Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија


Во малата сала на Филхармонија вечер концерт ќе одржи гитаристот Мухамед Ибрахими  Концертот е во организација на „Баги Комуникации“. Мухамед Ибрахими е гитарист кој својата гитара ја третира на многу интуитивен и инспиративен начин, свирејќи го спонтано само она што го чувствува и извира директно од него. Неговите композиции се автентична мешавина од повеќе музички […]

Концерт „Пијан Славеј“ на сцената во битолскиот театар


Националната установа Народен театар-Битола е домаќин на уметникот Бранислав Николов од бендот „Фолтин“ чиј самостоен проект „Пијан Славеј“, нова македонска шансона, ќе биде изведен на сцената на овој театар. Во проектот „Пијан Славеј“, заедно со Николов ќе настапат уметниците Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа и тој претставува директен обид да се креира една нова македонска шансона, […]

Новогодишен концерт „Виена во Битола“


  Камерниот оркестар на Битола вечер во големата сала на НУ Центар за култура ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, годинава насловен „Виена во Битола“. Според програмата, пред публиката во Битола ќе настапат Зана Абази Рамадани, сопран од Косово, Роберто Јакини Вирџили, тенор од Италија, македонските уметници Ивана Здравкова-сопран и Мими Поп Алексова-примабалерина од Националната […]

Концерт „Re:Birth-Day – Освојување простори” по повод Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје


  Со традиционалниот концерт, Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска го одбележува денот од своето основање. Концертот насловен „Re:Birth-Day – Освојување простори” ќе се одржи на неколку простори во зградата на Филхармонија. По повод прославата на денот на основањето на ФМУ, ќе се одржат повеќе концерти […]

Концерт по повод 78 години од формирањето на Филхармонијата


  Оркестарот на Филхармонијата вечерва ќе одржи концерт насловен „Азно“, со кој ќе одбележи 78 години од формирањето на институцијата. На роденденскиот концерт како солист ќе настапат Кирил Трусов, еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена во моментов, и македонската обоистка Гордана Јосифова Неделковска. Диригент на концертот е маестро Борјан Цанев, а на програмата […]

Концерт на Ива Дамјановски во Салон 19-19


  Културно-информативниот центар – Скопје го претставува концертот „Stalking Heads“ на Ива Дамјановски што ќе се одржи вечерва од 19:19 часот во Салон 19-19. Како што информираат од КИЦ, „Stalking Heads“ е дело посветено на вревата и обид за спој на поезијата и музиката и претставува реобмисливање на македонскиот народен мелос во импресионистички стил. Ива […]

Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов вечерва во НОБ


  Оперската пејачка Ивона Нацевска и пијанистот Андреј Наунов вечерва во фоајето на Националната опера и балет ќе одржат концерт. Како гости ќе настапат Влатко Груевски – тенор, Мартина Аврамовска – мецосопран и Биљана Дабеска – сопран. Влезот на концертот е бесплатен.

Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra”


  Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Монолог на тагата”, во изведба на диригентката Дијана Имери Илкоска  и камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra” составен од врвни уметници.   На концертот ќе настапат реномираните гости кларинетистот Игор Бакревски, флејтистката Будимка Имери и актерката Симона Спировска која […]

Концерт на Македонскиот брас квартет во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија


  Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер со почеток од 19:00 часот, ќе одржи концерт Македонскиот брас квартет. Музичката формација во состав: Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон ќе исполни познати музички дела од: Г. Ф. Хендл, Х. Персел, Џ. Ф. […]

Концерт на воениот оркестар по повод 30 години Армија и Денот на народното востание


  Воениот оркестар на Армијата вечерва ќе одржи едночасовен вечерен концерт во Домот на Армијата во Скопје. Концертот се организира во рамки на активностите со кои се одбележува 30-годишниот јубилеј на Армијата и во чест на Денот на народното востание – 11 Октомври. – На концертот, во составот на армискиот воен оркестар ќе учествуваат и […]

Концерт на класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ во Штип


Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ вечер од 19 часот ќе одржи концерт во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип. На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело „Арпеџоне“ од Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Шуман и „Медитација“ од Ж. Масне. Утре со почеток во 19 часот дуото ќе одржи концерт и во Центарот за култура „Антон Панов“ во […]

