ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има лидерска средба за името


ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека нема да има лидерска средба ниту било каква друга средба поврзана со информација околу текот на разговорите за проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име, велат од партијата. “Ширењето на дезинформации во јавноста на ваква тема е крајно несериозно и има за цел да ја дефокусира јавноста […]

Заев поголем оптимист по последната рунда разговори во Виена


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поголем оптимист по последната рунда разговори во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коцијас со медијаторот Метју Нимиц и дека може да се најде решение за спорот со името. Премиерот кажа дека поканата за лидерска средба била испратена во текот […]

Димитров на поединечни средби ќе информира за разговорите за името, нема лидерска средба


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името, соопштија од МНР. Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има, потврдија за МИА од Владата. Шефот на дипломатијата Никола Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името […]

Ѕанакопулос: Грчката влада во рамките на националната линија бара решение со соседот


Во рамките на националната линија на сите грчки влади, официјална Атина бара решение во спорот за името, е ставот на порптаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. – Во однос на името на поранешната југословенска Република Македонија, владата со чувство на одговорност ја брани националната линија што е заедничка основа на сите […]

Каменос: Ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје


Ние на кој било начин ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје, ова е јасно, вели лидерот на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос. Во интервју за утринска емисија на грчката телевизија „Антена“, тој не само што ги повтори неговите позиции […]

Каменос: Македонија е една и грчка


Не прифаќаме ниту Северна, ниту Јужна, ниту Источна, ниту Западна Македонија, затоа што Македонија е една и грчка, вели лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката Влада, Панос Каменос и уште еднаш го повтори неговиот цврст став од кој, како што вели, не отстапува. Паралелно, рече дека предуслов за решение е промена на […]

Ѕанакопулос за преговорите за името: Чекориме по позитивен пат


Можам јасно да кажам дека во овој момент чекориме по еден доста позитивен пат, вели портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос и додава дека преговорите за името продолжуваат со интензивен ритам. На денешниот брифинг со новинарите, Ѕанакопулос рече дека нацрт спогодбата ја разработува грчкото МНР, а набргу е планирана посета на шефот на дипломатијата Никос […]

Алехандро Алваргонзалес: НАТО ќе помогне Македонија да успее


Само што се вративте од Македонија. Кои се вашите проценки за демократските промени во земјата и дали е потребно да се исполнат некои други услови за членство, освен спорот за името? – Имав многу корисна посета на Скопје заедно со заменик-директорот на Европската комисија за соседството и за проширување (ГД НЕАР). Имавме искрена и продуктивна […]

Вес Мичел во Скопје на разговори за името и за НАТО


Американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел денеска пристигнува во Скопје, како втора дестинација во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на […]

Ципрас и Мицотакис меѓу себе се обвинуваат за прашањето за името


Меѓусебни обвинувања за позициите во прашањето за името, си упатија грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис, за време на расправата во грчкиот Парламент посветена на предлогот на опозициската партија за формирање комисија за истрага и на тројца министри од владата на СИРИЗА за евентуална вмешаност во скандалот „Новартис“. И покрај […]

Ѕанакопулос: Потребна е промена на Уставот за да важи условот ерга омнес


Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во синоќешното гостување во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ. – За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на […]

ОМД го осудува палењето национални симболи и фотографии на протестите во дијаспората


Обединетата македонска дијаспора (ОМД), како една од организациите на непартиското глобално движење „„#НиеСмеМакедонија“, го осудува чинот на палење национални симболи и слики од политички субјекти на протестите на 3 и 4 март во дијаспората, без разлика на мотивите и намерите на чинителите. – ОМД, како и другите организации предводници на движењето „#НиеСмеМакедонија“, повеќекратно повикаа на […]

Павлопулос: Промена на Уставот и име без иредентизам како предуслов


Промена на Уставот и име кое нема да зрачи иредентизам, а ќе обезбеди три гаранции: „не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници вон границите и „не“ за јазик што би настојувал на права вон границите. Ова, според грчкиот претседател Прокопис Павлополус, се предусловите за решавање на спорот за името и постигнување договор меѓу […]

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ да го остави СДСМ да го реши името


ВМРО-ДПМНЕ да го остави СДСМ да го реши проблемот со името, е советот што ѝ го упати вечерва поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на својата матична партија, на чие чело беше до 2003 година. „ВМРО-ДПМНЕ како опозиција треба, со блага критика, да ги остави СДСМ и другите владејачки партии да најдат решение за спорот со Грција. […]

(ВИДЕО) Македонските иселеници запалија слика од Зоран Заев


Македонските иселеници во Австралија на денешниот протест против менување на уставното име запалија фотографија од премиерот Зоран Заев. Демонстрантите облечени во патриотска облека и македонски обележја ја запалија сликата, а видеото кружи по социјалните мрежи. Слични вакви собири денеска се одржуваат и во Нов Зеланд, Холандија, Англија, Италија, Чешка, Словенија и Малта.

Бакојани: Груевски е радикален националист, Заев е прозорец на можност


Се плашам дека е само уште една можност во синџирот можности што ги изгуби грчката надворешна политика, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани во однос на изгледите за решавање на прашањето за името, а паралелно упати остри критики до владата на Ципрас за тоа како управува со преговорите. На панел дискусија на Економскиот […]

Пајат: САД се заинтересирани да успеат дипломатските активности меѓу Скопје и Атина


Ние сме мошне заинтересирани да успее дипломатијата што во овој момент е во тек, вели американскиот амбасадор во Грција во однос на разговорите за името меѓу Македонија и Грција. Говорејќи на панел дискусија во рамките на Економскиот форум во Делфи, Грција, Џефри Пајат, рече дека најдобриот начин да помогне е да не шпекулира премногу околу […]

Јункер: Нема притисок од ЕУ за да се реши името


Престедателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз изјави дека Европската Унија не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името. – Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија да изнајдат решение за прашањето за […]

Ѕанакопулос: Сложено име за севкупна употреба, рамка за решение


Врз основа на сложено ерга омнес име, може да се најде достоинствено, заемно прифатливо и одржливо решение на прашањето за името, а потребна е волја и од двете страни, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос. На денешниот редовен брифинг со новинарите, Ѕанакопулос уште еднаш ги повтори грчките позиции во разговорите за името. – Од […]

Заев за ФТ: Македонија и Грција се блиску до решение за името


Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за „Фајненшл тајмс“ оценува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение на долгогодишниот спор за името. Заев се надева дека ова прашање би можело да биде затворено пред самитот на НАТО во Брисел во јули годинава од каде Македонија очекува покана за членство. – Јас сум оптимист. Многу е […]