Вучиќ: Немаме веќе луѓе за војни


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека Србите и Албанците немаат веќе луѓе за војни и оти компромисот е решение. – Тоа што е мој повик е дека и едните и другите добро разбираат дека немаме многу животи и дека изгубивме многу луѓе, и Србите и Албанците. Не само во меѓусебни судири туку и голем […]

Курти: Србија не е пречка за европската интеграција на Косово


Два дена пред одржувањето на Самитот на Европската унија со земјите од Западен Балкан во Софија, денеска во косовското Собрание се одржа трибина на тема „Албанците и европските интеграции“, во организација на Движењето Самоопределување. Лидерот на оваа опозициска партија, Албин Курти, отворајќи ја трибината, рече дека Србија не е таа која ја попречува интеграцијата на […]

Косовската диjаспора во 2017 им пратила на семејствата 760 милиони евра


Средствата што  во Косово ги праќа дијаспората и натаму претставуваат еден од главните извори за финансирање на косовските семејства, на кои им обезбедуваат стабилна социјална положба. Според Централната банка на Косово, овие средства главно одат за финансирање на потрошувачката на семејствата, а многу малку се вложуваат во бизнис. – Пратките пристигнати во Косово во текот […]

Блиц: САД и Западот на Вучиќ му испратија план за Косово


САД и западните земји доставија план за решавање на косовскиот проблем до српскиот претседател Александр Вучиќ, пишува весникот „Блиц“ и наведува дека планот бил подобар за Србија од сите претходни, но оти се уште не е прифатлив за Вучиќ. – САД и западните земји ги доставиле своите начела и принципи, но за нас тоа не […]

Косово ја одбележува годишнината од создавањето на Израел, се надева на признавање


Во Косово денеска е свечено одбележана 70-тата годишнина од создавањето на израелската држава. Високи претставници на косовската држава, вклучително претседателот на Собранието Кадри Весели, учествуваа на манифестацијата во Приштина за одбележување на годишнината на Израелската држава, организирана од еврејската организација „Бет Израел Косова“. Покрај парламентарниот спикер Весели, на манифестацијата учествуваше и министерката за животна средина […]

„Српски телеграф“: Западот подготвува план со притисоци и уцени за Србија


Весникот „Српски телеграф“ објави 11 „клучни точки“ од документот наречен “План за поддршка на меѓународната интеграција на Косово“, кој,според наводите, во Вашингтон го усвоиле САД, Германија, Франција, Велика Британија и Италија. Во нив, како што тврди весникот, детално е разработен план со притисоци и уцени, чија крајна цел е уништување на Србија, односно целосна независност […]

Косово отвори амбасада во Абу Даби


Косово од денеска има своја Амбасада во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. На свеченоста на отворањето на Амбасадата присуствуваа косовскиот претседател Хашим Тачи и првиот потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли. Пацоли во објава на Фејсбук наведува дека ОАЕ е прва арапска држава која ја признала независноста на Косово. […]

Косово остро реагира на забраната за косовските каратисти да учествуваат на ЕП во Србија


Одлуката на Србија за забрана на раководството на Косовскиот карате сојуз и косовските каратисти да влезат во Србија, за да учествуваат на  Европското првенство во карате од 10 до 13 мај во Нови Сад, предизвикаа остри реакции во Косово. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук напиша дека одлуката е „неприфатлива, без преседан и страшен чин“, […]

Вучиќ: Без Русија е невозможно да се дојде до решение за Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ по синоќешниот  состанок во Москва со рускиот претседател Валдимир Путин изјави дека Русија недвосмислено и јасно ќе ги изнесе своите ставови за Косовското прашање. – Русија недвосмислено и јасно ќе ги изнесе своите ставови за Косово, а без Русија е невозможно, она што е многу важно и што му кажав на […]

Вучиќ ќе бара од Путин „подлабоко“ согледување на проблемот со Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се наоѓа во посета на Москва, денеска изјави дека од неговиот руски колега Владимир Путин ќе побара „подлабоко“ да го согледа косовскиот проблем и да „излезе“ со политички став на Москва за Косово. – Ќе го замолам претседателот Путин, не само со директната подршка што ја дава на Србија, туку […]