Концерт „Трансцеденција за 4 пијана“ во Филхармонија


  Концерт насловен „Трансцеденција за 4 пијана“ во изведба на пијанистките Дуња Иванова, Јанинка Невчева, Ива Дамјановски и Маријана Николовска ќе се одржи вечер во Филхармонија. – Проектот „Трансценденција за 4 пијана“ претставува фузија на модерниот и класичниот звук. Преплетувањето на минимализмот со повторувачкиот манир кој создава амбиент на електроника и повторното враќање кон корените […]

Македонскиот брас квинтет ќе настапи во Софија


  Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер ќе се одржи концерт на Македонскиот дувачки квинтет, јави дописникот на МИА од Софија. На концертот ќе учествуваат Драган Младеноски – труба, Александар Златески – труба, Антонио Костевски – француски хорна, Димче Белчовски – тромбон и Александар Нинич – туба. Македонскиот дувачки квинтет е […]

Kонцертот на Бајага и инструктори од Сава Центар во 2019 од денес на блуреј и двојно ЦД


  Бајага и Инструктори во 2019 година прославија 35 години постоење, а по тој повод одржаа концерт за рок бенд, оркестар и хор во белградскиот Сава центар. Нивните најголеми хитови беа специјално аранжирани за оваа пригода, а на сцената ги придружуваа белградски солисти под диригентство на Војкан Борисављевиќ и хорот на АКУД Иво Лола Рибар […]

Концертот на „Меморија“ се сели од стадион во „Борис Трајковски“


Заради најавата за невреме и исклучително лоши временски услови на територијата на Скопје в сабота, 11 јуни 2022 година, закажаниот концерт под отворено небо на култната македонска поп-рок група „Меморија“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – „Борис Трајковски“. Купените Партер влезници важат, Фан Пит влезниците исто […]

Гардистите и воените оркестри на АРМ и Норвешка настапија на плоштадот „Македонија“


Во рамки на активностите за одбележување на тридеценискиот јубилеј и одличната меѓуармиска соработка на Армијата на Република Северна Македонија со Вооружените сили на Кралството Норвешка денеска на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, голем број граѓани имаа можност да присуствуваат на настап на кралската гарда на Кралството Норвешка и на баталјонот за почести на Армијата […]

(Галерија) Погледнете како беше на концертот на „Дип парпл“ во Скопје


Повеќеилјадната публика во Скопје, имаше можност вечерва да ужива во концертот на еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, „Дип парпл“. Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на […]

Концерт на Сенидах и Сара Јо на 1 јуни на стадионот на АРМ


Популарните имиња на регионалната трап / поп сцена во моментов, SENIDAH и SARA JO доаѓаат во Скопје со голем концерт под отворено небо, на 1 јуни на стадионот на АРМ. По нивниот настап на Ohrid Calling 2021, Senidah и Sara Jo продолжија да го креваат стандардот на балканската музичка сцена; Сенида со хитовите ,,Behute’’ и […]

„Се радувам на доаѓањето во Македонија“: Интервју со Ана Ѓуриќ- Констракта, српска евровизиска претставничка


Во пресрет на настапот на Србија на Евровизија 2022, Ана Ѓуриќ во интервјуто за JingleTV открива многу ексклузивни информации, меѓу кои како ексклузивитет, за прв пат јавноста имаше можност да го види и кучето „Роки“ кој е дел од популарниот спот за евровизиската песна „In Corpore Sano“, токму во нејзиниот дом како нејзнин домашен миленик, од каде Ана и за прв пат во опуштено издание […]

„Фрајле“ со концерт на 18 јуни пред платото на НОБ


Тие се миленички на македонската публика, па токму поради тоа и тие често во нивните интервјуа споменуваат дека од Македонија ги носат најубавите спомени… Поради таа причина, Наташа, Јелена и Невена од триото „Фрајле“ повторно ни доаѓаат во нашата метропола, но овојпат на еден голем концерт и тоа на отворено. Имено, на 18-ти јуни пред […]