На небеските проблеми им треба тврдо приземјување


АНИТА САЛТИРОВСКА Штетата е направена. Сомнежот во безбедноста на летање од македонските аеродроми е посеан. Ако некој мисли дека граѓаните пред да купат авионски билет ќе се задлабочат во истражување кој е во право од оние што изнакажаа сè и сешто за случувањата во М-НАВ, се лаже. „Леонардо“, паѓање на радарска слика, авиони на недозволено […]

Мохито


ЛЕЈЛА САБИТ Имате за виртуелен, а не за вистински одмор? Не сте поканети на црвен килим или коктел? Сакате да ги имитирате убавиците од „Сексот и градот“? Ова е рецептот за вас, за жешкото лето во Скопје. Потребни се: 400 грама сонце, 400 грама море или планина, многу мраз, 200 грама целосно опуштање, локација по […]

Риалити шоу од институциите


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ја научи лекцијата – донел одлука да им се одземаат мобилните телефони на сите што влегуваат во неговата канцеларија и со кои е на заедничка средба. До вчера било демократија, т.е. анархија, тој имал доверба во тие со кои зборувал, ништо не криел и не слушнал дека […]

Реконструкцијата и по неа


НИКОЛА ПОПОВСКИ Реконструкцијата на Владата што долго се најавуваше, која се претвори во клучен, па и можеби единствен аргумент за победа на Стево Пендаровски во вториот круг на претседателските избори и претендираше да даде одговор на многу од прашањата за кои сегашната власт не испорача ни блиску до соодветни одговори, се претвори во антипод на […]

Ветинг и за политичарите


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Од некаква морална супериорност, политичарите најавуваат дека ветингот во МВР само што не започнал. Дека со него ќе почнело институционалното прочистување на полицијата, што ќе довело до повисока професионализација. Можеби ќе биде така, но самото спроведување на ветингот не е никаква гаранција дека полицијата ќе биде и попрофесионална, и поодговорна, и помалку склона […]

Блескаат во неуспехот и срамот


Александар Николоски Вчера во Луксембург, почитувани читатели на овие редови, се потврди тоа што сите го знаевме, додуша некој порано, некој подоцна – дека Македонија со Заев, Димитров, Османи, Шекеринска и компанија и овој јуни нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Како тргнале и ако вака продолжат да работат, односно да […]

Тетки зад шалтерот


Драматичните слики од почетокот на декадата, кога почна масовното менување на старите лични карти, пасоши и возачи дозволи со нови биометриски, изгледаат далечно само за оние чии документи за идентификација, патување или возење сè уште имаат валиден рок на траење. Сите останати што ја немаат таа среќа можат во живо да се уверат дека времето […]

Време е да се преброиме


Тоа што вчерашната седница на Комисијата за европски прашања беше одложена, наводно поради тоа што не бил обезбеден претставник од мисијата на Европската Унија, е веројатно дел од политичките игри меѓу партиите. Опозицијата се налути затоа што не била консултирана во подготовката на пописот, па сега се бара заеднички јазик за обемната операција. И мора […]

Груевистите токмат алиби за Европа


ЕРОЛ РИЗАОВ Македонија го трча десеттиот круг за влез во Европа. Деветте маратони со свидетелства и преодни оценки на европските комисии, дека тркачот стигнал до целта и дека е подготвен за отпочнување на преговорите со ЕУ, не ги импресионираа многу тие што вистински одлучуваа за достигнувањата на 14-годишниот вечен кандидат од Балканот. Стара Европа е […]

Кристално чиста препорака за нејасна иднина


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Еврокомесарот Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини,  вчера застанаа цврсто зад препораката за преговори за членство со Македонија. Ги употребија сите аргументи и сите „оружја“ за да ги убедат земјите членки дека нивната одлука треба да биде потврдена и дека таа ќе биде пресвртна за нас и за регионот. […]

