Во Куманово концерт на „Филип Стевановски бенд“ по повод Светскиот ден на џезот


По повод Светскиот ден на џезот, и десетгодишниот јубилеј, вечерва во Занаетчискиот Дом во Куманово, концерт ќе одржи „Филип Стевановски бенд“. Кумановската публика ќе има можност да слушне афирмирање на авторска џез музика и етно џез музика со примеси на македонскиот фолклор и неговиот карактеристичен ритам, македонските евергрини, во сопствен аранжман. – Првиот дел ќе […]

Велигденски концерт на КУД „Рацин“ во Кичево


Културно уметничкото друштво „Рацин“ ќе одржи велигденски концерт на 9 април, понеделник во Центарот за култура во Кичево. „Повелете,заедно со македонско оро и македонска песна да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден“, повикуваат од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево. Концертот ќе започне во 19 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Театрален концерт на „Лајбах“ во Скопје


Авангардниот словенечки бенд „Лајбах“ завчеравечер ја исполни до последно место Дансинг салата во Младинскиот културен центар во Скопје. Овој настан беше во рамките на одбележување на 20 години од фестивалот „Таксират“, а бендот го промовираше својот последен албум „Also Sprach Zarathustra“ издаден минатата година. Музиката на овој албум е подготвена за потребите на театарската претстава […]

Вечерва концерт на „Лајбах“ во Скопје


Култната словенечка група „Лајбах“ вечерва ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје на кој ќе го претстави фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“. Настапот на групата е во низата концертни настани со кои Таксират фестивал годинава го одбележува 20. издание. Музиката за новиот албум, групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше […]

Концерт „Приватна музика“ на Кокан Димушевски во Музеј на град Скопје


Концерт „Приватна музика“ на Кокан Димушевски ќе се одржи вечерва во Музеј на град Скопје, во рамки на 41-вите Денови на македонската музика. На концертот Кокан Димушевски ќе се претстави со своите најнови остварувања на полето на електроакустичната музика, меѓу кои се и композиции наградени на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура […]

Културен информатор: Препорака за претстави и концерти до крај на неделата


22 март – четврток Кино Милениум „Бикини Мун“ – ПРЕМИЕРА Режија: Милчо Манчевски 20:00 Македонска филхармонија Денови на македонска музика Свечено отворање диригент: Борјан Цанев 20:00 Театар за деца и младинци Лакомата меца режија: Дарин Петков 19:00 Театар Комедија Дони Дарк режија: Роберт ристов 20:00 МНТ Разговори во четири очи режија: Нина Николиќ 20:00 Драмски […]

На ти со Влатко Стефановски синоќа на концертот во Скопје: Интимно, а светско


Пред еден микрофон, со две гитари,  четворица гости, со публика во темница, само тој осветлен на сцена, гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски синоќа во Македонската филхармонија го промовираше новиот албум „Мајчин јазик“ кој лани го издаде „Кроација рекордс“ од Загреб. По  40 години кариера, 34 албуми, стотици гитари и настапи низ светот и вревата што ја […]

Интервју со Влатко Стефановски: Живееме во време на хиперматеријализам


Времињата во кои живееме се напнати и стресни, постојано се рекламираат нови брендови, насилно ти прикажуваат што треба да правиш. И да сакаш да отидеш да живееш во колиба во шума, не можеш, затоа што колиба не се рекламира. Се рекламираат станчиња на 17. кат со поглед на друга зграда, вели музичарот и најдобриот гитарист […]

Брајан Фери со концерт во Скопје, влезниците по цена од 6.000 денари


Брајан Фери ќе одржи концерто во Скопје на 9 септември. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонија, а тој ќе биде придружуван од 12 музичари на сцената. „Ќе испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Roxy Music“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The […]

