговорен за менаџирањето на состојбата со депортираните турски државјани, пренесува приштинскиот весник „Експрес“. Тој, го критикува Харадинај за разрешувањето на министерот за внатрешни работи и првиот човек на косовската тајна служба, АКИ, повикувајќи ги граѓаните на Косово да протестираат […]

Вучиќ: Има две опции за решавање на косовскиот проблем


Претседател на Србија, Александар Вучиќ на денешното отварање на Националниот конвент за ЕУ, што се одржува во рамките на внатрешниот дијалог за Косово, изјави дека пред Србија се две опции кога е во прашање решавањето на косовскиот проблем, но дека најреален е предлогот за опстанок на замрзнатиот конфликт. – Најголем број од учесниците на внатрешниот […]

Харадинај: Шестте турски државјани се депортирани без мое знаење


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека шестте турски државјани се депортирани без негово знаење, истакнувајќи оти тоа било „билатерална операција на разузнавачките служби на двете држави“. Харадинај посочи дека смената на министерот за внатрешни работи Фламур Сефај и директорот на косовската разузнавачка служба (АКИ) Дритон Гаши, е основана. – Депортацијата е кршење на хиерархијата на […]

Петиција за смена на косовскиот претседател поради апсењето на „ѓуленисти“


Во Приштина е покрената петиција за смена на косовскиот претседател Хашим Тачи поради вчерашното апсење и депортација на шестте турски државјани, кои за официјална Анкара се припадници на движењето ФАТО, чиј лидер е Фетулах Ѓулен. Пратеничката Мимоза Кусари-Љиља на Фејсбук побара смена на Тачи, бидејќи според неа, тој ја наредил акцијата. – Треба да се […]

Приведена екипа на РТС во Пеќ, по пет часа ослободена


 Екипа на Радио-телевизија Србија (РТС), која вчера ја снимала  четврта епизода на емисијата „Право на утре” за узурпираниот имот на Србите во Пеќ, заедно со пет адвокати, била уапсена од косовската полиција, соопшти денеска  јавниот сервис. Снимателот Александар Стипиќ, реализаторката Билјана Ердељан и возачот Далибор Милутиновиќ, биле уапсени во Пеќ околу 17:45, и со нив […]

Ѓуриќ: Во Приштина не сакаат мир, тие подготвуваат војна


Од изјавата на Рамуш Харадинај на сите им стана јасно дека во Приштина на функции се лица кои не сакаат мир, туку подготвуваат војна, вели директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ . – Харадинај е во право што вели дека не може да има поделба и размена на територии на Косово и […]

Вучиќ: Избрав мир наместо војска


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека разгледувал и опција за употреба на армијата и полицијата поради настаните на Косово, но избрал трпеливост и зачувување на мирот. На новинарско прашање дали е точно дека бил подготвен како претседател да даде наредба за испраќање армиски единици и полиција на границата, Вучиќ рече дека негова уставна обврска […]

САД ги повикаа Србија и Косово да ги нормализираат односите преку дијалог


САД остро ги осудија последните тензии меѓу Косово и Србија, истакнувајќи дека тоа може „непотребно да ги зголеми тензиите и да претставува закана за регионалната стабилност”. Реакцијата на САД уследи по случувањата околу апењето на  директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, кој накратко беше задржан во притвор, а потоа протеран од Косово во […]

Косовските камионџии протестираа против патарина во Албанија


Косовски камонџии со 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот Тирана-Кукс. На камионџиите кои носеа транспаренти упатени до албанските власти како “Ние не ги укинуваме границите, ние ги подигаме”, се […]