Харадинај: Косово има подобри односи со Кина отколку со Босна и Херцеговина


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека односите на Косово со Кина се подобри одошто со Босна и Херцеговина. Во интервју за босанскиот весник „Аваз“, што го пренесоа косовските медиуми, Харадинај изјави дека „грешат многу оние кои мислат дека од непризнавањето на косовската независност губи само Косово“. – Видете, нашите луѓе патуваат во Кина, Кинезите го […]

Филмот „Хомо“ поддржан од Косовскиот центар за кинематографија


Најновиот проект на Скопје Филм Студио за долгометражен игран филм со работен наслов „Хомо“, кој ќе го режира Игор Иванов, вчера ја доби одлуката за одобрена финансиска поддршка од страна на Косовскиот центар за кинематографија. Со тоа Косово, преку продукциската куќа „Тригер“ официјално стана малцински копродуцент на проектот. Пријавата на „Хомо“ беше меѓу позитивно оценетите […]

Арифи: Косово нема да даде ниту еден метар своја земја на Србија


Шефот на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Авни Арифи, порача дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово не можат да се повредат од никого и во никој случај, јавува дописникот на МИА од Приштина. – Ниту метар косовска земја за ниедна цена. Непријатно е замрзнувањето на конфликтот. Непријатни се несигурноста […]

Харадинај: САД или Германија да се вклучат како посредник во преговорите со Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека би сакал да се вклучат САД или Германија како нов посредник во преговорите со Србија, од која Косово се отцепи во 2008 година. Во интервју за телевизија РТК, Харадинај изјави дека посредниците кои го набљудуваат мировниот процес во последните 10 години, е малку веројатно да постигнат напредок во […]

Спречен влезот на Косово во Светската царинска федерација


На денешната 132 седница на Советот на Светската царинска федерација во Брисел, спречен е приемот на Косово во оваа организација-соопштија од Канцеларијата за соработка со медиуми во српската Влада. На седницата, на која учествувала и делегација од Србија, решено е статусот на Косово да остане замрзнат и спорен, и да се формира Работна група за […]

Харадинај: Косово е вечно благодарно на НАТО


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај прими денеска 14-члена делегација, составена од поранешни воени лица и цивили, од повеќе држави, кои служеле во Косово по војната, како претставници на Советодавниот тим на НАТО. Според соошпштението на владината прес-служба, Харадинај им се заблагодарил за поддршката што ја пружиле на Косово во транзицискиот период, нагласувајќи ја помошта на експертите […]

Косово му забрани на српскиот министер Вулин да учествува на прославата на Видовден


Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, доби забрана од косовските власти да присуствува на прославата на големиот српски православен празник Видовден во Газиместан. Веста за порталот kallxo.com. ја потврди министерот за надворешни работи на Косово, Бехџет Пацоли. Запрашан во врска со официјалните претставници од Србија кои побарале дозвола да влезат на косовска територија за утрешната […]

Лани во Косово обвинети 1.152, осудени 766 малолетници


Косовската Агенција за статистики (АСК) ги објави денеска податоците од правосудните органи за малолетните лица кои дошле во судир со законот во текот на 2017 година. Според резултатите објавени во денешната публикација на АСК, во текот на минатата година, за разни дела, од страна на основните судови во Косово биле покренати обвиненија за 1.152 малолетници, […]

Пукотници во Сeверна Митровица, рането момче од српска националност


Косовската полиција информира за инцидент во етнички мешаната населба Суви Дол во Северна Митровица, во кој од огнено оружје е рането 21-годишно момче од српска националност, јавува дописникот на МИА од Приштина. Синоќешниот инцидент, во кој е ранет Александар Ј., за косовските медиуми го потврди заменик командантот на полициската станица во северна Митровица, Бесим Хоти, […]

Тачи: Мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен


Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен и дека целта на помирувањето е „постигнување дефинитивен договор кој ќе биде од корист за двете страни”. Во интервју за францускиот весник „Фигаро”, тачи додава дека не постои „волшебна формула“ за решението. – Не станува збор за изнаоѓање волшебна формула, туку промовирање […]

