Канада ги повика своите државјани да ја напуштат Русија


 Канадското Министерство за надворешни работи денеска им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија додека се уште се достапни комерцијалните средства за патување. Министерството предупреди дека безбедносните услови се непредвидливи и дека ненајавено може да се влошат. Во препораките за патување на канадското Министерство за надворешни работи се истакнува дека „достапноста на летови станува […]

Канада воведува царини од 35 отсто за извозот од Русија и Белорусија


Канада – Канадските власти одлучија да ги тргнат Русија и Белорусија од нивниот трговски статус на најповолни нации и да воведат царини од 35 отсто за извозот од тие земји, изјави канадската вицепремиерка Кристија Фриланд изјави за новинарите. „Канада ќе биде првата земја што ќе ги лиши Русија и Белорусија од нивниот статус на најомилени нации […]

Трудо: Канада ќе испорача противтенковско оружје за Украина


Противтенковско оружје и напредна муниција ќе и испорача Канада на Украина како поддршка во борбата против руската агресија. Истовремено ќе го забрани и увозот на руска нафта, најави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. „Канада ќе продолжи да ја поддржува херојската одбрана на Украина од руската војска. Ја објавувавме нашата намера целосно да забраниме увоз на […]

Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании


 Воздушниот простор на Канада е затворен за сите руски авиокомпании, изјави денеска Омар Алгабра, министер за транспорт на Канада.  – Решението стапува во сила веднаш и канадскиот воздушен простор е затворен за сите руски воздухопловни оператори. Ќе ја повикаме Русија на одговорност за своите неиспровоцирани напади против Украина, изјави денеска Алгабра.  Канада се придружува на […]

Полицијата во Отава уапси 47 демонстранти


Канада – Полицијата во Отава соопшти дека вчера уапсила 47 лица и одвлекла околу 30 возила за да ги спречи камионџиите кои протестираа против мерките воведени за борба против коронавирусот. Полицијата претходно со употреба на сила ги потисна демонстрантите кои ги блокираа улиците во канадскиот главен град, ја презеде контролата над камионите и го расчисти центарот […]

Полицијата уапси повеќе од 100 демонстранти во Отава


Канадската редовна полиција, во соработка со коњаничкиот полициски одред, ги потисна толпите демонстранти со намера да ги отстрани од улиците во центарот на Отава, при што беа уапсени повеќе од 100 луѓе. Полициските сили ги поместуваа возилата кои повеќе од три недели го блокираа центарот на канадскиот главен град за време на протестите против епидемиолошките […]

ЗОИ: Хокеарките на Канада подобри од САД во натпреварот за златниот медал


Женската репрезентација на Канада го освои златниот медал на хокеарскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг. Канаѓанките рано утрово ги совладаа своите ривалки од САД со 3:2 (2:0; 1:1; 0:1). Двоен стрелец за победничката репрезентација беше Мари-Филип Пулен, еднаш погоди Сара Нерс. За Американките реализираа Хилари Најт и Аманда Кесел. За Канада ова е петти златен […]

Инфлацијата во Канада достигна 5,1 отсто, најмногу во последните три децении


Инфлацијата во Канада се искачи на 5,1 отсто во јануари – далеку над очекувањата на економистите – бидејќи поскапувањата достигнаа највисоко ниво во изминатите 30 години, соопшти владината статистичка агенција. Зголемените цени на горивата, заедно со трошоците за храна и домување, повторно беа главни причинители. Бројката во декември беше 4,8 отсто. „Предизвиците поврзани со пандемијата […]

Канадските министри ги проширија владините овластувања за полицијата во обид да ги запре протестите


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да и даде на владата вонредни овластувања за да ги запре протестите на камионџиите и незадоволните граѓани од мерките против коронавирусот. Канадскиот министер за јавна безбедност Марко Мендичино изјави дека е време полицијата да почне да ги користи своите широки овластувања дадени со канадскиот Закон за вонредни ситуации. -И […]

Трудо најави примена на ретко користениот Закон за вонредни ситуации во Канада


Канада – Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе ги активира ретко користените овластувања за итни случаи за да стави крај на протестите кои ги блокираа граничните премини и парализираа делови од главниот град. Протестите наречени „Конвој на слободата“ ги почнаа канадските возачи на камиони во спротивставување на мерките со кои се бара од возачите на […]

