Априлилили


Денес некому ќе му биде априлилили, некому обичен ден, некому роденден, некому слободен ден, некому тажен ден, некому среќен ден, и во животот, и во работата . Животот не е шега, ама денес ќе се шегуваме на своја или туѓа сметка, некого ќе изненадиме, некого ќе го разочараме, некому ќе му дадеме надеж, некому храброст, […]

Вие, рускиот народ, не сте наш непријател


„Не плашете се“. Тие беа првите зборови на првото јавно обраќање на првиот полски папа по неговиот избор во октомври 1978 година. Тие беа зборови што ќе го дефинираат папата Јован Павле Втори. Зборови кои ќе го променат светот. Јован Павле ја донесе пораката овде во Варшава на неговото прво патување дома како папа во […]

Ова е почеток на нова ера во Вашингтон – и Путин е одговорен


Најпосле ќе излезам и ќе предложам нешто што би изгледало крајно бесмислено дури пред еден месец: ги гледам возбудувањата во Вашингтон за новата ера на … не сум сигурен како да го наречам. „Единство“ е премногу силно. „Двопартијство“ е прерано. „Де-партизираност“ е премногу незгодна. Но, се чини дека нешто ново се случува, а одговорен е […]

Како голтарите станаа милионери


(Колумна за Дојче веле) Кога го видов насловот „Политичарите голтари станаа милионери“ објавен во речиси сите медиуми, изведен од изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прво што помислив, еве една вистинска опозициска тема од највисок државен интерес која ја џвакаме и преџвакуваме најчесто безуспешно цели 30 и кусур години.  За жал, изненадувањето за „храброста“ […]

Тераса


Од симбол на ќеф, кафе и дружење стана симбол на будење, ослободување и дистанцирање, тука или во светот, не е важно. Домот за некого беше спас, за некого бегство, терасата за некого значи враќање на нормала, а за некого привид кој не вади од дома, но не и од реалноста. Сега, во првиот месец на […]

Ни брак, ни сватови, а можеби ни веридба


Еди Рама, албанскиот премиер, е специфично колоритен политичар не само за балканските простори, туку и за пошироки европски пространства. Кога неделава шефот на европската дипломатија (надлежен и за безбедноста) Жозеп Борел во Тирана ги повторуваше истите зборови кои ги кажа во Скопје – дека Албанија и Македонија одамна го заслужија отворањето на преговорите со ЕУ […]

Апсењето на Бојко Борисов: шах и мат, но за кого?


Апсењето или притворањето на Бојко Борисов и неговите „соборци“ заврши со брзо ослободување и медиумска можност ГЕРБ да ја преземе улогата на жртви и демонстранти. На прв поглед, акцијата повеќе се покажа како автогол на премиерот Кирил Петков и министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. Особено за вториот, затоа што во рок од 24 часа […]

Долга економска зима


Руската инвазија врз Украина донесе огромни страдања на луѓето од погодените подрачја, но и долга и неизвесна економска зима во светската, пред сѐ европската, а со тоа и во македонската економија. Ова е неподелено мислење на економистите кои предупредуваат дека во глобални рамки земјите се соочуваат со период на економска стагнација проследена со висока инфлација […]

Со што ѝ се заканува Путин на Македонија?


МНР вчера му врачи протестна нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. Освен што Москва ја прогласи Македонија за непријателска држава бидејќи не ја поддржува нивната „специјална операција“ за убивање Украинци, амбасадорот јавно предупреди дека сите што ќе покажат изливи на русофобија ќе бидат внимателно евидентирани и за нив ќе следи правна постапка. Од кого и […]

8 Март


Денес, зад секое подарено и примено цвеќе се крие една желба, мит, заблуда, лага или вистина за тоа кои сме, што сме, што сме сакале да бидеме, до каде сме стигнале или во што сме се претвориле, дали сме напредувале, стагнирале, или сме се вратиле назад, со зборовите, делата, постапките, однесувањето, како поединци или држава, […]

Бесими: Светската економија пред нов предизвик, руско-украинската војна дополнително ќе ги затегне глобалните синџири на добавување


Неизвесноста е единственото нешто извеснo. Оваа изрека, која потекнува уште од времето на Римската империја, најдобро ја опишува ситуацијата со која се соочува светот сега. Светската економија се опоравуваше, но покрај пандемијата, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и ценовните притисоци, сега таа е исправена и пред нов предизвик – руско-украинската војна, пишува во колумна […]

Единство бараат оние кои ги сеат поделбите и омразата


(Колумна за Дојче веле) Кога човек има илјада гајлиња, како да нема ниедно. И онака не можете ништо да поправите. Една дупка ако затворите, од сите други тече. Кога пак државата има милион проблеми, наместо да се нервирате, обидете се од еден друг, повесел агол да си олесните читајќи и гледајќи глупости. Така грижите, барем […]

Западните лидери уште се прашуваат: А што би направил Кисинџер?


(Колумна за Дојче веле) Големи лидери, мали лидери. Голема криза, уште поголема криза. Војната во Украина еден ден изгледа неизбежна, другиот ден помалку возможна. Во Москва како на филмска лента се менуваат западните гости кои бараат од руските власти да го намалат трупањето на војниците на границите со Украина и да почне деескалација. И дека […]

Минимална плата


Работниците успеаја да издејствуваат зголемување на минималната плата на 18 илјади денари, и тоа без одложување, веќе од март оваа година и без парцијално зголемување „на рати“, туку во целост и веднаш. Гледано од овој аспект, ова е голема победа на синдикатите кои поддршка најдоа и кај Владата. Таа не само што застана зад нивните […]

Игри


Цел живот не следат игри. Детски, наивни, олимписки, политички, задкулисни…, некогаш играта е само игра, а некогаш од играта ви зависи животот. Во „играта“ некогаш бараме друштво, некогаш „играме сами“, некогаш победуваме, некогаш си даваме „авто-гол“, зависиме од себе или од другите, сакаме да ги „надиграме“ времето, обврските, амбицијата, конкуренцијата, здравјето, годините, ставата, стилот… На […]

Снег


Некогаш го посакувате за Нова година, некогаш го чекате цела зима, некогаш снежи само еден час, а некогаш паѓа без прекин. Во природата, на планините, во град, на село, под вашиот прозорец или во вашите мисли. Раскажува романтична или болна приказна, виртуелна или реална, доживеана или прераскажана. За некого е игра, за некого обврска, за […]

Грен слем 21 и Квака 22


Австралискиот федерален судија Ентони Кели одржа училишна лекција за владеење на правото, менувајќи ја неразбирливата и неразумна одлука на државните власти да му забранат влез на Новак Ѓоковиќ, кој пристигна таму за да го освои својот десетти Австралија опен, 21. Грен слем, и официјално да влезе Најголемиот на сите времиња. Во сериозна држава во која […]

2022


Точно на полноќ влезе во нашите животи, без да не праша, и без пардон почна да ја троши новата  година. Со петарди и огномет, со музика или во тишина, додека славевме, спиевме или сонувавме. Пијани или трезни, здрави или болни, дотерани или во пижами, за некого дочекот беше специјален настан, а за некого-баш ни е […]

Омикрон е почеток на крајот


Се чини дека сите што ги познавам имаат ковид. Во претходните фази на пандемијата, повеќето од моите пријатели беа поштедени од директен допир со вирусот. Можеби порано биле многу повнимателни. Или можеби имаа само среќа. Која и да е причината, нивната добра фортуна сега истече. Седум блиски пријатели неодамна ми кажаа дека се тестирале позитивно. […]