Кинески „Синопек“ го пушти во употреба најголемиот погон за фаќање на јаглерод диоксид


  Нафтениот гигант „Синопек“ (Sinopec) денеска соопшти дека го отворил најголемиот кинески капацитет за фаќање, користење и складирање на јаглерод (CCUS), додавајќи дека во 2025 година планира да изгради уште два капацитети со слична големина. „Синопек“ е меѓу водечките компании кои започнаа пилот проекти за фаќање и складирање на јаглерод диоксид во Кина за да […]

Кинески град го намалува работното време на трговските центри заради штедење струја


Кинескиот град Чонгкинг од денеска воведе скратено работното време на трговските центри поради „вонредната ситуација“ во снабдувањето со електрична енергија, предизвикана од актуелниот топлотен бран, соопшти администрацијата на градот со над 31 милион жители. Овие мерки значат дека неколку десетици трговски центри во градот мора да се прилагодат на работното време од 16:00 до 21:00 […]

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор на кризата во Украина


Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска, кинескиот амбасадор во Москва, Џанг Ханхуи го обвини Вашингтон дека „ја поддржува Русија во ќош со постојаното проширување на НАТО“ и „ги поддржува силите кои сакаат да ја усогласат Украина. Со ЕУ, не со Москва“. […]

(Видео) Кина дозволи да се возат автомобили без возач, еве како изгледа тоа


Иако голем број прототипови на возила без возач веќе успешно ги поминаа првите тестови на јавните патишта, овој пример досега е најблиску до она што не очекува во иднина. Deeproute.ai објави видео од тест рута, каде што прототипот на автономно возило успешно ги надминува сите предизвици во возењето без учество на возачот. На пробната патека […]

Твитот на портпаролката на кинеското МНР го насмеа светот


Хуа Чунјинг – портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи стана предмет на потсмев на социјалните мрежи поради твитот во кој се оправдува припадноста на Тајван со Кина, наведувајќи го бројот на кинески ресторани на островот. Добивај вести на вибер „Baidu Maps, една од главните апликации за мапи во Кина, покажува дека има 38 ресторани […]

Кина воведе санкции кон Ненси Пелоси по нејзината посета на Тајван


Кина воведе точно неодредени санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, „и членовите на нејзиното потесно семејство“, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг, јави ДПА. Одлуката на кинеските власти следи по вчерашната посета на Пелоси на Тајван, и покрај претходно јасно искажаното предупредување дека нејзината посета на Тајпеј ќе се […]

Кинески авиони и бродови ја поминале линијата на раздвојување со Тајван


  Тајван објави детали откако кинески бродови и авиони утрово ја поминале линијата на раздвојување. Инаку, Кина спроведува големи воени вежби околу Тајван. Вчера во морето околу самоуправниот остров испалија 11 ракети што го разбесна Тајван, кој порача дека се подготвува за војна. Извор од тајван вели дека 10 кинески бродови ја поминале линијата на […]

Грција ја поддржува „политиката на една Кина“


 „One China policy“, односно политиката на една Кина е позицијата на Грција, изразена како од владиниот портпарол и шефот на грчката дипломатија, така и од опозициската СИРИЗА, јави  дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за односите Кина-Тајван, рече дека на […]

Зеленски барал да разговара со кинескиот претседател, но Ши е недостапен


  Украина бара шанса директно да разговара со кинескиот лидер Ши Џинпинг со цел да се помогне да се стави крај на војната со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за „Саут Чајна морнинг пост“. Тој ја повика Кина да го искористи своето големо политичко и економско влијание на Русија за да стави крај на […]

Вселенското ѓубре на Кина повторно и се заканува на Земјата


За време на викендот, Кина лансираше нова ракета Long March 5B која носи нов модул за кинеската вселенска станица Тиангонг. Модулот Wentian содржи научна опрема за спроведување на експерименти во вселената и простор за престој на астронаутите. Тој се приклучи на модулот Tainhe кој беше лансиран минатата година, а до крајот на оваа година кинезите […]

