Во Израел одобрија четврта доза вакцина против Ковид-19 за постари од 60 години и медицински персонал


Израел –  Израел одобри четврта доза од вакцина против Ковид-19 за сите луѓе постари од 60 години и медицинскиот персонал, соопшти синоќа премиерот Нафтали Бенет. На прес-конференција Бенет рече дека Министерството за здравство ја одобрило одлуката два дена по одобрувањето на четвртата доза за групи со висок ризик. – Бранот со Омикрон е тука и […]

Омикрон би можел да го доведе Израел до колективен имунитет


Израел– Скокот на бројот на заразени со варијантата омикрон на коронавирусот може да доведе до тоа Израел да постигне колективен имунитет, изјави денеска највисокиот здравствен функционер во земјата, додека бројот на случаи продолжува да расте. Високо заразната варијанта омикрон доведе до зголемување на случаите на коронавирус ширум светот. Бројот на заразени ширум светот достигна рекордно […]

Прв случај на „флурона“ истовремена зараза со корона и грип во Израел


Првиот случај на „флурона”, односно истовремена зараза со корона вирус и грип, е забележан во Израел. Локалните медиуми известуваат дека пациентката е млада трудница со благи симптоми, која моментално е примена во болницата Беилинсон во градот Петач Тиква, јави Индепендент „Ѝ беа дијагностицирани грип и коронавирус веднаш штом пристигна“, изјави професорот Арнон Вижницер, директор на […]

Израел одобри четврта доза вакцина за станарите на домовите за стари лица


Израел – Израел денеска одобри четврта доза вакцина против Ковид-19 за луѓето во домовите за стари лица и геријатриските одделенија, откако синоќа беше одобрено Израелците со ослабен имунолошки систем да се имунизираат и по четврти пат. Израел е првата земја во светот која одобри четврта доза, јавуваат израелските медиуми. Панел експерти во Министерството за здравство минатата недела препорача да се даде втор засилувач на […]

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19


Медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив денеска го почна првото тестирање во светот на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19. – Најголемиот медицински центар во Израел и на Блискиот Исток ангажираше 150 вработени за истражувањето, а секој од нив прими трета, засилувачка доза, во август и сега нивното ниво на антитела […]

Одбраната на Мијалков бара реакција од израелската Амбасада по тврдењата дека „имал блиски врски со Израел“


 Адвокатите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска информираа дека испратиле писмо до израелскиот амбасадор, откако во образложението за одлуката на Основниот кривичен суд за нов 30-дневен притвор на нивниот клиент било наведено дека постои „опасност од бегство затоа што е во контакт и блиски врски со разузнавачките служби на Израел“. – Во решението […]

Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19


Израел– Израелското Министерство за здравство синоќа соопшти дека се пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата над 60 години. Генералниот директор на Министерството за здравство, Нехман Аш треба да ја одобри кампањата за вакцинација со четврта доза, а сега се проучуваат податоците од Велика Британија, кои навестуваат дека сојот омикрон предизвикува помалку […]

Израел ги продолжи ограничувањата за патување поради коронавирусот за уште 10 дена


Израел– Израел одлучи да ги продолжи за уште 10 дена строгите ограничувања за патување, вклучително и забрана за влез на странски државјани, во обид да го запре влезот во земјата на лица заразени со новиот сој на коронавирус омикрон. Во соопштението објавено синоќа од израелскиот премиер Нафтали Бенет и министерот за здравство Никан Хоровиц, ограничувањата […]

(ВИДЕО) Обезбедувањето веднаш ги одзеде палестинските знамиња од исландските музичари


Откако исландскиот бенд „Хатари“ ги развеа палестинските знамиња за време на бодирањето на евровизиската финална вечер, обезбедувањето веднаш се упати кон нив. Едниот член на бендот тајно снимаше со телефон како им ги одземаат знамињата.   View this post on Instagram   ?? #eurovision2019 A post shared by Einar Stef (@einar.stef) on May 18, 2019 […]

Евросонг: Американската амбасада ги предупреди своите граѓани да бидат претпазливи во Израел


