Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави иранскиот министер за надворешни работи


Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе […]

САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран, вели Скот Бесант


Американскиот министер за финансии Скот Бесант синоќа изјави дека САД ќе преземат „невидени“ мерки против Иран. „Очекувајте повеќе најави следната недела, бидејќи ќе преземеме мерки што никогаш порано во историјата не се видени  за економска изолација на една земја“, рече Бесант во интервју за Њузмакс. „Ова ќе биде комбинација од економска изолација каква што светот […]

Иран не се откажува од наплата за минување низ Ормускиот теснец


Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормускиот теснец, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. […]

Како Иран пронајде слаба точка во глобалната економија


Стратегијата на Иран да се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија – центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува Си-Ен-Ен. По години на напади врз рафинерии, цевководи и туристички атракции во соседството, Техеран ја фокусираше својата огнева моќ врз инфраструктурата што ги […]

Итен состанок во Белата куќа: Саудискиот министер го предупреди Трамп за планот на Нетанјаху за Иран


  По заедничките воени напади на САД и Саудиска Арабија против проиранските милиции во Ирак, саудискиот министер за одбрана, принцот Халид бин Салман, одржа итен состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Како што пишува американскиот „Аксиос“, повикувајќи се на добро информирани извори, состанокот со Трамп последователно беше додаден во распоредот на саудискиот министер. […]

Американската армија извела нови воздушни напади врз Иран


Американската армија соопшти дека ноќеска извела напади врз цели во Иран како одговор на ракетните напади што иранските вооружени сили во вторникот ги извршија врз американски воени единици на Блискиот Исток. Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) на социјалните мрежи објави дека воздушните напади претставуваат „силен одговор на обидот за ирански напад“ од […]

Анкета: Само една третина од Американците ја поддржуваат војната со Иран


Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека еден од тројца Американци ја поддржуваат војна со Иран, што е најниско ниво откако пред пет месеци почна конфликтот. За поголемиот број испитаници претседателот на САД, Доналд Трамп не успеал јасно да ги објасни своите цели. Анкетата покажа дека 69 проценти од Американците, од кои […]

Ирански напади врз американски воени капацитети во Јордан и Кувајт


Иранската Исламска револуционерна гарда денеска соопшти дека  нејзините оружени сили уништиле американски противракетен радарски систем ТHAAD во Јордан, како одговор на американските напади врз Иран. Во соопштението објавено преку иранската државна телевизија, Гардата тврди бил уништен и систем за противракетна одбрана „Патриот“, како и дека бил нападнат и опожарен хангар за одржување хеликоптери. Иранската армија […]

Иран најави одмазда низ целиот регион: Ќе ја таргетираме цивилната инфраструктура ако Американците ги нападнат нашите мостови


Иран издаде остро предупредување дека ќе возврати со напади врз цивилната инфраструктура низ Блискиот Исток, вклучувајќи ги мостовите и енергетските објекти, ако Соединетите Американски Држави (САД) извршат напади врз иранските објекти. Предупредувањето доаѓа како директен одговор на претходната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека САД ќе ги таргетираат иранските мостови и електрани […]

Иран изврши нови напади врз Кувајт и Бахреин


 Иран попладнево изврши нови напади врз Кувајт, поради што вооружените сили на земјата ја активираа противвоздушната одбрана за пресретнување на ракетите и беспилотните летала. Кувајтската армија соопшти на платформата Икс дека експлозиите што се слушнале биле резултат на дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана. Засега не се објавени дополнителни информации за нападите, ниту има извештаи […]

Американски војници убиени во Јордан. Иран до сојузниците: Подгответе се за поширока војна


  Двајца американски војници се убиени, а еден е исчезнат по иранските напади во Јордан, потврди Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Смртните случаи се првите американски воени жртви во конфликтот со Иран од март и доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу двете земји. Во објава на социјалните мрежи, ЦЕНТКОМ детално го опиша инцидентот. „Двајца […]

Иран го суспендираше рамковниот договор со САД и упати остри пораки до Вашингтон


Иранската влада денеска објави дека рамковниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран повеќе не е во сила. – Иран го суспендираше договорот – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Казем Харибабади. – Ангажирани сме во одбраната на земјата – изјави Харибабади во телевизиско интервју, додавајќи дека Американците со своите агресивни мерки ги прекршиле своите обврски […]

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади


Снабдувањето со вода за пиење е прекинато за најмалку 10.000 луѓе по должината на иранскиот брег по американските напади на југот од земјата, објави ДПА, повикувајќи се на официјални извори. Причината е гранатирањето на постројката за десалинизација на морска вода во крајбрежниот регион Jаск, соопшти владината прес-служба, повикувајќи се на компанијата за водоснабдување на покраината […]

Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран


Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, шеста ноќ по ред, со цел намалување на воените капацитети на Иран, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Претходно, иранските медиуми објавија дека денес повторно се слушнале експлозии на островот Кешм, во Бандар Абас и Чабар. ЦЕНТКОМ е дел од американската војска задолжен за Блискиот […]

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада


Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази […]

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади


Американските вооружени сили рано утрово повторно воведоа блокада на иранските пристаништа како одговор на нападите на Техеран врз бродови што се обидуваат да минат низ Ормуската Теснина, по што Иран изврши нови напади врз земји во кои се распоредени американски воени сили. Според светските агенции, таквите околности со размена на напади меѓу двете страни, како […]

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази


Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека истрелала балистички ракети врз американска воздухопловна база во Јордан. Во соопштението објавено од новинската агенција Фарс, ИРГЦ го повика јорданскиот народ да бара отстранување на американските бази од нивната земја. – Вие добро знаете дека не чувствуваме никакво непријателство кон вашата земја. Всушност, ве сакаме благородни луѓе, […]

САД со нов бран напади врз Иран, продолжува ескалацијата на конфликтот


Американската армија рано изутринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции. Американската Централна команда (CENTCOM) посочи дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели низ Иран, меѓу кои во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас. Според соопштението, новите американски напади започнале […]

Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран


Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека вчера првпат извршила напад со поморски дронови врз иранската поморска база Бандар Абас. Во нападот учествувале три површински бродови без екипаж од класата Корсаир. ЦЕНТКОМ наведе дека американската армија првпат во борбена операција употребила офанзивни поморски дронови. Операцијата беше поддржана од борбени авиони, воени бродови, и беспилотни летала. […]

Вашингтон: Продолжуваат техничките разговори меѓу Иран и САД


Соединетите Американски Држави и Иран продолжуваат со техничките разговори за нуклеарните прашања, соопшти неименуван американски претставник. „САД и понатаму се посветени на изнаоѓање решение, а техничките разговори продолжуваат. Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје“, изјавил претставникот за „Еј-Би-Си Њуз“. Тој додал дека 60-дневниот прекин на огнот и Меморандумот за разбирање се засноваат врз […]