Дедо Мраз


Растевме со Дедо Мраз како дедо кој ги исполнува нашите желби, ни ги разубавувува празниците, ни носи среќа и подароци под елката, ни го собира семејството дома, на топло, со топол чај, богата трпеза, во пижами и ни раскажува новогодишни приказни пред спиење додека надвор е студено и гледаме како паѓа снег. Како возрасни сфативме […]

Подарок


Сите се надеваат или очекуваат, а сите глумат пред Нова година. За вниманието во вид на подарок, кој ви ја полни душата, ви ги краси работното биро, домот или елката. Може да ве изненади, да ве израдува, да ве восхити, да ве разочара, или да ве расплаче. Мал, голем, евтин, скап или симболичен, од срце […]

Лошо образование, назадно општество


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Почна уште една училишна година на вообичаениот начин: родители ставаат фотографии од своите деца на социјалните мрежи, нивните пријатели им посакуваат среќен почеток, па и тие ним, и така сѐ во круг. Во вестите се појавуваат очекуваните статистики: повторно бројот на запишаните првачиња паднал, повторно некој закачил неписмена табла за дочек. Малку се […]

Да останеме ненормални, да го бараме нормалното


Повеќе од една година, редовно, на секои две недели пишувам колумна за Независен весник. По повод годишнината, овие денови решив да направам преглед на напишаното. Темите на тие колумни се различни – образование, буџет, политика, здравство, судство, секојдневен живот, патриотизам, миграции, слобода на изразувањето и други. Но независно од тематската различност, во повеќе од една […]

Моќ


ЛЕЈЛА САБИТ Платежна, куповна, финансиска, политичка, преку ноќ, цел живот, заслужена, купена, заработена, наследена, и тука и во светот ви ги кројат живот и работата, за арно или за лошо, за ќар или зијан, за благосостојба или за одмазда. Некој со моќта како Супермен, спасува свет, луѓе и болни, некој со моќта како претседател сака […]

 Драга, не биди педер


ЕРОЛ РИЗАОВ „Ако има шта да се спашава, немој да идеш, не буди шашава, полазиш ка вратима кључ ти је у рукама неодлучан ход, држим ти палчеве и навијам за тебе спушташ торбу на под. О драга, не буди педер“   „Рибља чорба“, 1982   Можев до некни оваа строфа од стара песна на Бора […]

Денови на големи викотници


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Македонија очигледно има проблем. И тоа голем проблем. Надвор од својата сиромаштија, затвореност, неперспективност, незнаење – доминантната состојба на духот стана општиот нихилизам. Апсолутно омаловажување, потценување и осуда на сето она што не произлегува од тебе. Тој нихилизам од општи реакции се претвора во големи викотници, а најпосле завршува во хистерија. Во одредена […]

„Ла верита“ ја враќа демократијата во Македонија


ЕРОЛ РИЗАОВ Италијанска „Ла верита“, српски „Kурир“ и домашните стари првоборци за слобода и нови курири ја враќаат демократијата во Македонија. Тие се најсилната артилерија и логистика на водачите на востанието за најновото ослободување на заробената држава, која по вторпат ја ослободуваат тие што ја заробија по првпат. Кутра Македонија, ќе бидат цели три децении […]

Политичка шизофренија


ПЕТАР АРСОВСКИ Во моментов во Македонија се одвиваат два паралелни процеси. Првиот е процесот на неопходно чистење на општеството, политиката и државниот апарат од спрегите со „подземјето“. Тука мислам на отплеткување на безбедносните, државните, судските, политичките и деловните врски со криминалците, сивата страна на законот, парадржавата, криминалните и други структури и агентури, како и на […]

Не мешајте се со трици, ќе ве изедат свињите


ЕРОЛ РИЗАОВ Татко ми, лесна му земја, одамна е на оној свет, преку ноќ осиромашен бег, беше олицетворение на добрина и мудрост, со добри манири, само тоа му остана по револуционерните закони кога дојдоа времиња да се има, па да се нема. Омилени му беа укажувањата со народни поговорки и мудрости. Зборуваше без грам горчина, […]

