Русија тврди дека Израел е одговорен за нападот врз сириската база


Руската армија тврди дека два израелски авиони Ф-15 извршиле напад врз сириската воздухопловна база Т-4 во провинцијата Хомс. Руското МНР нагласува дека израелските авиони извршиле напад во кој загинаа најмалку 14 луѓе, преку либански воздушен простор и дека сирискиот систем за ПВО соборил пет од осум испукани ракети. Портпарол на израелската армија засега не сакаше […]

Израелските сили застрелаа двајца Палестинци


Двајца Палестинци се убиени и околу 250 се повредени од истрели на израелски војници при судири во близина на оградата која ги дели Газа и Израел, соопшти Министерството за здравство во Газа. Во минатонеделното насилство во ова подрачје загинаа 19 лица. Денеска во болницата почина еден од повредените, а подоцна беше убиен 29-годишен Палестинец во […]

Израел се закани со проширување на воената акција


Портпаролот на израелската армија денеска изјави дека доколку се прошири насилството долж границата со Појасот Газа, Израел ќе ја прошири воената акција против милитантите. Бригадниот генерал Ронен Манелис изјави дека армијата до сега го имаше ограничено својот одговор врз оние кои се обидуваат да го кршат граничниот режим, но доколку продолжат нападите, мета на израелската […]

Судар на германски и израелски авион на аеродром во Тел Авив


Авион на германската авиокомпанија „Германија Боинг 737“ при полетувањето се судри со авион на израелскaта „Ел АЛ“ на меѓународниот аеродром Бен Гурион во блзиина на Тел Авив. – Во инцидентот нема повредени, соопшти израелската управа на аеродромот. Истрага за случајот веднаш е отворена, а се до нејзиното завршување тие авиони нема да летаат. „Ел АЛ“ […]

Израелски министер: Израел веројатно нема да протерува руски дипломати


Израелскиот министер за градежништво Јоав Галант изјави денеска дека Израел мора да работи она што е во негов интерес, а не во интересите на другите, и дека веројатно нема, како западните земји, да протерува руски дипломати поради труење на поранешниот шпион на Русија и на Велика Британија. Галант, поранешен воен командант задолжен за јужен Израел, […]

Израелски научници создадоа „комарец“ кој краде податоци и без интернет


Израелски научници од Универзитетот Бен Гурион покажаа дека за упад во компјутер и кражба на податоци не е потребно тој да биде поврзан со интернет. Тие развија нова метода наречена „air-gap“ што овозможува размена на податоци меѓу два неповрзани компјутера преку звучник или слушалки. Во комбинација со малициозен код, со таа метода можнио е да […]

ЕУ бара начин да се рестартираат преговорите меѓу Израел и Палестина


Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Брисел одржаа заеднички состанок со нивните колеги од Лигата на арапски држави (ЛАД) за да најдат начин да се рестартираат преговорите помеѓу Израел и Палестина. Високата преставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, повтори дека ставот на ЕУ останува мировниот процес на Блискиот исток да […]

Израел успешно тестираше напреден ракетен пресретнувач


Министерството за одбрана на Израел соопшти денеска дека таа земја успешно тестирала напреден ракетен систем за одбрана, кој има можност да се одбрани од балистички ракети за уништување цели надвор од атмосферата. Министерството оцени дека успешната тест-мисија на пресретнувачот Ероу-3 (Arrow-3) е „голем камен-темелник“ на способноста на Израел да се одбрани од „сегашните и идни […]

Израелската полиција препорача покренување на обвинение против Нетанјаху


Полицијата, која го испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, му препорача на државниот обвинител тој да биде обвинет за корупција во два случаи, јавија денеска израелски медиуми. Нетанјаху, кој негира дека сторил нешто незаконско, неколку пати е испрашуван од почетокот на 2017 година. Конечната одлука за покренување на обвинение е на државниот обвинител. Израелски медиуми јавуваат […]

