„Конвојот на слободата“ – канадските каминонџии против задолжителната вакцинација


Стотици канадски возачи синоќа одржаа протест со камиони до Отава против барањето за вакцинација доколку сакаат да ја преминат границата со САД. Учесниците во, како што го нарекуваат „Конвојот на слободата“, кој привлече се поголемо внимание во последните денови, патуваат кон канадскиот главен град од најоддалечените провинции на земјата, како што се Британска Колумбија и […]

Канадскиот премиер Трудо во изолација по контакт со заразено лице со Ковид


Премиерот на Канада Џастин Трудо се изолирал откако дознал дека бил во контакт со лице заразено со Ковид-19. Информацијата ја објави Трудо на својот Твитер профил. „Синоќа дознав дека сум бил во контакт со лице заразено со Ковид-. Резултатот од мојот брз тест беше негативен. Ги следам упатствата на Одделот за здравство во Отава и […]

Америка ги предупредува своите државјани да не патуваат во Канада поради Ковид-19


Американските центри за контрола и превенција на болести издадоа предупредување до Американците да не патуваат во Канада поради зголемениот број на нови случаи на заразени со Ковид-19 во државата. Центрите го зголемија своето предупредување да не се патува на „Ниво четири: многу високо“ за Канада, советувајќи ги Американците да не патуваат во соседната земја. ЦКПБ […]

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца


Канада ќе исплати 40 милијарди канадски долари отштета за домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и ставени во системот на социјална помош. Договорот прредвидува  20 милијарди канадски долари (еден канадски долар чини 42,8 денари) за потенцијално стотиците илјади домородни деца кои биле одземени од семејства и немале пристап или имале проблеми да пристапат […]

Канада оваа година прими 401.000 нови жители


Канада ја исполни својата имиграциска цел со издавање 401.000 дозволи за постојан престој на странци оваа година, изјави министерот за имиграција Шон Фрејзер. – Повеќето од 401.000 нови, постојани жители – бројка што е постигната првпат по повеќе од 100 години – веќе имале времен престој во Канада, истакна министерот за имиграција. Според него, „минатата […]

Канадски експерти бараат итна акција поради омикрон


Варијантата омикрон брзо се шири во Онтарио, најнаселената провинција во Канада, а здравствените експерти предупредуваат дека без итни мерки, единиците за интензивна нега може да останат без слободни кревети на почетокот на следниот месец. Советодавната комисија за Ковид-19, која ја сочинуваат канадски здравствени експерти, објави модели според кои зголемената вакцинација нема да биде доволна за […]

Канада и даде азил на жената која му помогна на Сноуден да се скрие


Англија- Канада и даде азил на жената која му помогна на Едвард Сноуден да се скрие во Хонгконг, откако ја објави глобалната програма за американски надзор, соопшти здружението за права на бегалци. Ванеса Родел и нејзината седумгодишна ќерка би требало во текот на денот да стигнат во Торонто, со редовна линија од Хонгконг. Родел, со […]

Оставки поради скандалот што ја тресе Владата на Канада


Канадскиот премиер Џастин Трудо е обвинет дека вршел притисок врз поранешната главна обвинителка и министерка за правда Џоди Вилсон Рејболд во случајот на СНЦ Лавалин. Трудо ја именуваше поранешната министерка за правда, либералката Ен Меклелeн да испита дали истовремената функција на министер за правда и главен обвинител треба да биде одвоена, сред скандалот што може […]

Трудо среде скандал, го напуштаат членови на владата


Канадскиот премиер Џастин Трудо, го обвинуваат за притисок врз поранешната министерка за правда, за да ја заштити најголемата градежна фирма во земјата во судењето за корупција. Критичарите го обвинуваат Трудо дека извршил притисок на поранешната министерка за правда, за да ја заштити градежната фирма на која ѝ се суди за корупција. Неколку членови на владата […]

Канадскиот премиер се допишува со македонски ученици


Канадскиот премиер Џастин Трудо им пиша писмо на група македонски основци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје. Учениците имале дилеми околу едно од најголемите пронаоѓалишта на нафта во светот во провинцијата Алберта кое е меѓу најголемите светски извори на нафтени шкрилци. Спроведувајќи го своето истражување, за и против експлоатацијата на овие нафтени резерви, тие одлучиле […]

