Хан: Изјавата за решение на спорот за две недели беше погрешно пренесена


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана. -Тоа беше грешка, има и снимка. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа […]

Во Солун нов обид на Димитров и Коѕијас да ги приближат ставовите за „најтешките прашања“


Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска ќе имаат нова билатерална средба во рамките на министерскиот состанок што се одржува во Солун. Средбата е можност за продолжување на разговорите за решавање на долгогодишниот спор за името. Иако, формално, преговорите за името се одвиваат со посредство на медијаторот Метју […]

Заев: Македонија може заедно со Грција да постигне решение пред одржување на Советот на министрите на ЕУ


Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржување на Советот на министрите на ЕУ, изјави премирот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по потпишувањето на меморандумот за соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили. Прашан кога очекува да се достави компромисно решение за името во […]

Мнозинството граѓани и натаму не прифаќаат никаква промена на името


Никаква промена на името, е ставот на мнозинството граѓани или 47,1 насто, покажува најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија. Само  14,4 отсто, би прифатиле „двојна формула“, а 14,1 отсто, име за севкупна употреба или erga omnes.  Договорено име за во меѓународните организации, е прифатливо за 13,6 отсто  од испитаниците, додека 10,1 отсто, би […]

„То Вима“: Времето тече, решението се оддалечува


Во последните 20 дена, атмосферата во разговорите за името во ништо не потсетува на насмевките и оптимизмот што првично ги испраќаа пред и по средбата на Алексис Ципрас со Зоран Заев во Давос минатиот јануари, пишува весникот „То Вима“. Во анализата под наслов „Времето тече, решението се оддалечува“, искусниот новинар пишува дека се намалува просторот […]

Туск за спорот со Грција: Невозможното станува возможно


Невозможното станува возможно е оценка на претседателот на Европскиот совет,  Доналд Туск, во однос на процесот за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција за спорот со името. – Минатата година слушнав дека е невозможно да се реши ова прашање, но сега сте блиску до успех, рече Туск, на заедничката прес-конференција на лидерите од Процесот […]

Кувелис: Од Скопје зависи дали ќе има решение


„Не можам да кажам кога ќе има конечен договор затоа што случајот сега е веќе кај Скопје“, изјави алтернативниот министер за одбрана на Грција, Фотис Кувелис, во интервју за грчката држава ЕРТ. Тој рече дека Грција, преку Никос Коѕијас, ги доставила грчките позиции и условите за суштинско решение, а сега одлуките треба да ги донесе […]

(Фото) Протест за одбрана на името


Повеќе патриотски здруженија вечерва излегоа пред Собранието на Р.Македонија за да го искажат својот револт против промена на името на државата и донесувањето на законот за јазиците. „Дојдовме заедно за да бидеме дел од живиот штит преку кој не ќе смее да помине и нема да помине никакво преименување, никакво прекрстување, никакво обезличување. Зашто преименувањето води […]

Молк од средбата во Виена


Преговорите за името во Виена траеја околу три часа , а изјавата што медијаторот Метју Нимиц ја даде потоа соопштувајќи го исходот – траеше само триесетина секунди. Дали немаше што да се каже или договореното требаше да остане зад затворена врата, вообичаено станува јасно ден по средбите. Во секој случај од средбата во Виена вчера […]

Вајгл: Постои реална можност за датум за преговори со ЕУ на лето


Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, во интервју за МИА оценува дека е реална можноста лидерите на ЕУ веќе на лето да дадат зелено светло и датум за преговори за Македонија, потсетувајќи дека ЕП одамна турка за преговорите и решавањето на името да можат да одат во пакет, доколку не се реши спорот […]

Ѕанакопулос: Атина направи отстапки, сега на ред е Скопје


Во преговорите, грчката страна направи отстапки, сега е време и поранешната југословенска Република Македонија да ги направи неопходните чекори за постигнување договор, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на денешниот редовен брифинг со новинарите, на само два часа пред почетокот на средбата во Виена. Запрашан за тоа што очекува […]

Заев: На секоја средба гледам можност за исчекор за решавање на прашањето за името


На секоја средба гледам можност за исчекор. Досега имаме многу успеано. Тоа го потврдуваат и нашите партнери од другата страна на преговарачкиот процес, претставниците на Република Грција. И ние можеме да потврдиме – има напредок кој ни дава причина да веруваме дека може да се направи исчекор и сега, во Виена, да ја искористиме секоја […]

Заев очекува исчекор од денешната средба за името во Виена


Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува исчекор од денешната средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц. Како што рече денеска премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на годишната програма за вработување, верува во двајцата […]

Грчкото МНР: Хан не ги разбира преговорите за името, да престане да ги поткопува


Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите. – Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да […]

Заев: Посакувам, но не верувам дека за две недели ќе се реши спорот за името


Премиерот Зоран Заев не верува дека за две недели може да се реши спорот за името, коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оти Скопје и Атина можат да постигнат договор во наредните 15 дена. – Еврокомесарот Јоханес Хан е голем пријател на Македонија и дај Боже тој да има информација што за […]

Сервер: Името мора да се реши и Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО


Триаголникот од кој зависи напредокот на Балканот се САД, ЕУ и вие. Кога овие три страни се хармонизирани ништо не може да ги спречи. Кога се надвор од рамнотежа сите прашања дури и оние кои може да влијаат на мирот и стабилноста се под опасност. Ова го истакна експертот за Балканот и професор на Унивезритетот […]

ОН ја потврдија новата рунда преговори во Виена


Медијаторот на ОН во спорот меѓу Македонија и Грција околу името Метју Нимиц задутре во Виена ќе одржи состанок со шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас, потврдија од ОН. Како што стои на официјалната веб-страница на ОН, средбата е дел од напорите за пронаоѓање заемно прифатливо решение за името.

Хаѕидакис: 50-50 се шансите за решение на прашањето со името


Пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР, вели потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис коментира дека „работите не се едноставни“ во преговорите за името. – […]

Сега е вистинскиот момент за решение за името, смета премиерот


Фокусот е ставен на решение за името, а не на рокови. Сега е вистинскиот момент да се најде решение. Влегуваме во самата суштина, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев изрази уверување […]

Вуцис: Во интерес на Грција е да се најде заемно прифатено решение за името


Изнаоѓање заемно прифатено решение за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба, е во интерес и на Грција, смета претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис. Вуцис имаше поздравно обраќање на промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, во просториите на Стопанската комора во Атина, а во неговиот говор се задржа на […]