Димитров и Коѕијас ќе се сретнат со Нимиц на 25 април во Виена


Следната седмица, на 25 април ќе се одржи нова средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Нимиц, објавија дел од грчките медиуми. Датумот се споменува во новинарските кругови во Грција, но без да има официјална потврда или демант. Грчкиот информативен портал Ин, пишува […]

Димитров: И за Грција е добро Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО


Фокусирани сме на тоа да ги убедиме сите вклучително и соседна Грција дека е добро Македонија да стане сојузник во ЕУ и НАТО, не само за Грција, туку и за целиот регион, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање на завршната прес-конференција во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан. […]

Могерини: Оптимист сум дека е можно решение за името до Самитот на ЕУ


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини изрази оптимизам дека спорот за името може да се реши до Самитот на ЕУ на кој земјите членки ќе одлучуваат за давање датум за почеток на преговорите. – Останува на Советот на ЕУ на крајот на јуни да ја донесе оваа одлука. Нема да […]

Заев се надева на брзо решение за спорот со името


Премиерот Зоран Заев изјави оти се надева на брзо решение на спорот со името Македонија го има со Грција и кажа дека верува оти во овој процес е постигнат напредок. Заев на прес-конференцијата во Владата по објавувањето на Извештајот на ЕК во кој Македонија доби чиста препорака, одговарајќи на новинарско прашање рече дека еврокомесарот Јоханес […]

Димитров: Нема да му вратам на Дачиќ за изјавата за Македонија


Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров во интервјуто за белградската ТВ Н1 за време на неговата посета во Белград, изјави дека нема да му врати на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за неговата изјава од минатата недела на прес-конференцијата со Никос Коѕијас, дека е грешка што Србија ја признала Македонија под уставното […]

Димитров: Се надевам дека ќе имаме чиста препорака


Се надевам дека ќе имаме чиста препорака за отпочнување преговори за членство во Европската унија, порача вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во своето обраќање пред учесниците на регионалната конференција по повод 10-годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот што се одржува денеска и утре во Белград. Тој нагласи дека едвај чека да го […]

Лидерска средба ќe нема, ќе има меѓусебно информирање


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерска средба за текот на разговорите за прашањето за името најверојатно ќе нема, бидејќи, како што рече, во Охрид немало некој посебен исчекор. – Верувам дека веројатно ќе има средби, односно меѓусебно информирање од страна на министерот за надворешни работи и од моја страна и на претседателот на државата […]

Протест во Охрид против промена на името


Група граѓани од Охрид денеска на Градскиот плоштад го одржаа третиот протест организиран од Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“. Тие на тој начин изразуваат противење на злоупотребата на државните институции од страна на власта, а на штета на македонскиот народ и држава. Нивните барањата се повлекување, како што велат, на насилно донесениот Закон за јазици, […]

Идентитетот не е спорен, остануваат името и опсегот на употреба


Македонскиот премиер Зоран Заев на вчерашниот брифинг со медиумите посочи дека е постигнат напредок за најголемиот дел од прашањата во спорот со името и дека остануваат опсегот на употреба и името за меѓународна употреба. Точно е дека поголем дел од работите се решени и тоа, истакна, му дава право да верува дека има исчекор, но, […]

Заев: Грција има разбирање за идентитетот


Македонија и Грција никогаш не биле поблиску до решение за спорот со името. Во игра е име со георгафска одредница, а не со временска. Разлики има во однос на промената на Уставот, што е поврзано со опсегот на употреба. Грчката страна има разбирање за нашиот идентитет, порача денеска премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ […]

Димитров и Коѕиас ќе ги отворат најжешките прашања


Компромис, но не гнил, туку таков со кој двете страни ќе добијат нешто – е пораката со која грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас дојде вчера во Охрид на нова рунда преговори со министерот Никола Димитров околу спорот за името. Преговорите се закажани за рано наутро во владината вила и ќе траат околу три часа. […]

Пред клучната средба утре во Охрид: Нимиц испратил потсетник до Димитров и Коѕијас


Медијаторот Метју Нимиц испратил писмо до министрите Никос Коѕијас и Никола  Димитров спроти нивната средба утре во Охрид, која се оценува како клучна за решавање на спорот за името.Во писмото Нимиц ги навел точките по кои двете страни имаат договор и точките околу кои не се согласуваат, маркирани врз основа на нивните разговори на трипартитната […]

Пападимулис: Не треба да ја изгубиме можноста за решение на името


Со Владата на Заев се отвори прозорец на можности за решение и не треба да ја изгубиме шансата, вели потпретседателот на европскиот Парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, во интервју за грчката телевизија Скај. – Не треба да ја изгубиме можноста да го решиме овој проблем. Сега со Владата на Заев […]

Гарет: Потребна е политичка храброст за да се реши спорот за името


Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион, и за западните земји заедно со Велика Британија, изјави британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет во интервју за телевизија „Телма“. Гарет очекува од Македонија и од Грција да направат компромис, а решението ќе биде пресвртница за иднината на Македонија. Британскиот амбасадор во […]

Заев: Има придвижување напред за прашањето за името


Премиерот Зоран Заев е оптимист по средбата во Виена меѓу министрите за шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција за решавање на спорот за името, бидејќи како што рече министрите ја отвориле душата и ги кажаа ставовите. – Знаат што е возможно и знаат што  не е возможно. Така што има придвижување напред. Се надевам […]

Македонија2025: Секое решение за името треба да е согласно Уставот


Македонија2025 денеска излезе со став во врска со прашањето за името. Потенцираат дека Република Македонија е суверена земја и оти затоа, го поддржуваат пристапот на сегашната и минатата влада дека „секое спогодбено решение кое не го компромитира националниот идентитет и јазикот, треба да биде доследно и согласно со Уставот на Република Македонија“. – Разбираме дека […]

Ѕанакопулос: Промена на уставното име доколку сакаме да стигнеме до решение


Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката ТВ Алфа. Прашан за натписите во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, […]

Мицкоски ќе учествува на лидерската средба за името по Велигден


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека премиерот Зоран Заев и неговата партија се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името со Грција, но потврди дека ќе учествува на лидерската средба во врска со ова прашање по Велигден. – Ќе имаме лидерска средба после Велигден и претпоставувам дека на таа средба ќе не информираат како течат […]

Пендаровски: Реалист сум за прашањето за името


Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски денеска изјави дека не е песимист, туку реалист во однос на прашањето за името, и оцени дека земјата се уште е во рана фаза од преговорите со Грција. – Ако на 11 и 12 јули не добиеме покана за влез во НАТО, не гледам што е пологично, освен да […]

Прашањето за името е тема на денешната седница на грчката Влада


Преговорите за името и последната средба во Виена, грчко-турските односи, како и економијата, се очекува да бидат темите на денешната владина седница со која ќе претседава грчкиот премиер Алекис Ципрас. Состанокот е закажан за 11 часот по локално време, а во кусото соопштение од премиерскиот кабинет, не се споменати темите кои што ќе се најдат […]