Кинески државен медиум најави олабавување на мерките за коронавирусот


  Кинескиот државен медиуми Јикаи (Yicai) јави дека условите за земјата да го ублажи своето управување со Ковид-19, како сериозна заразна болест, се подобруваат бидејќи коронавирусот слабее. Од јануари 2020 година, Кина го класифицира Ковид-19 како заразна болест од категоријата Б, но ја управуваше според протоколите од категоријата А, што на локалните власти им даваа […]

Властите во Кина најавија олеснување на корона мерките во Гуангжу и Чонгкинг


  Кинеските градови Гуангжу и Чонгкинг денеска најавија олеснување на ограничувањата за коронавирусот, еден ден по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Гуангжу.   Локалните власти во Чонгкинг донесоа одлука да дозволат контакт со луѓе позитивни на корона вирусот, но под одредени услови кои вклучуваат домашен карантин.   Градот Гуангжу, кој се наоѓа недалеку од […]

Џијанг Цемин, кој ја водеше Кина по масакрот на Тјенанмен, почина на 96 години


  Џијанг Цемин, кој ја изведе Кина од изолација откако армијата ги скрши продемократските протести на плоштадот Тјенанмен во 1989 година и ги поддржа економските реформи кои доведоа до деценија експлозивен раст, почина во средата. Тој имаше 96 години. Џијанг, кој беше претседател една деценија до 2003 година и ја предводеше владејачката Комунистичка партија 13 […]

Ситуацијата во Кина со короната и протестите како морничава дистопија (Видео)


  Кинеските универзитети ги испратија студентите дома, а полицијата е на улиците во Пекинг и Шангај за да спречи повеќе протести во вторникот, откако групи луѓе поради строгите антивирусни ограничувања повикаа лидерот Ши Џинпинг да поднесе оставка во најголемото изблик на јавно несогласување во последните децении. Властите олеснија некои контроли по демонстрациите во најмалку осум […]

Во невремето во Синџијанг починаа седум лица


Седум луѓе починаа откако Алтај во ујгурскиот автономен регион Синџијанг беше зафатен од исклучително студено време. Според локалните власти во северозападна Кина, Алтај е погоден од најсилниот студен бран во изминатите десет години, придружен со силни ветрови и виулици. На 26 ноември осум лица исчезнале во близина на националниот автопат Г217, што е клучна врска меѓу северниот […]

Сунак: Заврши „златната ера“ во односите со Кина


Британскиот премиер, Риши Сунак, изјави дека е завршена т.н. „златна ера“ во односите со Кина, објави денеска „Би-Би-Си“. Во своето прво надворешнополитичко обраќање Сунак оцени дека блиските економски врски меѓу Велика Британија и Кина од претходната деценија биле наивни. Според него, Обединетото кралство треба да го замени желбите со цврст прагматизам кон своите конкуренти, нагласувајќи […]

Белата куќа соопшти дека го почитува правото на протест на кинескиот народ


САД ја изразија својата поддршка за луѓето во Кина кои протестираат против „затворањата“ (локдаун)  што нивната влада ги воведува, строго следејќи политиката на нулта-ковид. – На луѓето треба да им се дозволи… правото да се собираат и мирно да протестираат против политиките или законите или диктатите… со кои не се согласуваат, изјави портпаролот на Белата […]

Полицијата претепа и уапси новинар на Би-Би-Си за време на протестите во Кина


  Кинеската полиција претепа и уапси еден од новинарите на Би-Би-Си кој известуваше за протестите против мерките за Ковид-19 во Шангај, но тој беше ослободен од притвор по неколку часа, јави Би-би-си, пренесе Ројтерс. „Би-Би-Си е крајно загрижен за односот кон нашиот новинар Ед Лоренс, кој беше уапсен и со лисици на рацете додека известуваше […]

Протести во Шангај поради ограничувањата за Ковид-19


Во Шангај денеска избувнаа протести поради заклучувањето како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, нагласуваат очевидци во изјави за западни медиуми, додека во Кина расте гневот против драконската политика „нулта ковид“ што владата ја спроведува речиси три години. Во видео на интернет, а кое според агенцијата Франс прес е снимено на улица во центарот […]

Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ добитник на „Златната тула“ на „Анимакс Скопје Фест“


Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ на авторот Кс Жанг е овогодинешниот добитник на „Златна тула“ на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот анимиран филм „Со негова милост“, додека „Бронзената тулa“ ја доби корејскиот филм „Куклена приказна“ на авторот Парк се Хонг. За […]

Кина објави рекордни 32.695 случаи на инфекција со корона вирус


Кина денеска пријави 32.695 случаи на заразени со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е нов рекорден број заразени со Ковид, објавија здравствените власти во земјата.   Од тој број, 3.041 пријавени случаи биле симптоматски, а 29.654 асимптоматски.   Овој рекорд следеше откако вчера беа регистрирани 31.144 случаи на заразени, што е најголем број […]

Десет мртви во пожар во станбена зграда во Кина


Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Синџијанг, јави државната телевизија CTV. Според телевизијата, причина за пожарот што избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен разводник. Британските медиуми пренесуваат дека деветмина повредени се задржани во болница поради труење со […]

(Видео) Милиони во локдаун во Кина, се чудат што се случува на Светското


Џенгџу е град во средна Кина во кој се наоѓа голема фабрика за производство на ајфони, а нареди затворање на шест милиони луѓе по наглиот пораст на случаи со Ковид-19, што предизвика големи протести во тоа индустриско средиште. Стотици работници – демонстранти пред фабриката се соочија со полицијата наоружана со палки и облечени во бели […]

Катар и Кина се договорија за испорака на течен гас до средината на векот


  Катарскиот производител на гас „Катар енерџи“ потпиша 27-годишен договор за набавка на течен гас со кинеската „Синопек“ , нагласувајќи ја важноста на долгорочните договори во услови на нестабилност на пазарот. Трката за ЛНГ се засили од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, а побарувачката ја предводи Европа, која се обидува да го […]

Кина е против исклучување на Русија од Г20 и други меѓународни форуми


  Кина е против исклучување на Русија од Г20 и други меѓународни форуми, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на индонезискиот остров Бали. Тој, на почетокот на билатералниот состанок со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на самитот на Г20, посочи дека Пекинг ја поддржува улогата на Русија во […]

Во Кина нови 17.909 случаи со корона вирус


Кина вчера регистрираше 17.909 случаи со Ковид-19, а од нив 1.661 со и 16.248 без симптоми, јавија дел од британските медиуми, повикувајќи се на кинеската државна здравствена комисија. Ден претходно беа евидентирани 16.203 нови заразени лица, од кои 1.794 со и 14.409 без симптоми. Со исклучок на заразата внесена однадвор, Кина забележа 17.772 локални случаи, […]

Бајден и Ши разговараа за Тајван во обид да избегнат „конфликт“


  НУСА ДУА, Индонезија – Претседателот Џо Бајден се спротивстави на „присилните и сè поагресивни акции“ на Кина кон Тајван и изрази загриженост за човековите права за однесувањето на Пекинг во Ксинџијанг, Тибет и Хонгконг за време на неговата прва лична средба во понеделникот со претседателот Ши Џинпинг, соопшти Белата куќа. Во изјавата за приближно […]

Кина го скрати карантинот за патници


Кина одлучи да ублажи дел од ограничувањата воведени поради коронавирусот, соопштија денеска нејзини здравствени претставници. Меѓу другото, за два дена ќе биде скратен карантинот за блиски контакти на заболените, како и за патниците кои доаѓаат во земјата, а ќе бидат укинати и казните за авиокомпаниите поради донесување заразени патници, јавија дел од британските медиуми. Според […]

Во Кина денеска регистрирани најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци


Кина денеска пријави најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци и покрај повеќекратните заклучувања, што влијаат врз економијата и секојдневниот живот. Министерството за здравство соопшти дека денеска на локално ниво се забележени речиси 5.500 нови случаи на инфекција со коронавирус. Голем број од заразените се во јужната провинција Гуангдонг. Во централната провинција […]

Кинеските власти им се јавуваат на невестите и ги наговараат да затруднат


Интернетската објава на новопечена невеста во Кина, која локалната власт ја контактирала со прашање дали е трудна, собра десетици илјади коментари пред да биде тргната, а многу корисници на интернет рекоа дека добиле слични повици. Распаравата на интернет следеше откако претседателот Си Цинпинг минатата недела на 20 конгрес на Комунистичката партија рече дека кина ќе […]