Амбасада на САД во Приштина: Косово и Србија немаат неограничена слобода во преговорите


Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Приштина вели дека постигнувањето договор меѓу Косово и Србија е во рацете на овие две држави, но им порача на преговарачите дека „не можат да имаат неограничена слобода на дејствување“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одговорот на прашањето на „Газета Експрес“ за најавите на некои од […]

Тачи бара Меркел да притисне за признавање на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави вчерашната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел за неменливост на границите во Западен Балкан, но нагласи дека сега очекува таа и другите од Европската унија (ЕУ) да се фокусираат кај земјите кои го немаат признаено Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На вчерашната изјава на Меркел, која беше […]

Халими: Обединување со Прешевската Долина треба да го иницира косовското Собрание


Претседателот на Партијата за деморкатско дејствување (ПВД) од Прешевкста Долина, Риза Халими смета дека можното припојување на оваа територија со Косово би претставувало исполнување на дамнешните амбиции на Албанците од тој регион, но има резерви за времето во кое се појави овој предлог. Халими во интервју за денешниот број на „Коха Диторе“ истакнува дека, наместо […]

Вучиќ: Потребно е решение за Косово што побргу, не постои лесно решение


Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и да не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем. – Јас такво решение никогаш не сум ветил, нити такво решение постои, освен за несериозните и недговорните луѓе, изјави Вучиќ. Тој […]

Од 1 јануари нема да постои границата меѓу Косово и Албанија


Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко им порача на граѓаните на Косово дека од 1 јануари 2019 меѓу Косово и Албанија нема да има граница, јави дописникот на МИА од Приштина. Мајко, кој синоќа во градот Скендерај, во централно Косово, присуствуваше на манифестација посветена на косовската дијаспора, рече дека албанскиот премиер Еди Рама веќе има […]

Србија: Опозицијата и Вук Јеремиќ собираат потписи против приемот на Косово во ОН


Лидерот на српската опозициска Народна странка (НС) Вук Јеремиќ денеска ја почна акцијата на собирање на потписи на граѓаните против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации. Јеремиќ изјави дека целта на иницијативата е испраќање на порака до владата дека граѓаните на Србија се противат за членството на Косово во […]

Косово не ги повлекува царините


Косово не ги повлекува царините за македонските производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера во Приштина се сретна со косовскиот колега Бајрам Хасани, но разговорите не донесоа конечно решение на проблемот. Зголемените царини остануваат за седум производи, меѓу кои и доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето. Како што информираат од Министерството за економија, […]

Бектеши ќе ја премислува косовската влада за царините


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина треба да се сретне со косовскиот колега Бајрам Хасани. На средбата ќе се разговара за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава. Бектеши пред два дена преку писмено соопштение изјави дека очекува средбата да резултира со решение од заемен интерес […]

Косово само делумно ги повлече царините


Косово ја повлече царината за 16 производи, но зголемените давачки остануваат и понатаму да важат за доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето. Одлуката на косовската влада вчера ја поздравија министрите за земјоделство, трговија и економија на Македонија, Србија и БиХ, како и претставникот од Црна Гора – Љупчо Николовски, Расим Љајиќ, Мирко Шаровиќ […]

Земјоделците бараат помош за опстанок


Политичарите веднаш да најдат решение за проблемот со извозот во Косово, ако сакаат да опстане и ова малку земјоделство во земјава, апелираше вчера Асоцијацијата на земјоделци. Да не се чека ниту еден ден повеќе каква одлука ќе донесе Косово, туку на производителите да им се понудат конкретни мерки и помош што да прават со производите. […]

Од косовските царини најмногу губи Македонија


Сања Наумовска Македонските земјоделци дневно губат по 230.000 евра поради зголемената царина за увоз на земјоделски производи што ја воведе Косово. Деновиве ниту еден шлепер со наше овошје и зеленчук не поминува на македонско-косовската граница. Производите останаа на нивите или на кванташките пазари, а во екот на производствената сезона нашите производители го губат еден од […]

