Концертот „Филхармонија на кирилица“ без солист


Македонската филхармонија вечер, под диригентство на Борјан Цанев, ќе го одржи концертот „Филхармонија на кирилица“, но без солист. Пијанистката Нина Костова го откажала својот настап од здравствени причини, а поради краткото време за наоѓање друг солист, на овој концерт ќе биде изведена само симфониска музика и ќе оди во еден дел без пауза. На програмата […]

Концерт што не смее да се пропушти – Нокаут и диџеј Александар Јорданов утре на „Боемска 1“


Општина Центар, во петок 27 декември организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на „Боемска 1“. Во петок, во 11 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е […]

„Виорот на Анадолија“ – Концерт на турска џез музика со настап на Анил Шалиел и Мареечи Асу


 Концерт на турска џез музика насловен „Виорот на Анадолија“, со настап на турските музичари Анил Шалиел на саксофон и Мареечи Асу на деф, ќе се одржи вечер во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20 часот. Концертот го организира Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје, како заокружување на овогодишната активност, а […]

„Љубовна приказна“ – концерт на „Велкро пијано трио“


„Љубовна приказна“ – концерт на „Велкро пијано трио“ ќе се одржи вечер во Салон 19:19 во Културно информативниот центар во Скопје. – „Велкро проект“ (Velkro project) е формиран од интернационален состав на музичари чија мисија е соединување на различни камерни формации во најразлични форми од целиот свет. Формиран од музичарите Марко Ариани, Марко Поп Ристов […]

Концерт на Весна Ѓиновска Илкова и Кристина Светиева во Музеј на македонска борба


Во Музеј на македонска борба вечер од 20 часот ќе биде одржан концерт на Весна Ѓиновска Илкова – сопран и Кристина Светива – пијано. На програма се дела од Т. Прокопиев, Р. Аврамовски, С. Стојков, Т. Зографски, Т. Скаловски, С. Голабовски, Ј. Андреевска, Б. Светиев, А. Џамбазов. Весна Ѓиновска Илкова е водечки драмски сопран во […]

Концерт на триото „Агогик“ во Струмица во рамки на турнејата „Танго приказна“


Во Центарот за култура Струмица вечер во 20 часот концерт ќе одржи камерниот состав „Агогик “ со сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од „Центар 213“.  Ќе бидат изведени танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото, како  Пјацола, Канаро, Гардел и други познати композитори. Настанот е  во рамки на концертната турнеја […]

Концерт на хармоникашот Филип Трајковски во Мала станица


По повод Денот на државноста на Република Словенија во Национална Галерија – Мала станица вечер ќе одржи концерт хармоникашот Филип Трајковски. Концертот, што ќе започне во 20 часот, го организира Словенечкиот центар – Скопје. Филип Трајковски е роден во Скопје, на 07.03.2006 година. Од најрана возраст се интересира за музиката. Од своите девет години, почнува […]

Во Битола втор концерт „Танго приказна“


 Во Офицерскиот Дом во Битола денеска ќе се одржи вториот концерт од концертната турнеја со наслов „Танго приказна“. Љубителите на музиката и танцот ќе имаат концертно танго доживување со камерниот состав „Агогик “ и сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од „Центар 213“. Концертната турнеја „Танго приказна“ има за цел доближување на танго […]

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу


Пијанистот Арда Мустафаоглу вечер ќе има солистички концерт во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во Салон 19:19. Пред публиката Мустафаоглу ќе се престави со дела Бах, Скријабин, Берг… Арда Мустафаоглу е 21-годишен пијанист, чија кариера почнува на шестгодишна возраст. Тој e учесник на приближно 25 меѓународни натпревари, од кои има добиено 21 прва награда, Гран […]

Шпанската амбасада организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Мадрид – Скопје


Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата.  На концертот, како што соопштуваат од Амбасадата, ќе настапат македонските реномирани уметници –  „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар […]

„Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“ концерт на платото пред УКИМ по повод Денот на Европа


Концерт со наслов „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“, ќе се одржи вечер на платото пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како централен настан на Јуроп хаус по повод “Денот на Европа 2024”. Концертот ќе претставува автентично музичко патување низ историјата на домашната рок и поп-антологија. На концертот, со наслов „Мајска сесија […]

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје


 Во организација на платформата „За тебе“ за првпат на 28 мај, во Скопје ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ. Новооформената платформа „За тебе“, како што наведуваат организаторите, се залага во континуитет да промовира атрактивна, пред се, музичка културна содржина и меѓународни гостувања на светски и […]

Синтеза на старо со ново: Концерт „Македонска – турска рапсодија“ во Даут пашин амам


Во организација на новоформираната Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје, синоќа во  Даут пашин амам се одржа концертот насловен „Македонска – турска рапсодија“ со познатиот домашен музичар – канунист  Џенгиз Ибрахим. Музичките изведби на концертот, како што се анведува во соопштението од НУ Центар за култура на […]

Концерт на Дина Марковска и Јована Удовиќ во КСП Центар Јадро


Во КСП Центар Јадро вечер ќе се одржи концерт на Дина Марковска (флејта) и Јована Удовиќ (виолина). На концертот, Јована Удовиќ ќе изведе дела од Jохан Себастијан Бах – Соната за соло виолина бр. 2 во а-мол (BWV 1003), Grave, Fuga, Andante, Allegro, Фридрих Крајслер – Рецитатив и Скерцо-каприц, оп. 6 А, Дина Марковска че […]

„Поврзување“ – концерт во Македонска филхармонија


 Во Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе се одржи концертот „Поврзување“. На програмата се Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90, во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и […]

Несекојдневно: Донеси стари батерии и влези си на концерт


Несекојдневен начин на плаќање за билет за присуство на концерт. Имено, во Скопје ќе има еко концерт, на мандолинскиот оркестар „Скопје“, а за влез се наплаќа со оставање стари батерии или ситен електронски отпад. Концертот е закажан во Музејот на македонска борба на 14.11.2023г. вторник во 20 часот. – Еко концерт со мотото „Селектирај повеќе, […]

Концерт за оние кои прерано си заминаа – „Легендите живеат вечно“


Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.   Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ […]

Вечерва концерт на виолинистот Игор Пикајзен и македонската пијанистка Илинка Манова на „Охридско лето“


Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на американско-рускиот виолинист Игор Пикајзен и македонската пијанистка Илинка Манова. Тие ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Игор Пикајзен е роден во Москва и е внук на легендарниот виолинист Виктор Пикајзен. Дипломира на „Џулијард“  во Њујорк, а магистрира и се […]

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк


„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Филхармонијата кој вечер од 21 часот ќе се одржи во Градскиот парк. На програмата е музика од познати италијански филмови, а изведбата ќе биде надополнета со видеопроекции.      -Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од […]

Концерт на флејта на Страшо Темков во Прилеп


 Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп концерт на флејта ќе одржи Страшо Темков. Пијано придружба ќе биде Сара Пројковска. Страшо Темков е прв флејтист солист на Македонската филхармонија, член е на „Македонскиот дувачки-квинтет“ и на ансамблот за современа музика „Св.Софија“. Како солист има реализирано повеќе рецитални програми и солистички настапи, манифестации […]