Анкета: Над половина Срби се за употреба на воена сила на Косово


Секој трет граѓанин на Србија смета дека државата треба да употреби воена сила доколку косовските сили го окупираат северот на Косово, додека една петтина смета дека Србија треба преку дипломатски пат да ги одбрани Србите од Косово, покажува истражувањето на агенцијата Фактор плус. Значително повеќе од половина од граѓаните, или поточно 63 отсто, веруваат дека […]

Косово бара од Германија да прима сезонски работници


Косовскиот министер за труд и социјала Скендер Речица побара од Германија договор со кој ќе се овозможи вработување сезонски работници од Косово во таа земја. Според соопштението од кабинетот на Речица, барањето го изнел на денешната средба со делегација на германското Министерство за соработка и развој, на кое министерот информирал за актуелната состојба на пазарот […]

Владите на Македонија и Косово наскоро ќе ја оддржат првата заедничка седница


Македонија и Косово предвидуваат зајакнување на соработката во повеќе сфери, особено во железничкиот сообраќај, дијаспората, одбраната, иновациите, културата, економијата… Сето тоа ќе се реализира преку потпишување договори за интензивирање на соработката во овие области и тоа на првата заедничка седница на владите на Македонија и Косово. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера на […]

Тахири: Мисијата на ЕУЛЕКС завршува на 14 јуни


Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) се очекува да остане уште извесно време во земјата, но без извршни надлежности, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовскиот министер за правда, Абелард Тахири за „ИндексОнлине“ потврди дека ЕУЛЕКС го завршува мандатот по две недели, а се очекува истиот механизам да ја продолжи […]

Косовското Собрание изгласа Резолуција за укинување на роамингот со Албанија


Пратениците во Собранието на Косово ја изгласаа денеска Резолуцијата за укинување на роамингот меѓу Косово и Албанија, јавува дописникот на МИА од Приштина. За Резолуцијата, која беше предложена од пратеничката група на Социајлдемократската партија (ПСД), односно од пратениците кои преминаа во оваа партија по напуштањето на Самоопределување (ВВ) на Албин Курти, гласаа 69 од 120-те […]

Тачи верува дека дијалогот со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање


Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска, по средбата со канцеларот на Австрија, Себастијан Курц рече дека верува оти дијалогот за нормализирање на односите со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање на двете земји и членство на Косово во сите меѓународни организации. Според него,  двете страни од дијалогот ќе излезат како победници. – Со канцеларот Курц […]

Харадинај: Големата вест од ЕУ за визите за Косово доаѓа за 10 дена


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја најави како „голема вест“ одлуката што ќе ја донесат идниот месец претставниците на Европската унија во извештајот за напредокот на Косово во однос на визната либерализација, јавува дописникот на МИА од Приштина. Според Харадинај, ова е еден од најважните моменти во процесот на либерализацијата на движењето на граѓаните на Косово […]

Патот Приштина-Скопје претпладнево ќе биде пуштен за сообраќај


Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај најави дека претпладневоќе биде отворен за сообраќај патот Приштина-Скопје, кој поради градежни работи беше затворен на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ. – Тврдам дека утре во 9 часот патот ќе биде пуштен во сообраќај и мислам дека ги завршивме сите работи во предвидениот рок, ја пренесе КТВ синоќа […]

Над 42 илјади Косовци се откажале од државјанство


Од 2009  до почетокот на 2018 година, над 42 илјади граѓани на Косово се откажале од државјанството, додека само во првите четири месеци од оваа година истото го сторилe 1 648 Косовци, јавува дописникот на МИА од Приштина. Загрижувачки е бројот на младите, на возраст од 18 до 34 години, кои се откажуваат од косовското […]

Косово меѓу најатрактивните европски туристички дестинации во 2018


Специјализираниот веб-сајт за туризам „Лонли Планет“ (www.lonelyplanet.com) го рангира Косово на 4. место на листата на европски региони кои ги препорачува да се посетат во 2018 година, јавува дописникот на МИА од Приштина. Според експертите на овој медиум, „малото Косово, заградено со два планински венци во срцето на Балканот, до сега беше некако ниско на […]

