Израелската армија прогласи четири области на северот за „затворена воена зона“


Израелската армија попладнево прогласи четири области за „затворена воена зона“ во северозападниот дел на државата, по претходниот повик за евакуација на блиското либанско крајбрежје. „По проценка на ситуацијата, областите Рош Ханикра, Шломи, Ханита и Арап ал-Арамше во северниот дел на Израел од денеска во 22 часот (по локално време) ќе бидат прогласени за затворена воена […]

Хезболах истрела голем број ракети кон северниот дел на Израел


Либанската милитантна група Хезболах денеска истрела повеќе ракети кон северот на Израел, од кои неколку погодија станбени објекти во Кармиел и Деир ал-Асад. Според израелските власти, десет лица се примени на лекување поради шок, без физички повреди, пренесува Си-Ен-Ен. Неколку противпожарни екипи се распоредени за да интервенираат ако е потребно, додека осум екипи веќе се […]

Израел бомбардираше џамија во близина на болница во јужен Либан, има повредени


Израелската војска денеска соопшти дека бомбардирала џамија во непосредна близина на болница во јужен Либан, тврдејќи дека во неа има скриен команден центар на Хезболах, јави ДПА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на мрежата Х објавија дека нападот бил насочен кон „терористи на Хезболах“ кои ја користеле џамијата во близина на болницата Салах Гандур […]

Израелските сили се обидуваат да влезат во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут


Либанското милитантно движење Хезболах утринава соопшти дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут јавуваат дека во либанскиот главен град повторно се слушаат експлозии. Британските медиуми го цитираат милитантното движење кое утринава објави дека ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј и дека во тек се жестоки борби. […]

Што постигнува Израел со насочените убиства на екстремистичките лидери


 По атентатот на лидерот на Хезболах во Либан, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се пофали дека Израел се пресметал, но претходните израелски насочени убиства фрлија сомнеж за тоа што всушност ќе се промени, пишува АФП. Смртта на Хасан Насрала не само што не им дозволи на Израелците да мируваат, туку доведе до ирански ракетен напад врз […]

Колку е моќна иранската, а колку израелската армија?


  Израел завчера започна копнена инвазија во Либан, а вчеравечер дојде до нова ескалација – израелската армија соопшти дека од Иран биле истрелани ракети кон Израел. Сирените се огласија низ Израел. Веста доаѓа откако висок функционер на Белата куќа изјави дека САД имаат индиции дека Иран се подготвува наскоро да изврши напад со балистички ракети […]

САД поддржуваат се што Израел прави против Хезболах, но молчи за тоа


  Високи претставници на Белата куќа приватно му кажале на Израел дека САД ќе ја поддржат неговата одлука да го засили воениот притисок врз Хезболах, иако администрацијата на Бајден изминатите недели јавно ја повика израелската Влада да ги намали своите напади, тврдат американски и израелски официјални лица. Претседателските советници Амос Хохштајн и Брет Мекгурк, координатори […]

Реакиции по иранскиот напад врз Израел


Вчерашниот ирански ракетен напад врз Израел наиде на општа осуда во меѓународната заедница, а нападот, како херојски, беше поздравен само од палестинскиот исламистички Хамас и од милицијата Хути во Јемен. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди ширењето на конфликтот на Блискиот Исток и рече дека тоа мора да престане и дека е потребен […]

Израел вети одговор на иранскиот напад


Израелската војска вчера соопшти дека ракетниот напад од Иран завршил и луѓето би можеле да ги напуштат засолништата, ветувајќи му одговор на Техеран на нападот. -По проценката на ситуацијата, беше одлучено дека сега е дозволено да се напуштат заштитените подрачја во сите области низ земјата, се вели во соопштението на израелската армија. Иранскиот ракетен напад […]

Саливан: Иранскиот напад врз Израел беше „неефикасен“ и одбиен со помош на САД


Иранскиот напад врз Израел се покажа „неефикасен“ и беше одбиен од израелските сили за противвоздушна одбрана со поддршка на САД, изјави синоќа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Тој нагласи дека Вашингтон моментално „нема податоци за починати во Израел“ и проверува информации за смртта на еден цивил на окупираниот Западен Брег како […]