Токсичен систем


НИКОЛА ПОПОВСКИ Поради бројни фактори, денес живееме во ера кога статистичките податоци од најразличен, често и прозаичен карактер се сè подобри и побројни и кога се лесно достапни за секого, а воедно и споредливи на меѓународно ниво. Тоа многу ја подобрува информираноста на сите луѓе и разни ентитети и организации во светот и значително ја […]

Катица е веќе осудена


ГОРАН АДАМОВСКИ Просто невозможно е секојдневно да се следат вестите и информациите со Катица Јанева. Те била на летување во Грција, те на фризер, те го форматирала телефонот, те го изгубила, те требало да ја апсат, те боледувањето ѝ го напишала пријателка, те ова, те она… Шефицата на Специјалното јавно обвинителство е под секојдневна истрага […]

Бред Пит


ЛЕЈЛА САБИТ Моќта, парите, шармот, убавината и амбицијата му се најголем сојузник. За жената е магнет и со манири и без манири, и нежен и груб, и експониран и мистериозен, и млад и во години, со кратка или со подолга коса, со брада или избричен. За јавноста е магнет и како разведен и како ерген. […]

Северџан е сакана душа


ЕРОЛ РИЗАОВ Тие што го употребуваат зборот сeверџан(и) за да означат предавници на татковината кои го сменија името на државата и идентитетот на народот библиски, најверојатно никогаш не би го употребиле тој збор доколку знаат што значи. Северџан е турско име составено од два збора север (сака) и џан (душа), што според најблиско толкување би […]

Фудбалски туризам 


САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Европа е мерило за сите фудбалски клубови освен за македонските. За Академија Пандев, за Шкупи и за Македонија Ѓ.П. беше можност за „собирање искуство“. Аман веќе со тоа „искуство“. Аха, да. Да не го заборавиме и она „немавме среќа“. Па, добро, има ли крај на тоа „неискуство“ и „несреќа“, што најчесто се […]

Паразити


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Не можам да скријам дека и мене ме преплави ужас кога изби скандалот „Рекет“ во текот на последнава недела. Тоа е еден ужас кој се граничи со неразбирање, ужас придружен со желба да не се прифати сомнежот, а потоа и самата реалност. Тоа е ужас кој расте и се продлабочува, кој се крие […]

Ни треба рециклирање и искористување на отпадот


МИМОЗА НЕСТОРОВА-ТОМИЌ  Отпадот значително ги загадува природата и нашата непосредна животна околина и поради тоа е наш голем секојдневен проблем – државен, градски и индивидуален. Овој тип проблеми можат да нè втурнат во голема еколошка криза, а таа веќе е детектирана во Скопје и во Тетово, додека во Струга и повеќе – таа е алармантна […]

Зошто е толку висок нашиот извоз во ЕУ?


НИКОЛА ПОПОВСКИ Нашата земја, која претставува само 0,4 отсто од населението на ЕУ и само 0,065 отсто (0,65 промили) од обемот на нејзината економија, а која има стандард на населението мерен преку показателот за БДП по жител на ниво од 16 отсто од просекот на ЕУ (4.800 наспроти 30.000 евра по жител во 2017 година) […]

Миконос


ЛЕЈЛА САБИТ Во Охрид сите се знаеме, во Маврово ни е дежа ви и ладно, Азурен Брег ни е скап, а за Малдиви немаме сметки во офшор-банки. На одмор сакаме да се пофалиме, а поевтино да поминеме, да поцрниме, а да не изгориме, да ослабиме, а да не се пијаниме, да ни биде топло и […]

Грција се врати на традиционалната политика


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Четири и пол години траеше своевидниот политички експеримент во Грција кога гласачите, гневни од корупцијата, лажните економски показатели, неочекуваното соочување со сиромаштијата и невработеноста, се свртеа кон левичарската Сириза и нејзиниот харизматичен лидер Алексис Ципрас, верувајќи дека тие можат да направат чудо во економски измачената нација. Во неделата Грците се свртеа назад, кон […]