Заев: Mакедонско-грчки порив за решавање на името мора да успее


Немаше подобар момент да зборувам за отвореното општество отколку што е актуелниот миг на нашата општествено политичка стварност. Овие денови сме исправени пред пресудни чекори да го решиме 25-годишниот спор за името. Се соочуваме со овој предизвик за Македонија и граѓаните да одат напред. Со граѓаните на нашата земја зацртавме дека 2018 ќе биде година […]

Мицотакис: Илинден се идентификува со македонскиот иредентизам


Илинден и илинденското востание се идентификуваат со македонскиот иредентизам, смета лидерот на грчката опозициска Нова демократија Киријакос Мицотакис и вели дека неговата партија никогаш нема да го прифати ова име. Мицотакис при посетата на грчкиот остров Крф ги спомена и преговорите за името и новиот предлог, јави дописничката на МИА од Атина. – Во изминатите […]

Клучен пресврт или чекор назад во преговорите за името


Брзо, како и што се разгореа, почнаа да спласнуваат и оптимизмот и пизмата што во домашната јавност ги предизвика предлогот „Република Илинденска Македонија“ за името на државава, кој претставува своевидно ретерирање од географска во временска или историска, па и идеолошка одредница. И покрај позитивните навестувања од „Илинденска“ во однос на прифаќањето на овој предлог-решение, грчката […]

Мајк Пенс го охрабри Ципрас да продолжи да работи со Заев за взаемно прифатливо решение


Американскиот потпретседател Мајк Пенс и грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, соопшти прес-службата на Белата куќа. Според соопштението, Пенс „му се заблагодарил на Ципрас за покажаното лидерство, заедно со она на македонскиот премиер Зоран Заев, во нивниот обид да го решат деценискиот спор за името на Македонија“. – […]

Ципрас разговарал со Мајк Пенс за спорот со името


Грцкиот премиер Алексис Ципрас денеска имаше телефонски разговор со американскиот потпретседател Мајк Пенс за случувањата на Балканот, а пред се за преговорите околу името, сооптшија од  Кабинетот на грчкиот премиер.

Заев до граѓаните на Грција: Немаме територијални претензии кон ниту една земја


Пе денешната лидерска средба во Скопје, македонскиот премиер Зоран Заев испрати и порака до граѓаните на Грција, дека со името Република Илинденска Македонија се прави целосно разграничување со регионот Македонија во Грција. – Разграничувањето е од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви […]

СДСМ: Граѓаните го поразија режимот на Груевски, Мицкоски останува негов заробеник


Граѓаните го поразија режимот на Никола Груевски, најголемото зло за граѓаните и за Република Македонија кое пустошеше 11 години со криминално и расипничко владеење. Христијан Мицкоски, како советник на Никола Груевски во тоа време, директно учествувал во креирањето на штетните политики кои ги осиромашија граѓаните а земјава ја претворија во заробена држава, пред економски крах, соопштија […]

(ВИДЕО) Заев: Република Илинденска Македонија е името за можен компромис


Република Илинденска Македонија е опцијата, која ја разгледале како најприфатлива македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас на преговорите во Софија, а за кој денеска премиерот Заев ги информирал учесниците на лидерската средба во Скопје. – Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на […]

(ВИДЕО) Иванов чека предлог на писмено


Шефот на државата Ѓорѓе Иванов бара на писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се изнесе во однос на предлогот кој денска по лидерската средба го објави премиерот Зоран Заев како можно решение, Република Илинденска Македонија. Не сакаше да изнесе ниту личен став како граѓанин на […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на Уставот и на името


ВМРО-ДПМНЕ останува на својата позиција од претходно, а тоа е дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, изјави денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски по лидерската средба на која премиерот Зоран Заев ги информираше за текот на преговорите за името. – Денеска за првпат бевме запознаени со предлогот, […]

(ВИДЕО) Почна лидерската средба за текот на преговорите за името


Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, на која премиерот Зоран Заев ќе ги информира  претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни. На средбата присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на […]

Беса на Касами: Република Илинденска Македонија е неприфатливо име за Албанците


Движењето Беса на Биљал Касами денеска соопшти дека не го прифаќа името Република Илинденска Македонија, како евентуално можно решение на спорот со Грција, соопшти денеска партијата. – Движењето Беса свесна дека прашањето за решавање на спорот со Грција околу името треба да има што побрз епилог за да ја отвори вратата на Македонија кон зачленувањето […]

Каков став ќе има Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ за името?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за утре во Скопје. – Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, […]

Касами: Сметам дека треба да остане ова име


Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами рече дека се уште не добиле официјална информација околу предлог решението за името. – Официјалниот став на БЕСА е името да ја рефлектира на реалноста на општеството во државата Македонија, а тоа е мултиетничноста и мултиконфесионалниот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани на Република Македонија. Лично […]

Кабинетот на Ципрас: Ако нема ерга омнес и уставна ревизија, дискусијата за било какво име е празна содржина


 Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија. Во соопштението испратено до медиумите, ја повторуваат вчерашната изјава на Алексис Ципрас по средбата со […]

Ѕанакопулос: Многу имиња се најдоа на маса, немаме стигнато до некое


Министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, во интервју за грчкото радио „Алфа 989“ одби да ги коментира натписите во медиумите дека Илинденска Македонија е предлогот од македонска страна. Димитрис Ѕанакопулос, рече дека многу имиња се нашле на маса, но се уште двете страни не стигнале до конкретно име. – Многу имиња се […]

Ципрас ќе ги информира претседателот и лидерите на партиите за разговорите за името


Во текот на викендот, грчкиот премиер Алексис Ципрас има намера да ги извести претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и лидерите на политичките партии за разговорите за името, по средбата со неговиот македонски колега во Софија. Грчки владини извори ги брифираат новинарите во Грција за тоа дека Атина не отстапува од нејзината позиција за ерга омнес […]

Кучан: Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за името


Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за спорот со името, кое е сложено и кое е неправедно кон Македонија, изјави првиот словенечки претседател Милан Кучан. Ова прашање, смета тој, не може да биде само билатерално прашање меѓу Македонија и Грција, туку тоа е и прашање  на Европската унија, која треба […]

Оптимизам на Самитот во Софија: Заев и Ципрас блиску до решение


Премиерот Зоран Заев вчера еуфорично ја внесе Македонија во ЕУ, но грчкиот лидер Алексис Ципрас му порача да почека бидејќи има уште работа што треба да ја заврши. Вака некако е поентата од вчерашната втора средба на Заев и на Ципрас во Софија, која ја поздравуваа сите лидери на ЕУ и ја вброија во најголемите […]

Заев: Опцијата за името утврдена меѓу двете страни е комплетно решение


Опцијата за името која што би можела да биде прифатлива од двете страни, е комплетно решение, рече премиерот Зоран Заев на попладневната заедничка прес-конференција во Скопје со британската премиерка Тереза Меј, а во врска со средбата со неговиот грчки колега во Софија. – Едно е сигурно, пријателството ќе расте помеѓу Македонија и Грција и од тоа […]