Израел планира да депортира десетици илјади баратели на азил од Африка


Израелската Влада им нуди по 3.500 долари и авионски билет на барателите на азил во Израел, кои доаѓаат од Судан, Еритреја и други африкански држави, доколку прифатат релокација во некоја од побезбедните држави во Африка, а во спротивно им се заканува апсење. Понудата е упатена до 20.000 баратели на азил, од вкупно 37.000 колку што […]

ЕУ ќе ја признава Палестина, Македонија нема да брза


Европската унија срамежливо навестува дека веќе на пролет ќе дојде до колективно признавање на Палестина како држава. Нога ќе повлече Словенија, а нејзиниот пример треба да го следат и останатите земји што досега не ја признаваа самостојноста на државата на Блискиот Исток. Овие вести доаѓаат по контроверзниот потег на американскиот претседател, Доналд Трамп, чија администрација […]

Во Македонија доаѓа 2018, во Израел е 5778, а во Пакитан 1439 година


Која година е? Прашањето не е така едноставно како што звучи. Се е релативно. Луѓето направиле календари за мерење на времето, но времето е краткотрајно, не може да се фати, а одбројувањето не може да се означи. Овде почнува компликуваното. Како да се пронајде почетокот? Од кога да сметаме? Различни земји користат различни календари. Многу […]

Израел ќе излезе од УНЕСКО


Израел соопшти денеска дека ќе го напушти УНЕСКО поради „системски напади“ од страна на организацијата кон еврејската држава. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Израел, Емануел Нахсон рече дека одлуката е базирана на „обидите на организацијата да ја одвојат еврејската историја од Израел“. Тој додаде дека официјално писмо за излегување ќе биде поднесено пред […]

ОН го осуди убиството на Палестинецот во инвалидска количка


Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад Ал Хусеин денеска го осуди убиството на палестинскиот инвалид, застрелан во петокот од израелските сили за безбедност при судирите вдолж границата со Газа и повика на независна и непристрасна истрага. Ибрахим Абу Тураја ги изгубил нозете при израелски воздушен напад пред девет години. Мажот во инвалидска […]

Ердоган бара Ерусалим да биде признаен како престолнина на Палестина


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика сите земји да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина, јави турската телевизија НТВ. – Ерусалим е нашата црвена линија. Израел е окупаторска и терористичка држава, изјави Ердоган пред учесниците на вонредната средба на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, посветена на прашањето за Ерусалим. Тој додаде […]

ВИДЕО ВО ЖИВО: Немири во Израел, војската повреди над 17 лица


Повеќе од 17 лица се повредени од израелската војска за време на протестите органзиирани од Палестинците. Немирите избија денеска во окупираниот Западен брег и појасот Газа, откако САД го признаа Ерусалим како главен град на Израел. Во градовите Хеброн и Ал-Бирех на Западниот брег се собраа илјадници демонстранти, извикувајќи „Ерусалим е главен град на палестинската […]

Чешка го призна западен Ерусалим како престолнина на Израел


Чешка Република соопшти дека го признава западен Ерусалим за главен град на Израел, но ќе го разгледа прашањето за преместување на Амбасадата од Тел Авив во тој град по разговори со регионални партнери. – Чешката Република моментно, пред да биде потпишан мир меѓу Израел и Палестина, го признава Ерусалим дека е главен град на Израел […]

Реакции по признавањето на Трамп на Ерусалим за главен град на Израел


Палестинската организација Хамас во првичниот коментар во врска со одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел нагласува дека со тој потег „се отвораат вратите на пеколот“. Францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Макрон повика […]

Палестинците не сакаат Ерусалим да стане главен град на Израел


Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Саеб Ерекат, предупреди дека американското признавање на Ерусалим како главен град на Израел би претставувало промовирање на меѓународната анархија. Тој во реакцијата за медиумските наводи за можното признавање на Ерусалим како главен град на Израел од страна на САД, нагласи дека доколку американската администрација одлучи да се спротивстави […]