Кој е Ли Чијанг, човекот што ќе биде нов кинески премиер


  Пред почетокот на 20-тиот партиски конгрес оваа недела, малку луѓе надвор од Кина беа слушнале за Ли Чианг, а камоли дека тој ќе стане вториот најмоќен лидер во Кина. Дури во неделата, кога шефот на Комунистичката партија во Шангај го следеше Ши Џинпинг на сцената во Големата сала на народот, стана очигледно дека 63-годишниот […]

Кинеските медиуми за отстранувањето на поранешниот претседател на Кина: Не му беше добро


  Во неочекуваниот потег што ја наруши церемонијата на затворање на Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина во саботата, поранешниот кинески лидер Ху Џинтао беше изведен надвор од салата. Се чини дека 79-годишникот со изнемоштен изглед не сакаше да го напушти првиот ред каде што седеше до кинескиот претседател Си Џипинг. Државните медиуми доцна […]

Си Џипинг рекорден трет пат потврден за лидер на партијата, уште повеќе ја зајакна целосната контрола


Си Џипинг на редовниот партиски конгрес што се одржа во Пекинг беше потврден како лидер на кинеската Комунистичка партија по рекорден трет пат по ред. Кинескиот претседател очекувано победи на крајот на еднонеделната партиска седница на која Џипинг ги исклучи од раководството оние што ги сметаше за свои противници. Си излезе на сцената со шест […]

(Видео) Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао изнесен од Конгресот на Комунистичката партија


Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао беше изнесен од церемонијата за затворање на Конгресот на Комунистичката партија во Пекинг. Ху (79) со изнемоштен изглед седеше покрај претседателот Шји Џинпинг кога официјални лица му пријдоа и го изнесоа надвор. Не беше дадено објаснување. 【胡锦涛动作显示不自愿地被带离场】【拒绝"被搀扶"、试图再坐下、拍打李克强手臂、习近平反应冷淡】法新社画面显示,工作人员首先拿起了胡锦涛的眼镜,当尝试搀扶他时,胡锦涛右手缩回去,然后胡锦涛伸手拿习近平枱上的文件,工作人员即时制止。之后习近平头部转向相反方向,没有再理会胡锦涛。 pic.twitter.com/Y32PJyksP1 — 自由亚洲电台 (@RFA_Chinese) October 22, 2022 Еден вработен се обиде да го […]

Кинескиот премиер Ли Кечијанг нема да биде во новото раководство на владејачката партија


 Кинескиот премиер Ли Кечијанг, поранешен број два во раководството на Кина и главен поборник за економски реформи, е еден од четворицата членови на моќниот седумчлен Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, кои нема да бидат повторно именувани во телото. Нивните имиња не се најдоа на списокот на новиот состав на 205-члениот Централен […]

Вашингтон пост: ФБИ во куќата на Трамп пронашле разузнавачки податоци за Кина и за Иран


Високо чувствителните разузнавачки информации за Иран и Кина се содржани во некои документи што американското Федерално биро за истраги ги пронајде за време на претресот во домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида, објави Вашингтон пост, цитирајќи извори. Станува збор за тајни документи кои ја опишуваат разузнавачката работа поврзана со Кина, а барем […]

Очекувањата за поблаги корона мерки во Кина ја зголемија цената на нафтата над 93 долари


  Цените на нафтата денеска се искачија над 93 долари поради очекувањата дека ублажените корона мерки во Кина ќе ја поттикнат потрошувачката, што ги засени стравувањата од економско забавување поради зголемувањето на каматните стапки во САД. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше за еден долар повисока од вчерашното затворање и изнесуваше 93,38 долари. […]

Силен земјотрес во Кина


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот кинески регион Чинхај, соопшти Американскиот геолошки институт. Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 8,6 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.