Во очекување на визна либерализација, косовските граѓани во ред за визи


Во очекување на визна либерализација, косовските граѓани и понатаму во долги редици може да се видат пред амбасадите на земјите членки на Европската унија, чекајќи да добијат виза. – Визната либерализација доцни, а косовските граѓани и понатаму се малтретираат чекајќи со часови, некогаш и денови и трошејќи многу пари и време, за да аплицираат за […]

КФОР: Војска на Косово единствено преку уставни измени


Трансформирањето на Безбедносните сили во војска на Косово треба да се направи единствено преку уставни, а не законски измени. Ова за весникот „Зери“ го изјавил висок претставник на КФОР, додавајќи дека за да се стигне до војска потребна е согласност и од немнозинските етнички заедници. – Според официјалните претставници на КФОР,  дури и кога се […]

Роднините на протераните „ѓуленисти“ ја тужат косовската Влада


Роднините на шестмината турски државјани од Косово, кои официјална Анкара ги смета за следбеници на движењето ФАТО, кое го предводи верскиот лидер во егзил, Фетулах Ѓулен, ја тужат косовската Влада. Во кривичната пријава до Обвинителството стои дека ја тужат Владата во Приштина поради непочитување на права на протераните и оти депортацијата е реализирана спротивно на […]

Тачи го одобри Договорот за границата меѓу Косово и Црна Гора


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска го потпиша Указот за стапување во сила на Законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, чие усвојување беше еден од условите за укинување на визниот режим за патување на косовските граѓани во ЕУ. Тачи го потпиша Указот отакако Специјалното обвинителство ја отфрли кривичната пријава […]

Тим на ЕУ ќе проверува дали Косово ги исполнува условите за визна либерализација


Тим од Европската унија денеска пристигна во тридневна посета на Косово, за да утврди дали земјата ги исполнува критериумите за визна либерализација за косовските граѓани при патување во ЕУ, јави косовската телевизија РТК. Косовската министерка за европски интеграции Дурата Хоџа изјави дека Косово направило се што е потребно и изрази уверување дека нејзината земја ќе […]

И МВР се вклучува во потрагата по двајцата косовски полицајци


Македонската во координација со косовката полиција трага по двајцата полицајци од Косово кои синоќа со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата. Како што изјавија од МВР за МИА, се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата. – Веднаш штом ќе имаме нови […]

Туск побара Косово да ги подобри односите со Србија


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го повика Косово да ги подобри односите со Србија за да постигне напредок кон долгорочната цел за членство во Европската унија. – Без целосна нормализација на односите со Србија и целосно прифаќање на договорите, не гледам како може да биде постигнат пробив во односите со ЕУ, изјави Туск на […]

Косовските политички партии утре ќе разговараат за евентуални вонредни избори


Во Приштина утре ќе се одржат разговори меѓу партиите за моментната политичка ситуација и можноста за постигнување договор за одржување вонредни парламентарни избори. Разговорите се иницирани од опозицискиот Демократски сојуз на Косово и на нив се повикани сите политички претставници на сите политички субјекти на власта и опозицијата. Учество на разговорите потврдиле сите поитички партии […]

Шаља: Нема ЗСО пред конечен договор меѓу Белград и Приштина


Заедницата на српски општини во Косово нема да биде формирана пред потпишување на конечен договор меѓу Косово и Србија, тврди Блерим Шаља, политички советник на косовскиот претсеател Хашим Тачи. – Нема да има ЗСО без правно обврзувачки договор, иозјави Шаља за телевизијата Т7. Тој тврди дека прашањето не може да се третира како посебен проблем […]

Косовски државјанин загина во сообраќајка во Скопје


Државјанин на Косово вчера попладне починал кога изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера на булеварот „Никола Карев“ во Скопје. Полицијата соопшти дека вчера во 17:00 часот во Скопје на булевар „Никола Карев“ Ш.Х.(48) од Косово, управувајќи автомобил „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера. По […]