Шестмина обвинети за планирање терористички напади во Косово


Приштина – Косовски обвинители соопштија дека против шест лица се поднесени обвиненија за планирање терористички напади и регрутирање за екстремистички групи. Како што јави Танјуг, а пренесува МИА, во соопштението не е прецизирано за какви терористички напади станува збор. Приштинскиот весник „Газета експрес“ наведува дека тие се обвинети за подготовка на напади на Косово и […]

Тачи: ОВК немаше повеќе од 12 илјади борци


Претседателот на Косово и еден од основачите и политички лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Хашим Тачи тврди дека оваа воена формација во војната во 1998-99 година немала повеќе од 12 илјади борци, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи изјавата ја даде на Регионалната конференција за борба против корупцијата која денеска се одржува […]

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија


Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот. Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија. Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и […]

Гутереш: За ОН, Косово не е држава


Српската премеирка Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ во Њујорк на маргините на заседанието на Генералното собрание на Светската организација, се сретнаа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Како што соопшти српската Влада, Гутереш во разговорот истакнал дека „за Обединетите нации, Косово не е држава“, додавајќи дека ОН ќе го поддржат можниот […]

Тачи е сигурен дека Србија ќе го признае Косово


Претсдедателот на Косово Хашим Тачи вели дека е сигурен дека Косово ќе биде признаено од Србија, без оглед на тоа што шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека то може да се случи „само кога врбата ќе роди грозје“. Изјавата на Дачиќ, според косовскиот претседател, е едноставно изборна парола. – Не сакам да ги […]

Македонски државјанин побегна од косовски затвор


Двајца затвореници, К.Г. (28) од Урошевац и Ш.Н. (31), државјанин на Македонија, кои се осудени за кривично дело тешка кражба, побегнаа вчера од затворот Дубрава во Косово, по што, денеска, се уапсени двајца полициски офицери од овој затвор, јави дописникот на МИА од Приштина. Извори од полицијата информираа дека полициските службеници се приведени и притворени […]

Партијата на Харадинај: Косово мора под итно да формира војска


Одделот за одбранебени и безбедносни политики (ДПМС) при владејачката Алијанса за иднината на Косово (ААК) го оцени како исклучително позитивно испраќањето во собраниска процедура од страна на Владата на трите нацрт-закони со кои се тежнее кон тансформација на Косовските безбедносни сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Овој орган на […]

Деда: Тачи не го разбира значењето на зборовите „корекција на границата“


Пратеникот на косовската опозициска партија Алтернатива, Илир Деда, изјави дека претседателот на Косово, Хашим Тачи воопшто не го познава меѓународното право и не го разбира значењето на зборовите „корекција на границата“ кога зборува за можниот договор со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Деда, Тачи не сфаќа дека, според меѓународното право, евентуална корекција […]

Македонија гарантира фер судење за бегалците од „Монструм“


По пет години од првото барање, македонското министерството за правда повторно испрати писмо до своите колеги од Косово во кое бара првообвинетите во случајот „Монструм“ кои се товарат дека ги убиле четирите момчиња и рибарот пред шест години кај Смилковското езеро, да бидат вратени во Македонија. Во писмото, министерката Рената Дескоска гарантира дека двајцата бегалци, […]

Српската листа против трансформацијата на ФСК во војска на Kосово


Косовската Влада на денешната седница го усвои Нацрт-законот за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Војска на Косово. На владината седница министерот за ФСК, Рустем Бериша предложи измена на три закони, со кои безбедносните сили се стекнуваат со нови надлежности, а Министерството за ФСК прераснува во Министерство за одбрана. Предлозите на Бериша, како и оној за […]

На Косово да му вратиме за лани


Спортските обложувалници ја сметаат македонската репрезентација за убедлив фаворит во денешното гостување во Приштина на стартот од втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година. За победа на Македонија е изложен коефициент од 1.45, а за домаќинот речиси двојно. Но, така беше и лани во август при минатите претквалификации, па Косово забележа изненадувачка победа […]

Вучиќ: Не сме блиску до решение за Косово и не сум оптимист


Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение. Тој додаде дека мора да се бара решение и не е оптимист по тоа прашање. Својот говор го започна со извинување бидејќи поради „блокадите […]

Вучиќ: Дојдов на Косово заради мирот и стабилноста


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека дошол на Косово со цел да се зачува мирот, стабилноста и обидите да се подобрат односите меѓу Србите и Албанците за во иднината. Вучиќ пред браната на езерото Газивода, каде што започна дводневна посета на српските заедници во Косово, рече дека длабочината и тежината на несогласувањето меѓу Србите […]

Вучиќ пристигна во Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево пристигна преку преминот Брњак во општината Зубин Поток што е негова прва дестинација од дводневната посета на Косово, јави Танјуг. Вучиќ ќе го посети Зубин Поток и потоа и хидроелектраната Газивода. Подоцна ќе замине во посета на Лешк, Лепосавиќ и разговори со политички претставници на Србите во Косово во Звечан. […]

Србија и Косово веќе не се договараат за границите


Претседателот на Србија Александар Вучиќ одлучил денеска да не разговара со претставници на Приштина во Брисел. Тоа го изјави Марко Ѓуриќ директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија. Во седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел требаше по бирателарниот состанок на српскиот претседател и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини да се […]

Симоновски поради повреда нема да настапи против Косово и Романија


Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Симоновски, поради повреда нема да настапи за македонската репрезентација на двата натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. Тој се повредил на вториот контролен меч меѓу МЗТ и Левски Лукоил одигран во саботата попладне во СЦ „Јане Сандански”. Иако не се наведуваат детали, станува збор за полесна […]

Порака од Тирана: Албанија и Косово да влијаат за успешен референдум во Македонија


Тирана  – Демократската партија, најголемата албанска опозициска партија, побара од Албанија и од Косово „да сторат се за позитивен резултат на референдумот во Македонија кој е од огромно значење за оваа земја“. Пренесувајќи го партискиот став, актуелниот пратеник и поранешен шеф на дипломатијата,Тритан Шеху, изјави дека албанскиот фактор на Балканот треба „да влијае на позитивниот […]

Дачиќ: Никој не ни нуди Косово цело да остане во границите на Србија


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека на Србија и се дава историска можност да добие нешто за своите луѓе и граѓани во Косово. – Станува збор за тоа дали ќе добиеме нешто или се ќе изгубиме, истакна Дачиќ за Радио телевизија Србија (РТС), додавајќи дека оваа можност може и да се […]

Европската комисија прифати корекција на границата Србија – Косово


Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, пренесе Еуроактив. – Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања, изјави тој во Виена, јави Танјуг. Во анализата Еуроактив се наведува […]

Лавров: Косовските Албанци не го почитуваат договорот со Србија, постигнат со посредство на ЕУ


Косовските Албанци, во текот на многу години, не го спроведуваат договореното со Србија, постигнато со посредство на ЕУ, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со српскиот колега Ивица Дачиќ. – Русија секогаш се залага за целосна и безусловна имплементација на Резолуцијата 1244, поддржуваме активности кои ги презема Белград за да […]