Џафери во Канада на 64. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, заедно со потпретседателот Весел Мемеди и пратениците Илија Димоски и Катерина Кузманоска, од денеска до 19 ноември ќе учествува на 64. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада. На Сесијата Џафери ќе има обраќање, а можни се и средби нa […]

Напад врз амбасадата на Канада во Атина


Група од околу 10 лица, кусо по 6 часот утрово по локално време, со чекани и бои ја нападнаа Амбасадата на Канада во Атина, нанесувајќи материјална штета на објектот. Како што јави МИА од Атина, искршени се прозорци и фрлени бои на фасадата на објектот. Одговорноста за нападот, преку соопштение објавено на анархистички сајт, презеде […]

Канада легализира рекреативна употреба на марихуана


Канада- Канада од денеска стана втората земја, по Уругвај, која легализира поседување и рекреативно користење на канабис. На Канаѓаните од денеска им е дозволено да одгледуваат, поседуваат и конзумираат канабис за рекреативни цели. Дериватите на канабисот, како што се храна, козметика или електронски цигари со марихуана, ќе бидат дозволени од 2019 година, но канадските претприемачи веќе […]

Во Канада се подготвуваат за историска легализација на канабисот


Канада- Во Канада се спроведуваат последни подготовки по повод усвојување закон за легализација на канабис, а на провинциите им е оставено до среда да утврдат правни детали за неговото спроведување. – Со тоа, Канада ќе стане втора држава во светот што ќе легализира канабис, а нејзиното искуство одблизу ќе го следи Западот, најави либералниот премиер Џастин […]

Косовските функционери со повисоки дневници за Албанија, одошто за Канада


Многу пратеници во косовското Собрание, покрај прилично високите плати, доста добро заработуваат и од дневниците за службени патувања, и тоа повеќе кога одат во Албанија или Црна Гора одошто на далечните континенти, објави денеска косовската опозициска Социјалдемократска партија (ПСД), најавувајќи интерпелација за оваа појава. Пратеникот на ПСД Дардан Молиќај објави дека „дневниците на официјални претставници […]

Формула 1: Фетел ја освои Канада


Германецот Себастијан Фетел е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена на патеката „Жил Вилнев“ за Големата награда на Канада. Пилотот на Ферари на најдобар можен начин ја искористи пол-позицијата што ја имаше пред почетокот на трката и на својот тим му го донесе првиот триумф во Монтреал по пауза од 14 […]

Загинаа 14 млади хокеари во Канада


Во несреќа на автобус што превезувал членови на младински хокеарски тим во канадската провинција Саскечеван, загинаа 14 лица кога тоа возило удрило во камион со приколка. Канадскиот весник Глоуб енд мејл, објави дека во автобусот биле хокеари на возраст од 18 до 21 година и дека во возилото имало вкупно 28 луѓе. Несреќата се случила […]

Канада ги укина термините „мајка“ и „татко“ во документите


Канада донесе одлука во официјалните формулари да ги замени термините „мајка“ и „татко“ со „родители“ и најави исфрлување на термините „господин“ или „госпоѓа“ од официјалната коресподенција. Канадската Влада донесе одлука да стави неутрален род во сите свои обрасци. Министерството за семејство образложи дека досегашните формулари не биле прилагодени на сегашните околности. Одлуката е донесена откако […]

Проблеми во Канада: Лекари протестираат бидејќи се премногу платени


Повеќе од 700 канадски лекари, меѓу кои 213 од општа пракса и 184 специјалисти, потпишаа отворено писмо во кое се противат на зголемувањето на нивните плати, што неодамна беше издејствувано од синдикатите. Тие бараат парите предвидени за зголемувањето на нивните плати да се вратат во здравствениот систем, оценувајќи дека така ќе бидат многу подобро искористени. […]

Кога Бијонсе не личи на Бијонсе


Музеј во восочни фигури во Канада се обидел да изработи скулптура на популарната пејачка Бијонсе, но според оценките на посетителите, обидот не е најуспешен. Имено, восочната фигура на Бијонсе во музејот од место во близина на Нијагарините водопади, воопшти не личи на ѕвездата. Набрзо по поставувањето на фигурата, на социјалните мрежи се појавија фотографии од […]