Америка го нападна Иран. Трамп: Целосно ги уништивме иранските нуклеарни комплекси


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Исфахан. „Го завршивме нашиот многу успешен напад врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Исфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална […]

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран


Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој. Претходно, Велика Британија најави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените во Амбасадата и во Конзулатот во Израел поради безбедносни причини. Додека претходно привремено беа затворени Амбасадата на Словачка и Амбасадата на Австралија […]

Трамп си купува време за Иран и отвора некои нови опции


  Ненадејната најава на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да му бидат потребни до две недели за да одлучи дали да ги фрли САД во срцето на израелско-иранскиот конфликт, Белата куќа ја рекламира како давање уште една шанса на дипломатијата да успее. Но, тоа исто така отвора мноштво нови воени и тајни опции. Доколку […]

Иран уапси 24 лица обвинети за шпионажа во корист на Израел


Иранската полиција во четврток објави дека уапсила 24 лица обвинети за шпионажа во корист на Израел и обид за оцрнување на угледот на земјата. Киумарс Азизи, полициски командант за западен Техеран, исто така се огласи, пренесува АФП. „24-те лица кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, и кои се обиделе да го нарушат јавното […]

Иранските добитнички на Нобеловата награда за мир апелираат на запирање на војната на Блиски Исток


Иранските добитнички на Нобелова награда за мир, Наргес Мохмади и Ширин Ебади денеска упатија апел за запирање на војната помеѓу Израел и Иран. – Запрете ја војната и изберете дијалог наместо уништување. Оваа војна, започната од Израел со кршење на меѓународното право, предизвикува огромно страдање и се заканува да разгори поширок регионален и глобален конфликт. […]

Пекинг стравува од цивилни жртви: Кина евакуираше 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел


  Кина евакуираше повеќе од 1.600 свои државјани од Иран и стотици од Израел, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи во четврток, додека евакуираните ги блокираат граничните премини поради интензивирањето на конфликтот меѓу двете земји. Реклама „Напорите за евакуација продолжуваат и Кина одржува комуникација со Иран, Израел, Египет и Оман. Кина ги повикува […]

Би-би-си: Иран за прв пат му нанесе сериозна штета на Израел


Како што објавува Би-Би-Си, бранот напади од утрово покажува дека Иран, и покрај израелските напади, сè уште има способност да лансира ракети што ја пробиваат воздушната одбрана и предизвикуваат штета во Израел. Ова е првата епизода од овој конфликт во која иранските напади доведоа до значителни последици на терен, откако претходните ракети беа претежно пресретнати […]

Иранскиот лидер го отфрли повикот на Трамп да се предаде


  Врховниот лидер на Иран во средата ги отфрли повиците на САД за предавање пред жестоките израелски напади и предупреди дека секое воено вклучување на Американците ќе им предизвика „непоправлива штета“, во снимено видео емитувано од државната телевизија. Ова беше второ јавно појавување на ајатолахот Али Хамнеи откако започнаа нападите, а дојде еден ден откако […]

Објавена е првата фотографија од погодената зграда на иранската телевизија


Репортер кој работи за иранските државни медиуми сподели снимка од зграда во пожар по израелскиот напад. Во видеото, тој вели дека не е сигурен колку од неговите колеги загинале во нападот. Би-би-си објави кадар од видеото што го прикажува уништувањето на зградата. Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија, програмата е прекината Израелските  одбранбени […]

Врховниот суд на Иран најавува експресни судења за лица кои соработуваат со Израел


Судијата на Врховниот суд на Иран, Голамхосеин Мохсени Еџеи, денес изјави дека лицата уапсени под сомнение за соработка со Израел ќе бидат брзо изведени пред лицето на правдата, објави Ројтерс. „Доколку некој е уапсен за врски и соработка со ционистичкиот режим, неговото судење и казна треба да се спроведат и објават многу брзо, во согласност […]

Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица


Израелските напади врз Иран убија најмалку 224 лица, а повредија повеќе од 1.000 од петокот, соопшти иранското Министерство за здравство. -По 65 часа агресија од страна на ционистичкиот режим, 224 жени, мажи и деца загинаа како маченици, напиша портпаролот на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур. Повеќе од 90 проценти од жртвите беа цивили, додаде тој. […]

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел


Иран бара помош од Ирак во одбрана од израелските напади. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека Иран ќе одговори „уште пожестоко и порешително“ доколку продолжат израелските напади, јавува Би-Би-Си. Во телефонски разговор со ирачкиот премиер, Пезешкијан рече дека и другите земји во регионот би можеле да бидат загрозени доколку Израел продолжи со нападите и ги […]

Досега 22 лица побарале помош да се вратат од Израел во Северна Македонија


До овој момент вкупно 22 лица побарале асистенција од македонските органи за да ја напуштат територијата на Израел и да се вратат во Северна Македонија, информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства. „Во тек се активности за нивна скорешна евакуација […]

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма


Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. – Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја […]

Јемен изведе напад со балистички ракети врз Израел во координација со Иран


Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, во неделата изјавија дека го погодиле Израел со ракети во координација со Иран, што е прв пат групата поврзана со Иран јавно да објави заедничка соработка во нападите со Техеран. Хутиите ја погодија Јафа во централен Израел со неколку балистички ракети во последните 24 часа, изјави воениот портпарол […]

Режимот во Техеран е потресен, дали му се заканува колапс?


  На вториот ден од војната меѓу Израел и Исламската Република Иран, режимот на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран беше сериозно потресен. Во израелските напади беа убиени околу дваесет клучни личности во иранската војска. Таканаречената „Куќа на водачот“, резиденцијата на ајатолахот во центарот на Техеран, опремена со високо софистицирано нуклеарно засолниште, во неколку наврати беше […]

„Техеран ќе гори“, предупредува Израел. Иран им се заканува на САД, Британија и Франција


  Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го предупреди врховниот лидер на Иран Али Хамнеи дека ако продолжат ракетните напади врз Израел, „Техеран ќе гори“. „Иранскиот диктатор ги држи граѓаните на Иран како заложници и создава реалност во која тие – особено жителите на Техеран – ќе платат висока цена за криминалниот напад врз израелските […]

Како и зошто Израел го нападна Иран. И може ли тоа да значи поголема војна


  Израел започна напад врз Иран насочен кон „десетици“ цели, вклучувајќи ги неговите нуклеарни постројки, воени команданти и научници, тврдејќи дека презел еднострана акција затоа што Техеран почнал да гради нуклеарни боеви глави. Додека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се закани со „строга казна“ против Израел, израелската војска во петокот наутро соопшти дека Иран […]

Израелците масовно купуваат храна и вода, се подготвуват за иранска одмазда


Репортерот на Би-би-си од Ерусалим известува дека Израелците почнале масовно да купуваат храна и вода, а полиците во супермаркетите брзо се празни пред очекуваниот ирански одговор. Поголемиот дел од земјата се разбудил околу 3 часот наутро кога се огласиле сирени и бил испратен телефонски аларм со предупредување за „значајна закана“, а на граѓаните им било […]

Израел изврши напади врз Иран – хронологија на војната


Израел денеска објави дека извршил напади врз Иран, еден ден пред разговорите меѓу Техеран и САД во Оман за нуклеарната програма на Иран. Тоа е нова ескалација од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, што би можела да се претвори во отворена војна меѓу двете земји, по децении тајни конфликти и […]