Николовски: Косово денеска ќе одлучува за царините


Министерот за земјоделство Љупчо Николовски информираше дека активно се разговара со надлежните институции во Косово, а разговорите се во насока на повлекување на одлуката. Попладнево се очекува Владата на земјата да закаже седница и да се разгледува одлуката за зголемувањето на царините за увоз на зеленчук и овошје. -Косово за Македонија е сериозен трговски партнер […]

Кочијанчич: Дијалогот Белград – Приштина продолжува во септември


Портпаролката на Европската унија, Маја Коцијанчич изјави дека дијалогот помеѓу претседателот на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе продолжи на почетокот од септември. „На последниот состанок на дијалогот на 18 јули, чиј домаќин беше високата претставничка, двајцата претседатели го разгледуваа постигнатиот напредок и се договорија повторно да се сретнат на почетокот […]

Косово блокира, Македонија размислува


Македонската страна уште размислува како ќе му одговори на Косово откако северниот сосед одлучи да стави рампа за македонскиот зеленчук и овошје. По неколкудневните изјави дека не се информирани, македонските власти вчера конечно дознаа за заштитната мерка што косовската влада ја воведува од петок, a ќе трае 3 месеци и вклучува 30-отстотното зголемување на увозните […]

Растот на извозот на македонски зеленчук го разлути Косово


Ако Косово истрае на одлуката за воведување заштитна мерка за македонските земјоделски производи, тогаш Македонија ќе воведе контрамерки. Бидејќи од Косово увезуваме главно отпадно железо и амбалажирана вода, рампата ќе се крене за нив, коментираат владини извори за „Независен весник“. Сепак, додаваат дека има голема веројатност, и покрај најавите, мерката за зголемена заштита на косовското […]

Бектеши: Се прават анализи дали ќе има контра мерки за царините од Косово


Вовоедувањето на 30-отстотна царина за увоз на земјоделски производи во Косово не значи трговска војна меѓу Македонија и Косово, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Мерката не е насочена против Македонија и се однесува на сите држави во светот кои извезуваат земјоделски производи во Косово. Имајќи ги предвид сите меѓународни договори имаме обврска […]

Косово чека укинување на визите


Косовските граѓани денеска очекуваат Европската комисија да објави дека Косово ги исполнило сите услови од процесот на дијалогот за либерализација на визниот режим, јави дописникот на МИА од Приштина. Ваквиот потег на Еврокомиисјата, како што пишува денешен „Коха Диторе“, се очекуваше многу порано, посебно откако косовското Собрание го ратификува Договорот за демаркација на границата со […]

Косово ни става рампа за зеленчукот


Се чека реакција на македонската страна по најавата од Косово дека ќе воведе заштитна мерка за земјоделските производи. Викендот и НАТО-прославите ги затекнаа властите, па вчера не можеше да се добие официјална изјава ниту од надлежните министерства ниту од институциите што ќе прават ако Косово ја реализира заканата за 30 отсто зголемени давачки за увоз […]

Подобра соработка на полициите на Македонија и Косово


Унапредувањена билатералната полициска соработка со цел да се зајакне борбата против организираниот криминал како и подобрување на протокот на патници на граничните премини помеѓу Македонија и Косово, биле дел од темите за кои денеска во Скопје разговорале министрите за внатрешни работи на Македонија и Косово, Оливер Спасовски и Бејтуш Гаши. Како што соопштија од МВР, министерот […]

Анкета: Мнозинството Косовци очекуваат Србија да го признае Косово


Мнозинството косовски граѓани очекуваат преговорите меѓу Приштина и Белград, што се водат со посредство на Европската унија, да завршат со признавање на независноста на Косово од страна на Србија, покажуваат резултатите од истражувањето на приштинскиот Демократски институт на Косово (КДИ) во врска со очекувањата на Косовците од дијалогот. Таков исход очекуваат 61 отсто од анкетиираните, […]