Деблокиран граничниот премин САД-Канада на мостот Амбасадор


Најфреквентниот граничен премин меѓу САД и Канада, мостот „Амбасадор“, повторно е отворен, по речиси еднонеделната блокада од демонстранти кои се противат на ограничувањата поврзани со Ковид-19. „Мостот Амбасадор сега е целосно отворен, и повторно е овозможен слободен проток на трговија меѓу канадската и американската економија, се вели во соопштение на компанијата „Детроит Интернешнл бриџ“ која управува со […]

Демонстрантите не отстапуваат, и натаму блокиран сообраќајот меѓу САД и Канада


И синоќа продолжија судирите меѓу канадската полиција и демонстрантите, кои го блокираа клучниот мост кон САД, и тоа повеќе од седум часа откако властите во воведоа вонредна состојба и одлучија да ја прекинат блокадата на овој важен трговски коридор. Демонстрантите против строгите владини ограничувања наметнати од пандемијата, го зазедоа и пет дена го држат под […]

Канадската полиција ги отстранува демонстрантите од границата со САД


Канадската полиција денеска почна да ги отстранува демонстрантите од мостот Амбасадор, што е лоциран на границата помеѓу Канада и САД. Демонстрантите шести ден го блокираат мостот Амбасадор поради епидемиолошките мерки воведени поради Ковид-19. Мостот Амбасадор е еден од најфреквентните гранични премини, а поради неговата блокада прекината е трговијата помеѓу Канада и САД. Судот во Онтарио […]

Канадската Влада се подготвува да преземе акција против камионџиите


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека полицијата и сите нивоа на власт се подготвуваат да преземат акција против камионџиите, кои со денови протестираат против мерките за ограничување на коронавирусот и прописите за вакцинација, јави ДПА. Демонстрантите мора да се откажат од блокадите или да се соочат со тешки последици за какви било незаконски […]

Во Онтарио прогласена вонредна состојба поради протестот на камионџиите


Канада – Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, денеска прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести на камионџиите против пандемсиките ограничувања. Демонстрантите и натаму одбиваат да го деблокираат сообраќајот, особено мостот Амбасадор, што е клучната сообраќајница за трговијата  меѓу Канада и САД. Премиерот Форд, од Конзервативната партија, денеска изјави дека јасно ќе им стави до знаење […]

Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите


Блокадата на канадските камионџии, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19, ги загрозува производителите во автомобилската индустрија, принудувајќи ги Форд, Џенерал Моторс и други автомобилски компании да затворат фабрики или да го намалат производството. Властите најавуваат дека полицијата е подготвена да ги отстрани блокадите. Четврти ден по ред камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на […]

Група од 39 граѓани на Авганистан кои престојуваа во земјава заминаа за Канада


Нова група од 39 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава, претпладнево од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во рамки на здружената глобална акција за помош на авганистански цивили. Станува збор за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – […]

Камионџии во знак на протест го блокираа граничниот премин меѓу Канада и САД


Најпрометниот граничен премин меѓу САД и Канада денеска остана затворен, соопшти канадската погранична агенција откако возачите на камиони вчера ги блокираа пристапните патишта, во знак на протест против владината одлука за задолжителна вакцинација на возачите кои ја минуваат границата. Возачите бараат укинување на одлуката на сојузната влада за обврската за вакцинација. Протестите започнаа на 28 […]

Вонредна ситуација во Отава поради протестот на возачите на камиони


Канада – Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон, прогласи вонредна состојба во градот за да помогне во справувањето со досега невидените 10-дневни блокади од возачите на камиони кои протестираат и го парализираа канадскиот главен град. „Мерките ја одразуваат сериозната опасност и закана за безбедноста и безбедноста на граѓаните кои продолжуваат со демонстрации и ја нагласуваат потребата од […]

Камионџиите од Канада со огромен конвој против задолжителната вакцинација


  По целодневното возење низ Канада, конвојот камиони стигна во Отава во знак на протест против задолжителното вакцинирање и мерките против Ковид-19. Организаторите тврдат дека се работи за мирен протест, но полицијата не е баш сигурна сека нема да дојде до инциденти. Од таа причина премиерот Џастин Трудо и неговото семејство за време на протестот […]