Иранците потврдија напади врз американските бази во Катар и во Ирак


Иранската државна радио-телевизија потврди дека иранската армија лансирала ракети кон американски бази на Блискиот Исток, поточно во Катар и во Ирак. Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Луаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку 10 ракети е ипукани кон Катар и најмалку една кон Ирак. Како што беше нагласено, Корпусот на […]

Путин нема разбирање за акцијата на САД: Нема оправдување за она што му се прави на Иран


Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека американските воздушни напади врз Иран се „апсолутно неиспровоцирана агресија“ и додаде дека нема „никакво оправдување или основа“ за такви потези. Путин го изјави ова во Москва за време на состанокот со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, додека ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД продолжува. […]

Ирански безбедносни сили: Уапсени тројца украински шпиони за обид за саботажа во Исфахан


Иранските безбедносни сили уапсија тројца членови на украинската разузнавачка служба кои, според Техеран, планирале напад врз фабрика за дронови во градот Исфахан, објавува државната агенција Тасним. Според достапните информации, уапсените агенти наводно биле вклучени во обид за саботажа на високо доверлив воен објект кој е клучен за производство на ирански дронови. Овие авиони Иран сè […]

Нападот врз Иран ги зголеми цените на гасот во Европа


Цените на гасот во Европа денес се зголемија по нападот на САД врз Иран, што ги поттикна стравувањата од затворање на Ормутскиот теснец. На референтната холандска дигитална берза TTF, мегават-час гас за испорака во јули се тргуваше по 42,44 евра на отворањето на тргувањето во понеделник, што е највисоко од почетокот на април. Цената се […]

Израел изврши голем напад врз Техеран: Погодени се болница и државна телевизија


Израелските воздухопловни сили започнаа серија напади врз ирански воени цели во Техеран, објави израелската војска. Како што објави Ал Џезира, најмалку три големи воздушни напади беа пријавени во северниот дел на Техеран. Истиот извор известува дека болницата била нападната со мал дрон. Снимките објавени на интернет покажуваат густ облак од чад над делови од главниот […]

Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец


Американскиот државен секретар Марко Рубио ја повика Кина да се обиде да го одврати Иран од затворање на Ормутскиот теснец, важен трговски воден пат, по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран. -Ја охрабрувам кинеската Влада во Пекинг и ги повикувам за ова прашање бидејќи тие се во голема мера зависни од Ормскиот теснец за […]

Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД


Еден ден пред американските напади врз иранските нуклеарни постојки, официјален Техеран преку порака го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека допколку биде нападнат ќе започне акции низ САД со терористички „скриени ќелии“, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на разузнавачки извори.  Информациите стигнале до Трамп преку посредник на самитот на Г7 во Канада минатата недела, кој […]

Рускиот претставник во ОН за нападот против Иран: Неодговорни, опасни и провокативни потези


Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави вчера постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. -САД ја отворија Пандорината кутија. Никој не знае какви нови катастрофи и страдања ќе донесе ова, рече Небензја на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, пренесуваат британските медиуми. Амбасадорот оцени дека САД […]

ИДФ погодиле складишта за ракети земја-земја во централен Иран


Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека вчера погодиле складишта за ракети земја-земја во централен Иран, на околу 2.200 километри од израелската територија. Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Ефи Дефрин, изјави дека се погодени магацини во градот Јазд, објави Си-Ен-Ен. -Во текот на целиот ден, продолживме да ги ослабуваме капацитетите на Иран, извршувајќи сеопфатен напад врз […]

Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД


Американските опозициски демократи синоќа го критикуваа претседателот Доналд Трамп затоа што, кршејќи го Уставот, донел одлука да го нападне Иран без да побара одобрение од Конгресот на САД. -Одлуката на претседателот Трамп да го бомбардира Иран ги става САД на работ на поширока војна на Блискиот Исток без одобрение од Конгресот, што е потребно според […]

(Видео) Трамп објави видео од слетувањето на бомбардерите и рече: Направете го Иран повторно голем


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во оваа земја, јави ДПА. „Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно […]

Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран


Израел е многу блиску до постигнување на својата цел за елиминирање на двојната закана од балистичките ракети и нуклеарната програма на Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Израелскиот премиер вети дека неговата земја нема да дозволи да биде вовлечена во војна до исцрпување, но, исто така, рече дека нема да ја заврши иранската кампања предвреме. […]

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на САД


Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска вети „одговор“ на синоќешниот американски напад врз нуклеарните објекти на Иран, нарекувајќи го чин на агресија. Пезешкијан ги дал овие забелешки во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. -Американците мора да добијат одговор на нивната агресија, рече иранскиот претседател. Пезешкијан денеска беше на антиамерикански демонстрации во Техеран, каде што […]

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор


Лидерите на Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да се врати на преговарачката маса по невидените американски напади врз клучните ирански нуклеарни постројки. -Го повикуваме Иран да се вклучи во преговори што ќе доведат до договор што ќе ги реши сите загрижености поврзани со неговата нуклеарна програма, се вели во заедничката изјава на […]

Иранскиот парламент донесе одлука да го затвори теснецот низ кој минува една четвртина од светската нафта


Бидејќи американската територија не е во дострел на иранските балистички ракети, на Иран му останува опцијата да го блокира Ормутскиот теснец и да блокира 20 проценти од светската нафта како контраудар, што ќе ги крене цените на барелите во стратосферата. Иранскиот парламент одлучи по нападот на САД врз нуклеарните постројки дека Ормускиот теснец треба да […]

Официјален Пекинг остро го осуди нападот на САД врз Иран


Кина остро го осуди нападот на САД врз Иран и нуклеарните објекти под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Министерството во соопштение на својата веб-страница наведува дека овој потег претставува сериозно кршење на Повелбата на ОН и дополнително ја влошува ситуацијата на Блискиот Исток. Кина ги […]

Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските воени бази


Моќниот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран испрати предупредување до американските воени бази во регионот денеска по ноќните воздушни напади на САД врз нуклеарните постројки во земјата. -Со напаѓање на мирните нуклеарни постројки, (американските сили) де факто се доведоа во директна опасност, соопшти ИРГЦ. Вашингтон има многу бази околу Персискиот Залив, на пример […]

Ирански официјален претставник: Нуклеарните комплекси беа евакуирани пред нападот


Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни објекти извесно време пред бомбардирањето, изјави денеска заменик-директорот на тој медиум, Хасан Абедини, за иранската национална телевизија. САД ги бомбардираа иранските нуклеарни објекти Фордо, Натанз и Исфаган, објави претходно американскиот претседател Доналд Трамп, со напомена се дека објектите се „целосно уништени“. „Резервите на збогатен ураниум претходно беа преместени од […]

Зграда погодена во Израел по иранското ракетирање


Најмалку 11 лица се повредени, а еден удар е пријавен во централен Израел откако Иран лансираше два брана ракети по бомбардирањето на неговите нуклеарни објекти од страна на САД, соопштија спасувачките служби и извештаите. Израелската спасувачка служба Маген Давид Адом во соопштението наведе дека „11 лица се хоспитализирани“. Јавниот радиодифузен сервис КАН 11 прикажа инсерти […]

Реакции на светски лидери по нападите на САД врз цели во Иран


ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН, АНТОНИО ГУТЕРЕШ, ИЗЈАВА „Сериозно сум вознемирен од употребата на сила од страна на САД против Иран. Ова е опасна ескалација во регион кој е веќе на работ – и директна закана за меѓународниот мир и безбедност. Постои растечки ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола – со катастрофални последици за […]