Кина ја стопира испораката на течен природен гас во ЕУ


Кина им препорача на државните увозници да престанат со препродажба на течен природен гас (LPG) на странски клиенти, бидејќи владата сака да обезбеди безбедно снабдување на своето население во зимската грејна сезона, објави денеска агенцијата „Блумберг“. Упатени во оваа работа изјавија за американската новинска агенција дека Националната комисија за развој и реформи побарала од компаниите […]

Кина ги предупреди САД дека испраќаат „опасни сигнали“ до Тајван


  Кина ги обвини САД дека испраќаат „многу погрешни, опасни сигнали“ до Тајван, откако американскиот државен секретар вчера му кажа на својот кинески колега дека одржувањето на мирот и стабилноста во Тајван е од витално значење. Тајван беше во центарот на 90-минутните, „директни и искрени“ разговори меѓу државниот секретар Eнтони Блинкен и кинескиот министер за […]

Во централна Кина црвен аларм поради недостиг на вода


Во централната кинеска провинција Џиангси за првпат е прогласен „црвен аларм“ поради недостиг на вода, бидејќи нивото на водата во најголемото кинеско езеро Појанг падна на рекордно ниско ниво. Појанг е витален извор на вода за најголемата кинеска река Јангце, а поради сушата во последните три месеци нивото од 19,43 метри падна на само 7,10 […]

Потпретседателот на Кина ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора


Кинескиот потпретседател Ванг Чишан ќе присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.   „На покана на британската влада, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Ванг Чишан ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи во Лондон на 19 септември“, соопшти портпаролот на […]

Ватикан побарал средба на папата Франциск со Си Џинпинг во Казахстан, но Кина одбила


  Ватикан и пренел на Кина дека папата Франциск сака да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг додека двајцата се наоѓаат во главниот град на Казахстан, но Кина одговорила дека нема доволно време за тоа, изјави синоќа извор од Ватикан. Изворот не наведува други детали за тоа како и кога Ватикан ја пренел пораката […]

„Газпром“: Кина рускиот гас ќе го плаќа во јуани и во рубли


Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека со Кинеската национална нафтена корпорација потпишал договор со што се предвидува постепено преминување на плаќање за руски гас во јуани и во рубли, наместо во долари. Можноста за плаќање во рубли и во јуани ќе биде корисна и за „Газпром“ и за Кинеската национална нафтена корпорација, смета извршниот […]

Досега 65 жртви во земјотресот во Сечуан


 Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес што ја погоди кинеската југозападна провинција Сечуан се искачи на 65 луѓе. Речиси 250 лица се повредени, од кои десетина се во потешка здравствена состојба. Спасувачките екипи работат на извлекување на повеќе од 200 луѓе заробени под урнатините, а исто така се обновуваат и водоводната и телекомуникациската мрежа. Земјотрес […]

Бројот загинати во земјотресот во Кина се искачи на 46, се трага по уште 16 лица


  Билансот на жртвите во земјотресот што вчера ја потресе југозападната кинеска провинција Сечуан достигна 46 загинати и 50 повредени. Според последните информации што денеска ги објави кинескиот „Народен дневник“, 16 лица се водат како исчезнати. Најтешко погодена од земјотресот со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала е областа Лудинг, на околу 200 километри […]

Кина е против ограничување на цената на руската нафта, Русија се заканува на Г7


  Кина денеска соопшти дека се противи на ограничување на цената на руската нафта, откако министрите за финансии на Г7 минатата недела се согласија да воведат ограничување за „намалување на приходите на Москва за војната во Украина“. – Нафтата е еден од главните светски производи и е од клучно значење за обезбедување на глобално снабдување […]

Седум лица загинаа во земјотресот во Кина


Најмалку седум лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди југозападна Кина, информираа локалните власти. Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди планинската провинција Сечуан, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил на мала длабочина од 10 километри, на околу 200 километри југозападно од метрополата Ченгду. Земјотресот се случил во 12:52 часот по локално време. 

Силен земјотрес од 6,8 степени ја погоди Кина


Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан. Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, соопшти центарот. Земјотресот се случил на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC. Неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од […]

Поради корона вирус наредено да се затворат милиони луѓе околу Пекинг


 Кина нареди затворање на милиони луѓе во областите околу кинескиот главен град, а властите ги удвоија напорите за спречување на ширење на Ковид-19 пред овогодишниот клучен состанок на владејачката Комунистичка партија. На речиси четири милиони луѓе во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, им е наредено да останат дома до крајот на неделата, бидејќи се […]