Израел подготвува копнена инвазија врз Либан


 Иако сè уште не е донесена политичка одлука Израелската армија (ИДФ) привршува „значајни операции“ како подготовка за копнена инвазија врз јужен Либан, објавија дел од израелските медиуми. Тие повикувајќи се на неименуван безбедносен извор истакна дека само прашање на време е кога ќе биде извршена копнена инвазија. Целта на копнените маневри е да се уништат […]

Убиството на Насрала ја откри длабочината на пенетрацијата на Израел во Хезболах


  По убиството на Сејед Хасан Насрала, Хезболах се соочува со огромен предизвик да ја блокира инфилтрацијата во своите редови што му дозволи на неговиот голем непријател Израел да уништи локации за оружје, да ги следи неговите комуникации и да го убие долгогодишниот лидер, чие место на живеење беше строго чувана тајна со години. Убиството […]

Израел и Либан наскоро ќе потпишат примирје? САД и Франција: Прекин на огнот веднаш!


САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Во заедничката изјава, договорена на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се вели дека неодамнешните борби се неприфатливи и претставуваат неприфатлив ризик од поширока регионална ескалација. „Повикуваме […]

Египет, Ирак и Јордан издадоа соопштение: Израел не води во општа војна


Министрите за надворешни работи на Египет, Ирак и Јордан ги осудија израелските напади врз Либан, предупредувајќи дека може да има сеопфатна војна. Во заедничката изјава објавена по средбата на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, министрите навеле дека разговарале за „сериозната ескалација што се случува во регионот“. Тие посочија дека ескалацијата на конфликтот […]

Иран го обвини Израел дека се обидува да предизвика поширока војна на Блискиот Исток


Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го обвини Израел дека се обидува да предизвика поширока војна на Блискиот Исток. Пезешкијан им рече на група претставници на медиумите собрани на Генералното собрание на ОН во Њујорк дека Израел „поставува замки“ за да го вовлече Иран во поширок конфликт. Израел изведе серија воздушни напади врз Либан денеска, велејќи дека […]

Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах


Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на […]

Израелски претставник пред Советот за безбедност на ОН: Израел ќе се брани


Постојаниот претставник на Израел во Обединетите нации, Дени Данон, изјави пред Советот за безбедност на организацијата дека Израел не ја исклучува можноста за нови напади врз цели на либанската шиитска група Хезболах, јави ДПА. -Нема да дозволиме Хезболах да продолжи со своите провокации. Нејзините дејствија се во спротивност со меѓународното право и Израел ќе се […]

ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци


Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара Израел „без одложување да го прекине своето незаконско присуство“ на, како што ја нарекува, „окупирана палестинска територија“ во рок од 12 месеци, вклучувајќи ги сите војници и цивили. Резолуцијата бара Израел да се придржува до пресудата на Меѓународниот суд на правдата во јули за […]

Израелските авиони ноќеска погодиле околу 30 позиции на Хезболах во јужен Либан


Изаелските борбени авиони во текот на ноќта погодиле околу 30 ракетни фрлачи на Хезболах и друга инфраструктура во јужен Либан, соопшти денеска израелската армија. Според ИДФ, нападите биле извршени во градовите Џебеин, Накура, Деир Серијан и Зибкин, објави „Тајмс оф Израел“. Израелската армија додаде дека фрлачите на Хезболах и другите цели „претставувале закана за израелските […]

Извозот на оружје од Србија во Израел достигнува рекорди


  Главниот државен трговец со оружје во Србија извезе оружје и/или муниција во вредност од повеќе од седум милиони евра во Израел во јули, што се совпадна со пет израелски воени летови од Белград до воздушната база во близина на Бершеба, додека балканската земја продолжи да ја игнорира загриженоста за наводната воени злосторства против палестинските […]