Канада им наложи на три кинески компании да го продадат својот удел во рударски проекти


  Канада им наложи на три кинески компании да го продадат својот сопственички удел во клучни проекти за екстракција на минерали, сигнализирајќи жестока битка за важни суровини за производство на батерии за електрични возила. Оваа наредба се однесува на Sinomine Rare Metals Resources со седиште во Хонг Конг и Chengze Lithium International и Zangge Mining […]

Британски производител на зелена струја сече шуми во Канада


Британскиот производител на електрична енергија од обновливи извори Дракс доби милијарди фунти зелени субвенции од даночните обврзници, а во Канада сече шуми важни за животната средина, јави Би-Би-Си. Дракс управува со најголемата електрана во Британија, согорувајќи милиони тони дрвени пелети класифицирани како обновливи извори на енергија. Би-Би-Си наведува дека дел од дрвото што се користи […]

Трудо: Канада ќе воведе нови санкции кон Москва за „лажните“ референдуми


Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради „лажните“ руски референдуми во четири окупирани украински региони, изјави премиерот Џастин Трудо. -Канада никогаш нема да ги признае резултатите од референдумите или обидот на Русија за илегална анексија на украински територии, рече канадскиот премиер. „Имаме намера да воведеме нови санкции против поединци и ентитети кои се вклучени […]

Канада е против реизбор на Русија во ИЦАО


  Канада ќе се спротивстави на реизборот на Русија во Агенцијата за воздухопловство на Обединети нации, изјави синоќа канадскиот министер за транспорт Омар Алгабра на маргините на Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО). – Важно е Русија да одговара за своите постапки и ние нема да ја поддржиме руската номинација во Советот, истакна […]

Канада ги укинува сите Ковид ограничувања за патниците кои пристигнуваат


  Канада од 1 октомври ќе ги укине сите ограничувања против коронавирусот за патниците кои пристигнуваат, соопшти Владата. Во соопштението се додава дека и барањата за тестирање и карантин ќе бидат укинати. Сите патници, без разлика на нивната националност, од сабота веќе нема да бидат обврзани да даваат информации за нивната здравствена состојба преку апликацијата […]

Ураганот Фиона го погоди источниот дел на Канада


  Бурата Фиона, пропратена со ургански ветрови денеска го погоди источниот дел на Канада, речиси една седмица откако разурна делови од Карибите. Брзината на ветрот достигна до 150 километри на час. Поради Фиона канадскиот премиер Џастин Трудо ја откажа посетата на Јапонија, каде требаше да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе.

Фиона викендов се очекува да удри на брегот на Канада


Ураганот Фиона е на пат кон Канада, откако повеќе денови се задржа над Карибите, а вчера помина покрај Бермудските острови како бура од трета категорија, јави Си-ен-ен. Ураганот се очекува да удри на брегот на Канада во сабота наутро. -Ова може да биде канадска верзија на ураганот Сенди, бидејќи носи комбинација од карактеристики на ураган и зимска бура, изјави канадскиот метеоролог Крис Фогарти. Ураганот […]

Пронајдено телото на еден од двајцата осомничени за убиствата со нож во Канада


  Еден од двајцата осомничени за убиствата на 10 лица во канадската провинција Саскачеван е пронајден мртов, соопшти локалната полиција. Телото на Демиен Сандерсон (31) е пронајдено во староседелската заедница Џејмс Смит Кри. Неговиот брат и втор осомничен Мајлс Сандерсон е во бегство. Најмалку десет луѓе беа убиени, а 18 ранети во напади со нож во неделата. […]

„Одеа од врата до врата и убиваа луѓе“: Локален новинар го опишува масакрот во Канада


Логан Штајн, локален новинар, изјави за Би-Би-Си дека регионот во кој се случи нападот е исклучително оддалечен. Според досега достапните информации, убијците оделе од врата до врата и ги нападнале локалните жители, рече Стајн. Во смртоносниот напад загинаа 10 лица, а 15 беа ранети. Убијците се во бегство, а полицијата започна огромна потрага по нив. […]

Хорор во Канада: Со ножеви убиле 10 и раниле 15 лица, напаѓачите во бегство


Канадската полиција во неделата соопшти дека трага по двајца осомничени за кои се верува дека избоделе 10 лица до смрт и раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван. Полицијата ги именуваше Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон како двајца од осомничените и  дека патувале со црн „Нисан Рог“. Се верува дека убиле 10 и повредиле најмалку […]