Имер Мушколај, аналитичар: Косово не смее да се однесува патерналистички во Македонија


Заради политички цели, ДУИ сака да се претставува како главен промотор на односите меѓу Македонија и Косово. Но односите меѓу двете држави не се работа на една политичка партија, вели во интервјуто за „Независен Весник“ познатиот косовски новинар Имер Мушколај, а сега проректор на факултетот „Пјетер Буди“ во Приштина. Мушколај вели дека киднапирањето на шестемина […]

Курти: Со Тачи, Косово губи во преговорите со Србија


Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти смета дека косовскиот претседател Хашим Тачи не е компетентен да ги предводи преговорите со Србија и дека работи единствено за сопствени интереси. – Тачи е лажго, тој не е компетентен да ги води овие преговори. Првично треба да направиме евалуација на 6-годишниот дијалог и да ги определиме нашите […]

Пацоли: Белград лаже, Либерија не го повлекла признавањето на Косово


Министерот за надворешни работи и потпретседател на Владата на Косово, Беџет Пацоли информира дека попладнево разговарал со Владата на Либерија, која ја демантирала информацијата објавена од шефот на срската дипломатија Ивица Дачиќ дека таа земја го повлекла признавањето на независноста на Косово. – Штотуку зборував со Владата на Либерија и ми потврдија дека Либерија го […]

Косово акредитира амбасадор во Гвинеа Бисао


Косово акредитира амбасадор во Гвинеја Бисао во рамки на неговата кампања низ африканскиот континент. Рамадан Гаши е дипломатот кој денеска ги предаде на претседателот на Гвинеја Бисао, Хозе Мариа Ваз акредитивните писма како вонреден и ополномошен амбасадор на Косово во оваа земја, соопшти косовското Министерство за надворешни работи, поткрепувајќи ја информацијата со фотографии од церемонијата […]

Брнабиќ: Признавањето на Косово не би бил компромис


Србија никогаш нема да ја признае косовската независност, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ и истакна дека тоа не би бил компромис за кој се залага Белград, а кој не би бил можен кога Србија и понатаму би инсистирала на тоа дека Косово е нејзин составен дел. Во интервју за Велт, таа додава дека „односите со […]

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто


Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во […]

(Фото) Убавицата од Косово ја освои титулата „Мис Манчестер“ во Англија


Фатиме Гаши од Косово вчера ја освои титулата “Мис Манчестер”, со што стана најубавата девојка во Манчестер во Англија. “Манчестер ми даде толку многу и се чувствувам како да сонувам”, рече Фатиме Гаши. Таа имала само две години кога нејзиното семејство го напуштило Косово и заминала за Обединетото Кралство за да избега од војната и […]

Харадинај: Безбедносните сили на Косово подготовени да станат војска


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај  денеска, на денот кога се одбележува 19-та годишнината од влегувањето на трупите на НАТО во Косово, се сретнасо заменикот помошник на генералниот секретар на Алијансата, Џон Манза, кого го информирал за безбедносната состојба во земјата. Како што објави на Фејсбук, Харадинај го информирал високиот гостин за прогресот што го бележат Безбедносните […]

Дачиќ: Поради Косово се фаќаме и за скршена сламка


Сите ние кои сме на власт, но и оние кои сега се во опозиција, носиме одговорност, напиша српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во авторски текст за денешниот број на весникот „Курир“, додавајќи дека опозициските лидери, поранешниот претседател Борис Тадиќ, некогашниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас и екс-шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ „изгледа заборавиле што […]

Косово: Две лица уапсени заради планирање на терористички напади


Косовски суд одреди притвор во период од еден месец за две лица кои се под истрага заради подготовка на терористички напад и за регрутирање во корист на екстремистички групи. Во соопштението од Судот се вели дека едниот осомничен, белгиски државјанин, побарал од другиот осомничен да изврши самоубиствен напад со возило со експлозив против единици на […]