Израел призна дека по грешка го погодил возилото на ОН за достава на храна


Израел им соопшти на Соединетите Американски Држави дека прелиминарната истрага покажала дека пукале во возило на Светската програма за храна (WFP) во Појасот Газа по „грешка во комуникацијата“, изјави заменик американскиот претставник во Обединетите нации, Роберт Вуд. „Ги повикавме итно да ги поправат проблемите во нивниот систем“, рече Вуд на состанокот на Советот за безбедност […]

Момче скршило сад стар 3500 години во музеј – таткото вели дека сакал да види што има внатре


Четиригодишно момче случајно скршило сад стар 3.500 години во музеј во Израел додека патувало со своето семејство. Музејот Хехт во Хаифа за Би-Би-Си изјави дека садот датира од бронзеното доба, помеѓу 2200 и 1500 година п.н.е., и дека тоа е редок артефакт бидејќи бил добро сочуван. Садот бил изложен веднаш до влезот на музејот и […]

Њујорк Тајмс: Израел постигна се што можеше воено против Хамас во Газа


Израел постигна воено сè што може против Хамас во Појасот Газа, а групата не е во состојба повторно да планира или изврши напад сличен на оној на 7 октомври, изјавија американски официјални лица за Њујорк Тајмс. Сепак, официјалните лица велат дека никогаш нема да можат целосно да ја елиминираат групата и дека мора да се […]

Израел ќе гради нова населба на окупираниот Западен Брег


Израел денеска ги објави плановите за изградба на нова еврејска населба на окупираниот Западен Брег, прва од 2017 година. Населбата со израелски доселеници ќе се протега на површина од 148 хектари, пренесуваат локалните медиуми. Израелскиот министер за финансии, Бецалел Смотрич, изјави дека оваа населба е одговор на акциите на палестинското раководство на Западниот Брег и […]

Прекини на ГПС услугите во Израел поради можен ирански напад


GPS услугите во голем дел од Израел се прекинати поради стравувања од ирански напад врз територијата на земјата, јави „Тајмс оф Израел“. Прекините се однесуваат не само на граничните области блиску до Либан, туку и на густо населените области во центарот на земјата. Израел е во состојба на највисок степен на готовност поради заканите од […]

Хезболах ноќеска истрелал 50-тина ракети врз северен Израел, повеќето биле соборени од „Железната купола“


Проиранското либанско шиитско движење Хезболах рано утринава соопшти дека истрелало десетици ракети врз Беит Хилел во северен Израел. Групата во соопштението напиша дека „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз непоколебливите јужни села и безбедните куќи, особено нападите насочени кон селата Кафр Кила и Деир Сарџан и повредените цивили, Исламскиот отпор (Хезболах) за првпат […]

Израел нареди евакуација на областа што претходно ја прогласи за хуманитарна зона во Газа


Израелската армија денеска нареди евакуација на дел од територијата во Појасот Газа, што претходно ја определи како хуманитарна зона. Армијата објави дека планира да започне операција против милитантите на Хамас кои се во областа и оттаму лансираат ракети кон Израел. Станува збор за источниот дел на хуманитарната зона Муваси, што се наоѓа на југот од […]

Израел почна да ги вакцинира своите војници во Газа против детска парализа


Израел почна да ги вакцинира своите војници во Газа против детска парализа и да снабдува вакцини за палестинското население, откако здравствените агенции соопштија дека вирусот е пронајден на територијата. Армиските власти започнаа „широка операција за вакцинација за сите копнени трупи, и редовни и резервни“, се вели во денешното соопштение. Армијата не даде бројка за бројот […]

Крвата одмазда: Најмалку три лица загинаа, а 87 се ранети во израелскиот напад врз јеменското пристаниште Ходеида


Најмалку три лица загинаа, а 87 се повредени во напад на израелските воздухопловни сили врз пристаништето Ходеида во Јемен, контролирано од Хутите. Нападот беше извршен откако јеменските бунтовници Хути лансираа беспилотно летало на Тел Авив во петокот, при што загина еден Израелец, а беа повредени најмалку 10 лица. Според израелската војска, пристаништето Ходеида се користело […]