Дилемите околу реформите на јавниот сектор


Борче Давитковски    Прашањето кои се и колкави се дилемите со кои се соочува реформата на целокупниот јавен сектор можеме да го анализираме од повеќе аспекти и да го бараме во низа појави и состојби. Доколку во јуни не добиеме датум за преговори за влез во ЕУ, тоа најверојатно ќе биде резултат на (не)спроведувањето на […]

Инаугурацијата во сенка на отсутните


ЕРОЛ РИЗАОВ Јавноста во Македонија треба да ја знае вистината зошто премиерот Зоран Заев, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска-Давкова не беа присутни на инаугурацијата на првиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Владата соопшти дека Заев зел четири слободни дена. Дали Мицкоски и Силјановска не добиле навистина покани да бидат присутни на […]

Анкетите се кријат како „змијата нозете“


Александар Кржаловски   Немав намера повторно да пишувам за анкетите. Неделава сум во Белград, како учесник на најголемиот глобален настан на „третиот“ граѓански невладин сектор – Меѓународната недела на граѓанското општество, која се одржува секоја втора година (претходните беа во Јужна Африка, Колумбија и Фиџи). Тоа е добар повод за колумна, со оглед на актуелните […]

Единствена вина на Блерим Река е што е Албанец


РОБЕРТ НЕСИМИ Кампањата за претседателските избори полека влегува во завршна фаза. За разлика од неколку претходни претседателски избори кои се одвиваа во драматични моменти и тензични ситуации, оваа година кампањата е крајно мирна и поминува без каков било вид инциденти. Голем придонес за тоа секако имаат и профилите на самите кандидати, како и нивната изборна […]

Мапет шоу во Бутел


ЕРОЛ РИЗАОВ Ние ќе ви покажеме како се водат евроатлантските процеси и интеграции, извика во Бутел Гордана Силјановска-Давкова, претседателски кандидат на својата шоу-турнеја која почна со татковината те вика, а од некни со ново име – запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе. Одобрувањето на оваа генијална идеја стаса веднаш со мртва тишина. Во […]

Гневните, разочараните и заборавените ќе ја изберат Гордана за претседател


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Имајќи предвид дека на страниците на „Независен весник“ пишувам секоја втора среда и дека до првиот круг на претседателските избори ќе немам друг текст, би сакал да го кажам моето мислење во однос на кампањата и кандидатите. Прво нешто што паѓа во очи е огромната разлика во квалитет. Од една страна е Гордана […]

Како да се победи популист


СЛАВОМИР СЈЕРАКОВСКИ Никогаш немало повеќе популистички влади отколку што има денес. Досега популистите не беа отстранети од власт преку гласање во ниту една западна земја. И покрај тоа што претседателот на Словачка има само симболична моќ, убедливата победа на борецот против корупцијата, Зузана Чапутова, над популистичкиот кандидат пред десетина дена може да сигнализира промена во […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Од вас се бара прецизност: ова е убав период во кој завршувате една фаза и започнувате нова. Планетите во Риби ве тераат да размислите за мотивите на некои поединци и на тој начин ја гушите спонтаноста. Фокусирајте се на она што треба да го комплетирате и надминете ја стагнацијата, ослободувајќи се од минатото. Практичност. БИК: Ослободени, […]

А, сега ајде на работа


Ерол Ризаов Најголемото достигнување во независна Македонија, уривањето на барикадите на патот кон Европа, може да се претвори во најголем пораз ако тој огромен историски капитал се потроши бадијала. Не е за чудење, бидејќи и порано ни се случувало кога сме биле пред целта да направиме самоубиствено салто мортале и да уништиме се што е […]

Македонското тешко оро – од сиртаки па до чардаш


Звонко Давидовиќ   Деновиве во Македонија главна тема или топ-тема, што би рекле новинарите, е бегството на Никола Груевски. Секој има свое видување или свој коментар за настанот, а мене сето ова ме потсетува на она машко перчење за главата на семејството и машката доминација во македонското семејство. Тоа перчење во врска со главниот збор […]