(Видео) Едно лице загина во експлозија на гас во станбена зграда во Кина


 Едно лице загина, а 12 се повредени во експлозија на гас во шесткатна станбена зграда во кинескиот пристанишен град Тијанџин, јавија денеска државните медиуми. Потрагата по уште три исчезнати лица продолжува. Повредите на останатите 12 спасени лица не се опасни по живот, се вели во соопштението. Експлозијата се случила околу 7:15 часот во градската област […]

Кина пријави 1.012 нови случаи на Ковид за 19 јули, во споредба со 776 еден ден претходно


Кинеските власти соопштија за 1.012 нови случаи на инфекција со коронавирус на 19 јули, од кои 150 биле симптоматски, а 862 асимптоматски. Според кинеската Национална здравствена комисија, првпат од 20 мај бројот на заболени дневно е над илјада. Вчера се пријавени 776 нови случаи – 237 симптоматски и 539 асимптоматски. Не беа пријавени нови смртни […]

Кина со рекорден трговски суфицит во јуни


Трговскиот суфицит на Кина скокна на рекордни 97,9 милијарди долари во јуни, откако растот на извозот се забрза по олеснувањето на анти-ковид мерките што привремено го затворија Шангај и ја нарушија трговијата. Извозот се зголеми за 17,9 отсто на 331,2 милијарди долари, со што го зајакна мајското темпо од 16,9 отсто, покажаа денеска објавените податоци на царината. Увозот се зголеми за […]

Во Кина црвен аларм – покривите и патиштата се топат


  Кина– Во многу кинески градови владеат високи температури, при што од топлотните бранови се топат покривите на зградите и патиштата, додека непријатното време ги принуди луѓето во подземни засолништа, пренесуваат медиумите во светот.   До вторник во 11 часот, 68 градови – вклучително Шангај и блискиот Нанџинг – објавија црвен аларм, највисок во тристепениот […]

Политика на „нулта ковид“: Голем број кинески градови воведуваат нови мерки


Голем број кинески градови воведуваат нови мерки против коронавирусот, од затворање на деловни активности до заклучување, за да се спречат нови инфекции, додека комерцијалниот центар Шангај се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање откако регистрираше подваријанта на омикрон. Со оглед на тоа што Кина се држи до својата политика на „нулта ковид“ за брзо сузбивање […]

Милиони Кинези во карантин поради новите случаи на коронавирусот


Кина– Десетици милиони Кинези денеска се во „локдаун“ поради коронавирусот, со нови жаришта на епидемијата регистрирани во туристичкиот центар Сијан, како и во најголемиот кинески град Шангај. Здравствените власти соопштуваат за повеќе од 300 инфицирани, што предизикува стравувања од повторно наметнување сеопфатни ограничувања. Новите случаи и одговорот на властите ги продлабочуваат стравувањата дека Кина би […]

Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус


Кина– Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават […]

Стотици илјадници евакуирани и огромна материјална штета во поплавите во Кина


Стотици илјадници евакуирани, прекината настава, уништена жетва, оштетени патишта и сообраќај во застој се последиците од големите поплави и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во неколку кинески провинции. Во јужната провинција е прекината наставата, канцелариската работа и јавниот превоз поради порастот на нивото на водата и опасноста од лизгање на земјиште. Во соседната провинција Џиангкси, […]

(Видео) Торнадо што траеше само една минута во Кина преврте автомобили


  Градот Фошан на југот на Кина се најде на удар на торнадо. Иако траеше само една минута, оштетени се бројни згради, возила и сообраќајна инфраструктура. Силното торнадо го погоди градот Фошан, а кинеската државна телевизија CCTV објави снимки на кои се гледа како летаат покриви од згради како да се од хартија, а искинати […]

Кинескиот увоз на руска сурова нафта во мај на рекордно ниво


Кинескиот увоз на сурова нафта од Русија во мај „скокна“ на рекордно ниво, а Саудиска Арабија го изгуби статусот главен кинески снабдувач. Увозот на руска нафта, вклучувајќи ја и транспортираната со ЕСПО (нафтоводот Источен Сибир – Тихи Океан) и прекуокеанските пратки од руските европски и пристаништата на Далечниот Исток, изнесуваше во мај речиси 8,42 милиони […]