(ФОТО) Концерт на „Тото“: Со секоја песна се означуваше нов почеток


Легендарниот американски бенд „Тото“ вчеравечер за првпат во нивната 40 годишна кариера направија концерт во Скопје, во организација на Авалон продукција. Повеќе од два часа во ВИП Арената ечеа големите хитови како „Rosanna“, „Hold the line“, „Lovers in the Night“… безвременската „Afrika“, но и познатата „While my guitar gently weeps“ од „Битлси“. Токму оваа песна, […]

(ВИДЕО) 3Д-концерт на „Крафтверк“: Роботите два часа го возеа Скопје кон иднината


Електропионерите од бендот „Крафтверк“ вчеравечер во салата „Борис Трајковски“ ја стопираа сегашноста и цели два часа „возеа“ во правец кон иднината. Четворицата господа преводени од Ралф Хатер, како еден од основачите и најстар член на составот, на сцената се појавија точни како швајцарски часовници во 20:30 и со германска одговорност го одработија ветеното. Членовите на […]

Симон Трпчески ја воодушеви белгиската публика


Македонскиот пијанист Симон Трпчески, ја одушеви белгиската публика синоќа во една од најпрестижните сали во земјата, „Бозар“ во Брисел. Заедно со симфонискиот оркестар на белгиската национална оперска куќа „Ла Моне“, Трпчески го изведе концертот број 2 на унгарскиот композитор, Франц Лист. – Концерт број 2 е малку посифистициран израз негов како композитор, дело каде што […]

Концерти на Четкар во Њујорк, Кливленд и Детроит


Џез-музичарот Владимир Василевски Четкар деновиве ќе има три концерти во САД – во Њујорк, Детроит и Кливленд. Чекар денеска ќе настапи на Тајм сквер со концерт во познатиот њујоршки клуб „BB king Blues Club” каде редовно настапуваат звучни имиња од фанк, блуз и соул музиката. В петок, 2 февруари, Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо, […]

Концертот во Скопје на „Rag’n’Bone man“ се откажува


Авалон продукција соопшти дека од технички причини се откажува концертот на „Rag’n’ Bone man“ кој требаше да се одржи на 11 мај во арената „Борис Трајковски“. „Од технички причини, менаџментот на Rag`n`Bone Man ги откажа сите негови концерти во овој дел на Европа, вклучувајќи ги градовите: Белград, Загреб, Софија, Скопје, Солун, Будимпешта и Истанбул. Сите […]

„Полноќни огномети“- новогодишен концерт на Филхармонијата


Македонската филхармонија вечер ќе одржи новогодишен гала-концерт насловен „Полноќни огномети“, под диригентство на славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел. Како солисти на концертот ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата – Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон. Од Македонската филхармонија информираат дека по неколку години пауза, конечно го […]

Интервју со светската поп-атракција „Џипси кингс“: Во Скопје ќе направиме незаборавна авантура


„Џипси кингс“ се од оние бендови кои секогаш се актуелни, дури и да немаат нов музички материјал, слушањето на нивните песни е природно растење на хормонот на среќа. Повеќе од 25 години на сцената, многу концерти и патувања заокружени со продажба од над 25 милиони албуми. Кралевите на џипси-музиката доаѓаат во Скопје в петок (22 […]

ДЗС: Зголемен бројот на претстави и посетители во професионалните театри


Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во 2016/2017 година е зголемен за 10.3 проценти, а бројот на посетителите е повеќе за 2.1 проценти во однос на 2015/2016 година. На една претстава просечно имало 185 посетители, соопшти денеска Државниот завод за статистика. – Во 2016/2017 година во однос на периодот 2015/2016 година, бројот на […]

Традиционален новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар во МКЦ


Традиционалниот новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар ќе се оддржи на 12 декември, вторник, во Дансинг салата на МКЦ Скопје. Почетокот на концертот е закажан за 19:00, влезот е слободен. Во продолжение и програмата за концертот: Marcsh – Х. Еминовиќ Proletni zvuci – J.Strauss ABBA Gold – arr. Ron Sebregts Smoke – J.Kern arr. Х. […]