Израел- Американската амбасада во Израел ги предупреди своите граѓани во оваа земја да бидат претпазливи и да избегнуваат патување во областите погодени од ракетни пожари поради последните судири меѓу Хамас и Израел. Ова предупредување се совпаѓа со одржувањето на изборот за песна на „Евровизија“ и одбележувањето на годишнината од отворањето на американската амбасада во Ерусалим, […]

Израел започна воена офанзива во Појасот Газа


Израелските вооружени сили соопштија дека почнале да напаѓаат терористички цели во Појасот Газа, јавија израелските медиуми. До нападите доаѓа откако седум лица беа повредени рано изутрина кога куќа во центарот на Израел беше погодена од ракета истрелана од Појасот Газа, поради што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го скрати престојот во Вашингтон и се врати во […]

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја презеде од Сирија за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. – Ова се подготвуваше долго време. Тоа требаше да се случи пред многу децении, изјави Трамп додека го потпишуваше декретот во Белата куќа во […]

Израел: Тужба против Икеа поради каталог без фотографии од жени


Во Израел е покрената тужба против Икеа поради родова дискриминација, а случајот се однесува на каталог на овој познат шведски производител на мебел објавен во еврејската држава во кој нема фотографии од жени и девојчиња. Каталогот е креиран посебно за заедницата на ултраортодоксни Евреи, наведуваат израелските медиуми. Тужбата ја поднеле Хана Кацман од градот Петах […]

На повидок нова дипломатска „војна“: Израел наспроти Полска


Полски официјални претставници би можеле да го откажат планираното патување во Израел поради изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за вмешаност на Полска во Холокаустот. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки одлучи вчера да го откаже патувањето во Израел и да го замени министерот за надворешни работи Јацек Чапутович. Меѓутоа, сега би можела да биде откажана посетата […]

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2019 во Израел


Македонската радио телевизија донесе одлука Тамара Тодевска да ја претставува Македонија на Евросонг 2019, што ќе се одржи во мај во Тел Авив, Израел. Од МРТ посочуваат дека се во тек консултации со група автори околу песната-национален претставник на годинашниот Евросонг.

Русија го обвини Израел за урнатиот руски авион


Израел е целосно одговорен за соборувањето на рускиот воен авион и за загинувањето на екипажот во Сирија, нагласи рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во телефонскиот разговор со израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, јавија руски медиуми. –  Сергеј Шојгу истакна дека вината за соборениот руски авиони загинувањето на екипажот е целосно на израелска страна, […]

Елбасан „блиндиран“ пред утрешниот натпревар Албанија – Израел


Албанскиот град Елбасан уште од попладнево е “блиндиран“ од безбедносни причини, поради утрешниот фудбалски натпревар Албанија – Израел, во рамки на Лигата на нациите. Поради проценката дека станува збор за натпревар од висок ризик, како што соопшти албанската полиција, превземни се сите потребни мерки во соработка со меѓународни претставници и безбедносните структури на земјата, како и нивните […]

Израелка го тужи сопругот зашто купил четири телевизори да го гледа СП


Жителка на Израел го тужи својот сопруг поради тоа што во пресрет на фудбалскиот Мундијал во Русија, купил четири нови телевизори. Израелецот сака на „раат“ и со големо внимание да ги следи натпреварите и и се заканил на сопругата доколку се обиде да го спречи во тоа. Од друга страна, жената не сака нејзиниот стан […]

Косово ја одбележува годишнината од создавањето на Израел, се надева на признавање


Во Косово денеска е свечено одбележана 70-тата годишнина од создавањето на израелската држава. Високи претставници на косовската држава, вклучително претседателот на Собранието Кадри Весели, учествуваа на манифестацијата во Приштина за одбележување на годишнината на Израелската држава, организирана од еврејската организација „Бет Израел Косова“. Покрај парламентарниот спикер Весели, на манифестацијата учествуваше и министерката за животна средина […]

Нетанјаху: Мешањето на Иран во Сирија е главна закана за Блискиот Исток


Обидите на Иран за засилување на своето воено присуство во Сирија претставува главна закана за стабилноста на Блискиот Исток, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на редовната седница на неговата Влада. Тој нагласи дека ваквиот став и го пренел и на британската премиерка Тереза Меј за време на нивниот вчерашен телефонски разговор. – Синоќа разговарав […]