Мицкоски: Процесот на преговори за името е погрешно воден


Политиките на Зоран Заев за името се темелат на лаги, а процесот на преговори е комплетно погрешно воден, со погрешни луѓе и погрешна методологија, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски рече дека „ако се водиме по клучните барања на соседната страна, значи дека сме подготвени да капитулираме, а ако ја […]

Какламанис: Грчкиот Парламент нема да изгласа договор што ќе содржи македонски јазик и македонска нација


Ако договорот содржи македонски јазик и македонска нација нема да биде изгласан од грчкиот Парламент, смета еден од неговите потпретседатели и пратеник од Нова демократија, Никитас Какламанис, во интервју за грчкото радио 247. – На пример, ако договорот го содржи она што го кажа претседателот или господинот Заев дека го имаме загарантирано нашиот јазик, македонскиот […]

Атина очекува одлучувачки чекор од Скопје


Топката е на теренот на соседите да го направат одлучувачкиот чекор кон решение, а ние чекаме, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Контра“. – Она што го очекуваме е политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор за конечно да отидеме […]

Грчката влада очекува од Заев да го направи решавачкиот чекор за името


“Грчката влада очекува од господинот Заев да го направи решавачкиот чекор кон постигнување на договор за името, топката е на нивниот терен“, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. Во интервју за грчката телевизија “Контра”, Ѕанакопулос  рече дека не може да предвиди кога премиерите на Грција и на Македонија Алексис Ципрас […]

Анкета во Грција: Еден од двајца Грци смета дека сега треба да се реши името


Нешто помалку од половина испитаници или 48,3 отсто се согласуваат дека грчката влада треба во овој момент да се стреми кон постигнување решение на прашањето за името, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action24“. На прашањето „дали се согласувате или не со мислењето дека […]

Заев и Ципрас бараат решение, без поддршка од опозицијата


За преговорите и договорот околу името меѓу Македонија и Грција има одредени технички проблеми кои треба да се решат меѓу двете страни. Штом тие ќе се остранат ќе се случи телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави вчера премиерот Зоран Заев. – Знаете јас уште на самиот почеток сум оптимист, не би сакал да давам […]

Заев се уште на разговарал со Ципрас, работните групи ги прецизираат техничките детали


Премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас немале телефонски разговор во текот на вчерашниот ден во врска со евентуалниот договор за прашањето за името, информираше денеска Заев одговарајќи на новинарски прашања  при увидот во градежните работи на новиот експресен пат Штип – Радовиш. Тој забележува дека за преговорите и договорот околу името […]

Заев во Собранието побара од опозицијата да не шпекулира за разговорите за името


Немојте да шпекулирате дека некој нешто прави во четири очи. Зоран Заев секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Никола Димитров секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Секој документ што е создаден на формален состанок стои во архивите, на МНР, во Влада, кај претседателот на државата, истакна премиерот Зоран Заев од парламентарната говорница предупредувајќи ги пратениците од опозицијата […]

Владата повикува на одговорно однесување за името


Во овие моменти не треба да се подлегнува  на шпекулации. Одговорното политичко однесување на сите политички фактори во двете земји е од најголема корист и во интерес на изнаоѓање решение, реагираат високи извори од македонската влада. Реакцијата доаѓа по информациите од функционери од грчката влада дека Македонија и Грција се одалечуваат од договор за името во следните […]

Груби: Опозицијата да ги поддржи реформите и решавањето на спорот со името


Пратеникот на ДУИ Артан Груби даде поддршка на Владата и на изборот на новите министри, но од собраниската седница исто така ја повика опозицијата да ја даде својата поддршка и да се приклучи во реформите и во решавањето на спорот со името. По изборот, според Груби, оваа Влада настапила храбро и успеала да ја врати […]

Заев го повика граѓанскиот сектор да се приклучи во нудење решенија во овие историски моменти


Граѓанскиот сектор активно учествува во реформските промени со кои ја поставивме и ја движиме Република Македонија стабилно на патот на Европската унија на НАТО. Вашето теренско (грас-рут) искуство, долгогодишната работа, анализите за клучни состојби во државата и од директен интерес за граѓаните на Република Македонија, помогнаа кога го создадовме реформскиот План 3-6-9. Ова го порача […]

Македонска алијанса бара референдум за преговорите за името


Во врска со ставот на Грчката Влада дека Премиерот Зоран Заев и Светиот Синод на МПЦ побарале од Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со бришење на името Македонија да биде признаена автокефалноста Охридската Архиепископија, претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: -Македонската Алијанса сака да верува дека Светиот Синод на МПЦ-ОА […]

Заев: Решението за името ќе биде прифатливо за сите етнички заедници


Убеден сум дека евентуалното решение за името ќе биде прифатливо за сите етнички заедници. Не се сто отсто сите консултирани, не сум имал консултации со сите сто отсто, но ако се изнајде решение тоа ќе биде прифатливо за сите етнички заедници, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање. Сакаме членство во ЕУ и […]

Иванов: Целиот процес наликува на личен договор меѓу Заев и Ципрас


Претседателот Ѓорге Иванов го прими денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, при што разговарале за последните случувања околу преговорите меѓу Македонија и Грција околу името. На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, Димитров усно го информирал шефот на државата за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа […]

Заев: Блиску сме до можно решение на спорот со името


Блиску сме до можно решение на овој процес, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање за разговорите за името на седницата за пратенички прашања. – Според мене, блиску сме до можно решение на овој процес и верувам дека треба да бидеме внимателни до самиот крај. Јас се трудам да информирам комплетно се до таму […]

Заев тврди дека нема дефинитивен договор за името


Топло-ладно околу преговорите за името, според премиерот, утврдена е рамката за тоа како ќе се одвива процесот, се знае кога ќе има референдум, но сѐ уште се преговара за конечното име. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека дефинитивен договор за името „Република Северна Македонија“ сѐ уште нема, но Грција и Македонија ги договориле принципите и […]

Иванов не прифаќа ерга омнес за името и се заканува со вето


За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес,соопштија вчера од кабинетотна шефот на државата, пред најавената средба со шефот на дипломатијата на која всушност треба да добие нови информации за преговорите со Грција. Со оваа порака претседателот практично најавува дека нема да го поддржи договорот што, според рамката договорена меѓу министрите […]

ЦО на СДСМ му дава поддршка на Заев да носи одлуки за спорот со името


Централниот одбор на СДСМ му даде целосна поддршка на претседателот Заев да ги продолжи разговорите и да носи одлуки во врска со спорот за името. Од партијата соопштија на последната седница на ЦО, се разговарало за актуелната политичка состојба во земјава, за разговорите околу проблемот што Грција го има со нашето уставно име, спроведувањето на […]

Заев: Се уште нема договор за името, се договараат принципите и начелата


Се уште нема договор за името, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција пред споменикот на паднатите борци во дворот на Владата по повод една година од работењето на Владата. – Се уште не е ништо договорено. Како што соопштија министрите Димитров и Коцијас договорени се принципи и начела на договор. Се работи на правно […]

Ципрас: Се наѕира перспектива за решение за името


Се наѕира перспектива за решение за името, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во говор на годишното генерално собрание на Федерацијата на претпријатија на Грција. Говорејќи за улогата на Грција како столб на стабилност на Балканот, Ципрас како пример ја спомена „перспективата за решение што се наѕира во тешките, но неопходни преговори со поранешната југословенска Република […]