Во игра се и натаму сите можни предлози за името


Се уште се отворени сите можни опции за решение за името, дознава МИА од високи извори на Владата на РМ. Ниту едно име од предложените не е фаворизирано и се уште се разговара. Во нарeдниве денови ќе биде познат датумот за средбата на двајцата премиери Ципрас-Заев на која ќе бидат финализирани клучните детали за решението. […]

„Република Северна Македонија“ е договореното име за решение?


„Република Северна Македонија“ е најверојатно договореното име од рамката која ја договориле Димитров и Коѕијас за постигнување на решение за името, дознава Телма од дипломатски извори. Рамката договорена меѓу двајцата министри предвидува и план за конечно затворање на спорот кој се состои од 11 чекори, а која се очекува да биде верификувана утре од премиерите […]

Нова демократија со предупредување до грчката Влада за прашањето за името


Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија. Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните натписи во грчките медиуми, според кои, како што утрово објави МИА, предвидена е […]

Ѕанакопулос: Оптимист сум дека може да постигнеме договор


Министрите за надворешни работи направија особено голем напредок, би можеле да кажеме дека се наоѓаме во финална линија, но никој не може да го предвиди исходот во толку сложени преговори, и покрај тоа јас и понатаму сум многу оптимист и ги очекуваме следните потези и следната фаза од преговорите, вели портпаролот на грчката влада и […]

Димитров: Преговарачкиот процес нема смисла ако се бара истото ниво на зрелост како за влез во ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Димитров во тесен круг на експерти и новинари во Брисел одговара на прашања за преговорите со Грција, како и за следните чекори на Македонија кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. -Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ. Ова […]

Могерини: Договор за името ќе мора да биде земен предвид во ЕУ


Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, на прес конференцијата по советот на министри на ЕУ денеска, на прашање на МИА за отпорот на одредени земји-членки за старт на преговори со Македонија, одговори дека ќе биде многу тешко за нив да игнорираат толкава светска вест. – Бев брифирана од македонскиот и грчкиот министер […]

Кнајсл: Важен напредок е регистриран во преговорите за името


Австриската министерка за надворешни работи на ЕУ, Карин Кнајсл, порача дека е постигнат важен напредок во спорот за името, и посочи дека регионот на Западниот Балкан е од геополитички интерес за Европската Унија. – Повеќе пати имав прилика да се сретнам со министрите за надворешни работи на ПЈРМ и Грција. Важен напредок е регистриран, но […]

Рот: Да не се спречува мирно решавање на спорот за името


Германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот, изрази поддршка за преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Атина и повика на мирно решение, без пречки. Рот, кој учествува на денешниот совет за надворешни работи на ЕУ, изјави: -Повторно се сретнавме денеска со македонскиот министер Димитров. Благодарни сме за постојаните преговори помеѓу Грција и ПЈРМ. Подготвени сме […]

Грчки владини извори: Ништо не е завршено, трпение и смиреност до Самитот во јуни


Двајцата министри за надворешни работи Коѕијас и Димитров, направија важен напредок, но преговорите не завршија. Напротив, тие се наоѓаат во најкритичната пресвртница, изјавил за грчката агенција АНА-МПА владин претставник, добро упатен во преговорите за името, јави дописничката на МИА од Атина. – Некои се брзаат да кажат „оп“, пред Скопје да скокне, рекол грчкиот владин […]

Хан: Решение за името ќе биде пресврт за пристапниот процес на Македонија во ЕУ


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот твитер профил порача дека ЕУ е охрабена од последната рунда преговори помеѓу Скопје и Атина за спорот за името. Хан, кој присуствуваше на неформалниот појадок организиран од Бугарија и Австрија со министерот Никола Димитров и европските министри за надворешни работи утрово во Брисел, на својот Твитер профил порача […]

Коѕиас: Премиерите ќе го имаат конечниот договор за името


Министрите за надворешни работи завршија со нивниот дел, преговорите продолжуваат на експертско ниво, а кога ќе завршат и тие, текстовите подготвени од министрите ќе бидат во рацете на премиерите за конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во врска со преговорите за името. – Двајцата министри за надворешни работи завршивме со она што […]

Димитров за АНА-МПА: Преговорите за името се во крајната фаза


Проценка дека преговорите  за името се наоѓаат во крајната фаза, изразува шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА по завршувањето на состанокот во Брисел. Димитров за АНА-МПА вели дека се надева дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение и додава дека вчера […]

Средба Мета-Ахмети: Поддршка за решавање на спорот за името


Шефот на албанската држава Илир Мета денеска во Тирана даде поддршка за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција околу името. Мета денеска во Тирана имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која албанскиот претседател дал поддршка за пронаоѓање конечно решение за спорот. Според албанскиот претседател решавањето на спорот со Грција, ќе го […]

Најавени нови протести во Грција за името Македонија


Во повеќе градови во Грција најавени се протести на 6 јуни против разговорите за спорот со името. Организатори на протестите се истите кои ги организираа   протестите во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени. Организаторите […]

Ципрас од Солун: Ако добиеме одредница пред Македонија ќе биде голема победа за нас


Во преговорите не одиме да дадеме нешто, да го дадеме името Македонија, како што тврдат некои, одиме да земеме назад нешто што е дадено пред 70 години, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас од Солун, по средбата со солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис. Ципрас, одговарајќи на новинарски прашања, не се задржа на преговорите што се водат во […]

Заев: Добивме потврда плус од Грција дека сме Македонци


Македонија нема друга алтернатива совен НАТО и ЕУ. Република Илинденска Македонија не само што го сочува, туку го унапредува нашиот идентитет. Притоа македонскиот јазик е потврден. Не слушнав сериозни аргументи против ова решение, рече премиерот Зоран Заев во вечерашнава дебата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. -Жицата е заштитена. Добивме потврда плус од Грција дека […]

Телефонски разговор Меркел-Заев – поддршка да се најде заемно прифатливо решение за името


Премиерот Зоран Заев телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, која дала поддршка за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот со Грција околу името. Меркел имаше одвоени средби со Заев и со грчкиот премиер Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа минатата седмица во Софија, а за важноста која таа му […]

Каменос: Никогаш нема да гласам за име што го содржи терминот Македонија


Решение нема да се најде, вели министерот за одбрана на Грција и коалициски партнер во грчката влада Панос Каменос во интервју за радиото „Алфа989“. Лидерот на Независни Грци уште еднаш ја повтори позицијата дека неговата партија нема да гласа за сложено име со терминот Македонија, без разлика дали, како што рече, ќе се вика „Илинден, […]

Коѕијас: Да прифатиме еден од предлозите на Нимиц


Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во изјава за грчките дописници од САД, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео. Со оваа изјава и Коѕијас индиректно го отфрли името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте […]

Димитров: Не гледам посоодветен предлог од Република Илинденска Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека не гледа посоодветен предлог за решавање на спорот од Република Илинденска Македонија – Не гледам во моментов посоодветен предлог околу кој и двете преговарачки страни имаат согласнот за решавање на спорот, рече Димитров во емисијата „Печат на неделата на „1ТВ“. Посочи дека Илинден го има во двете преамбули на […]