Израел испраќа делегација во Каиро за понатамошни мировни преговори


Израел ќе испрати делегација во Каиро на понатамошни разговори со посредниците за предложениот договор со Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Сепак, додека Хамас се согласи да направи отстапки за своето клучно барање – Израел да се обврзе на целосно завршување на војната – палестинската […]

Семејствата на заложниците апелираат до Нетанјаху да го одложи говорот во американскиот Конгрес


Групата што ги претставува семејствата на израелските заложници кои се држат во Појасот Газа денеска апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одложи својот говор пред американскиот Конгрес додека не се потпише договор за ослободување на нивните роднини. Нетанјаху треба да зборува на заедничката седница на Конгресот на 24 јули. Израел и Хамас во […]

Залуден ПР на Израел, реалните бројки се неумоливи: Драстично е намален бројот на туристи во земјата


Иако Израел се обидува на јавноста да и ја претстави сликата дека војната во Газа не ја потресе значително земјата, податоците во реалноста го негираат ваквиот став на владата, а тоа особено се однесува на туризмот. Според израелските медиуми, во првата половина на 2024 година, бројот на пристигнувања на странски државјани во земјата изнесувал четвртина […]

Вашингтон ќе му испрати на Израел бомби тешки над 200 килограми


Американските и израелските власти соопштија дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе пушти пратка со бомби тешка повеќе од 200 килограми, кои требаше да бидат дел од пратката за Израел, која беше суспендирана минатиот месец. Според американски и израелски официјален претставник, САД се подготвуваат да ги испорачаат бомбите, истакнувајќи дека администрацијата на Бајден разгледува […]

Израел тврди дека „може да го врати Либан во камено доба“, но не сака војна со Хезболах


Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на неговата посета на американскиот главен град Вашингтон, предупреди дека израелската армија е способна „да го врати Либан назад во каменото доба“ во евентуална војна со либанската шиитска група Хезболах. Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница. Галант, исто […]

Воената влада на Израел се распушти: Почна хаосот (Видео)


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја распушти воената влада, која беше формирана по невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година. Според „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху доцна синоќа му рекол на Воениот кабинет, мала група високи функционери од низа партии што беше формирана на 11 октомври за да управува со операциите против Хамас […]

Германски суд го одби барањето за блокирање на извозот на оружје за Израел


Суд во Берлин отфрли итно барање на голем број палестински жители на Газа да се спречи германската влада да дава дозволи за извоз на германско оружје во Израел со образложение дека тоа би можело да се користи со кршење на хуманитарното право. Палестинците беа поддржани од неколку организации, вклучувајќи го Европскиот центар за правна поддршка […]

СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа


Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата. Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана. Израел минатата недела го […]

Израел во екот на војната во Газа договори купување на 25 американски ловци Ф-35


Израел договорил да купи 25 американски борбени авиони Ф-35, потврди израелското Министерство за одбрана и додаде дека тоа е трета ескадрила борбени авиони Локхид Мартин кои се интегрирани во израелските вооружени сили. Израелските воздухопловни сили ќе имаат на располагање 75 од овие „невидливи“ авиони. Испораката се очекува да почне во 2028 година, со три до […]

Израел подготвува алтернатива за власта на Хамас во Појасот Газа


Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, синоќа изјави дека Израел, во моментов додека ја изведува воената операција во Појасот Газа „подготвува алтернативна власт“ за оваа област, на местото на палестинското движење Хамас прортив кого војува веќе осум месеци, пренесе Бета. Уште кон средината на мај Галант изрази противење за воената и политичка контрола на Израел […]

Бени Ганц поднесе предлог-закон за распушање на Кнесетот и предвремени избори во Израел


Израелската Партија за национално единство, предводена од министерот во воениот кабинет, Бени Ганц, поднесе предлог-закон за распуштање на израелскиот Парламент (Кнесет) и одржување предвремени избори во земјата, јави израелскиот весник „Хаарец“. Во Израел со недели се одржуваат протести со кои се бара предвремени избори, а демонстрантите тврдат дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху лошо управува […]