Месец дена притвор за таткото кој го претепа до смрт 14-годишниот син во Косово


Основниот суд во Гнилане му одреди 30дневен притвор на Гани Берњаши, таткото кој го претепа до смрт својот 14-годишен син. Информацијата за судската мерка, која му е изречена на сторителот на убиството, кое се случи ноќта меѓу средата и четвртокот во селото Долно Карачево крај Каменица, за порталот „Газета Експрес“ ја потврди официјален извор од […]

Свирепо убиство во Косово: Татко до смрт го претепал 14-годишниот син


Косовската полиција информира за тешко злосторство во селото Карачево крај Каменица, каде што татко го убил својот 14-годишен син, јави дописникот на МИА од Приштина. Врз жртвата Л.Б., роден 2004 година, според полицијата, е извршено физичко насилство со дрвен стап вчера околу 19 часот, од страна на неговиот татко Г.Б., роден 1958 година. Откако го […]

Тачи: Косово е подготвено за нормализација на односите со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи се сретнал денеска во Будва, каде што учествува на меѓунардониот форум за безбедност на Југоисточна Европа, насловен „To be secure“, односно „2BS“, со директорот за Централна и Јужна Европа во американскиот Стејт департмент Метју Палмер, кому му ја изразил подготвеноста на Косово за „нормализација на односите со Србија“, јавува дописникот на […]

Харадинај бара од Ватикан да го признае Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај престојува во официјална посета на Ватикан, каде што денеска се сретна со државниот секретар Пјетро Паролин. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по средбата, Харадинај објави дека побарал од Светата столица да го признае Косово како независна држава. – Косово е во потрага по дипломатско партнерство со Државата Ватикан […]

Уште едно возило слета во Лепенец на местото каде што загинаа двајца косовски полицајци


Автомобил со двајца патници синоќа околу 22 часот паднал во реката Лепенец, кај месноста Кула со Чешма во близина на Качаник, на истото место каде што пред неколку недели загинаа двајцата косовски полицајци, Маљсор Гаши и Арменд Трена, но овој пат без трагични последици, јави дописникот на МИА од Приштина. Возачот Газменд Брава (35) и […]

Поради изградбата на автопатот Скопје-Приштина, косовски град остана во карантин


Затворањето на патот Приштина-Скопје, на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, сосема им го смени животот на жителите на косовскиот град на границата со Македонија, пишува во денешното неделно издание „Коха Диторе“. Многубројните ученици од Генерал Јанковиќ кои учат во стручните средни училишта во Качаник до сега за да стасаат на училиште излегуваа од дома […]

Вучиќ: Не сум оптимист за прашањето за Косово


Србија ќе вложи големи напори за постигнување компромис за Косово, но не сум оптимист дека ќе се најде решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за шпанскиот весник „Паис“. – Тоа не е лесно. Се уште постои многу голема омраза, но треба да се обидеме да најдеме компромис, нагласува Вучиќ. Вучиќ вели дека и покрај […]

Николчевиќ прв Србин кој ќе се натпреварува за Косово


Драган Николчевиќ се смета за прв косовски Србин кој ќе биде дел од една репрезентација на Република Косово. Николчевиќ ќе учествува на големата велосипедска трка „Тур оф Албаниа“, чие 75-то издание годинава ќе се одржи од 19 до 22 мај. Покрај Николчевиќ, косовска експедиција ја сочинуваат Рахим Мани, Самир Хасани, Егзон Мисини и Гентрит Хајдари. […]

Вучиќ: Не добив план за Косово, но има некои индикации


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Софија изјави дека добил „индикации, начела и принципи“ за решавање на Косово, во кои постојат „пристојни работи”, но и решенија со кои тој не се согласува. Тој нагалси дека Србија бара компромисно решение што ќе ги почитува не само интересите на Србите од Косово, туку и интересите на Србија, […]

Харадинај: Косово нема што да им даде повеќе на Србите


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека Косово му дало на српското малцинство доволно уставни права и нема што да им даде повеќе, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај ја даде изјавата за телевизијата Т7, запрашан да го коментира барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за отстапки од страна на Косово, со цел да се […]