Шолц во Канада во обид да договори краткорочни и долгорочни енергетски решенија


  Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот заменик, министерот за економски прашања и климатски активности Роберт Хабек, денеска ја започнаа тридневната посета на Канада, во обид да договорат краткорочни енергетски решенија базирани на гас и да истражат подолгорочни, почисти опции. како што е зелениот водород. На заедничката прес-конференција во Монтреал, канадскиот премиер Џастин Трудо го […]

Канада ги враќа поправените руски турбини за „Северен тек 1“


Канада ќе одобри укинување на санкциите за враќање на поправените руски турбини во Германија, на која ѝ се потребни за одржување на работата на гасоводот „Северен тек 1“, најави канадскиот министер за природни ресурси. Канадската влада, која издава дозвола за изземање на турбините од нејзините санкции кон Русија, рече дека овој потег ќе ја поддржи […]

Полицијата уби двајца напаѓачи при пукање во банка во Канада


Kанада– Канадската полиција уби две машки лица за време на пукање во банка во Британска Колумбија. Шест полицајци се здобиле со повреди, а куќите во близина се евакуирани поради можна експлозивна направа, соопшти полицијата. „Куќите и деловните објекти во непосредна близина на местото на инцидентот се евакуирани поради присутност на потенцијална експлозивна направа во возило поврзано […]

По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров


Данска и Канада ќе го поделат на еднакви делови малиот ненаселен остров на Арктикот, познат како Ханс Ајленд, со што ќе се стави крај на речиси 50-годишниот спор околу сопственоста на оваа територија, соопшти денеска данското Министерство за надворешни работи. Канада и Данска ќе го поделат островот од 1,2 квадратни километри, што се наоѓа на […]

Трудо најави забрана за продажба на оружје


Премиерот на Канада, Џастин Трудо најави нов закон за поседување оружје и забрана за купување на оружје. – Денот кога овој закон ќе стапи во сила, повеќе нема да може да се купува, продава, пренесува или увезува оружје во Канада, истакна Трудо. Доколку биде усвоена, забраната се очекува да стапи во сила наесен. Забраната за […]

Бројот на жртвите во силните бури во Онтарио и Квебек, во Канада се зголеми на осум


Бројот на жртвите на силните бури во двете најнаселени канадски провинции, Онтарио и Квебек, се зголеми на најмалку осум, соопштија локалните власти. Службите за итни случаи продолжуваат со обнова на уништените столбови за да може да се обнови снабдувањето со струја во домовите на половина милион жители на двете провиници, објави „Гардијан“. Невремето, што во […]

Канада ќе вади нафта од дното на Атлантскиот Океан


Канада – Владата на Канада, инаку четвртиот најголем производител на нафта во светот, одобри спроведување на оспоруваниот проект за вадење нафта од дното на Атлантскиот Океан, изјави синоќа канадскиот министер за животна средина, Стивен Гилбо. Проектот наречен „Северен залив“ што со години го разработува норвешката компанија „Еквинор“, ќе овозможи црпење нафта од наоѓалишта на длабочина од […]

Седумдесет канадски гимнастичари се жалат на емоционална и сексуална злоупотреба


Група од седумдесетина сегашни и поранешни спортистки повикаа на независна истрага за „токсичната култура и навредливите работни практики“ присутни во канадската гимнастика. – Не можеме повеќе да молчиме. Подготвени сме да ги споделиме нашите искуства за злоупотреба, занемарување и дискриминација со надеж дека ќе направиме разлика. Бараме да се преземе акција за да се спречи […]

(Видео) Канада се пласираше на Светското фудбалско првенство за прв пат по 36 години


Репрезентацијата на Канада ќе се натпреварува на Светското првенство во Катар на крајот од оваа година. Канаѓаните предводени од селекторот Џон Хердман се пласираа на Мундијалот 2022, откако ноќеска во Торонто ја совлада Јамајка со 4:0 во натпреварот од 13. коло во квалификациите во зоната КОНКАКАФ. Така, Канада води во групата со 28 бодови во […]

Канада објави „поправено“ писмо од руски дипломат, Русија бесна


Русија ја обвини Канада за дипломатија „на ниво на градинка“ во спорот на Твитер поради објавувата од канадската мисија во Обединетите нации на социјалните мрежи. Кавгата изби поради писмо во кое руски дипломат бара поддршка за нацрт-руската резолуција за помош на Украина. Канада го објави писмото на Твитер со „предложени промени“. Рускиот дипломат тоа го […]