Путин прати писмо со кое може да предизвика нов меѓународен судир


Претседателот на Русија, Владимир Путин, преку писмо пратено до премиерот на Израел, Нафтали бенет побара црквата „Александар Невски“ во ерусалимскиот Стар град веднаш да премине во руска сопственост. На Путин, наводно, тоа му го ветил претходниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху. Но, инсистирањето на Путин сопствеништвото да почне веднаш може да поттикне не само дипломатски судир […]

Израелската влада го загуби мнозинството


  Осумпартиската коалициска влада на премиерот Нафтали Бенет е на власт речиси десет месеци. Сега го загуби своето тенко мнозинство, а Израел повторно запаѓа во период на внатрешна политичка криза. Одговорна за ова е пратеничка партијата Јамина на самиот премиер Бенет, која ѝ го сврте грбот на алијансата. Идит Силман го оправда своето излегување со […]

Израел првпат ја обвини Русија за воени злосторства


Израел – Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид остро ја осуди Русија за, како што рече, „воените злосторства“ во Украина. – Сликите и сведочењата од Украина се ужасни. Руските сили извршија воени злосторства против цивилното население без одбрана. Остро ги осудувам овие воени злосторства, истакна Лапид. Претходно денеска израелскиот премиер Нафтали Бенет ги осуди убиствата […]

Терористички напад во Израел: Маж избоде четворица


  Четири лица се убиени, а неколку се повредени во терористички напад со нож во израелскиот град Биршиба. Според израелските медиуми, нападот се случил вчера пред трговски центар во градот, а напаѓачот е идентификуван како Мухамед Алаб сбу Алкијан, кој е по потекло од бедуинскиот град Хура. „Уби три жени и еден маж, пред да […]

Човечки бран на тага: 750.000 луѓе на погребот на ултраортодоксен рабин на Израел


  Масовни толпи денеска ги преполнија улиците на еден израелски град за да присуствуваат на погребот на еден од најистакнатите ултраортодоксни рабини во земјата. Рабинот Хаим Каниевски, кој беше еден од највлијателните учители во верската заедница на Израел, почина во петокот на 94-годишна возраст. Рабинот беше погребан на Бнеи Брак, претежно ултраортодоксниот град во близина […]

Во Израел откриен досега непознат сој на коронавирусот


Израел– Министерството за здравство на Израел денеска објави дека во земјата се откриени два случаи на зараза  со досега непознат сој на коронавирусот. Новиот сој е комбинација на доминантната омикрон подсој БA.1 и друг подсој БA.2, кој предизвикува благи симптоми, без покачена телесна температура, со болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман. […]

Израел и Украина негираат дека Бенет ги убедувал да попуштат на руските барања


Украина– Висок украински советник и израелски функционер денеска ги оспорија медиумските извештаи во кои се сугерираше дека Израел се обидел да ја убеди Украина да попушти на руските барања за време на разговорите. Израел е ангажиран во дипломатските напори со цел да запре војната во Украина. Израелскиот премиер Нафтали Бенет разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и телефонски […]

Израелскиот премиер денес разговарал и со Путин и со Зеленски


  Премиерот на Израел разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, веднаш по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија израелските власти. Кабинетот на премиерот Нафтали Бенет потврди дека имало разговари со рускиот и украинскиот лидер, но не даде дополнителни детали. Израел има блиски односи со двете земји и дејствуваше како посредник меѓу двете земји. […]

Израел ги укина ковид сертификатите


Израел – Израел   целосно ги укина ковид сертификатите, што е продолжение на трендот на укинување на мерките против Ковид-19, со оглед на тоа што бројот на новозаразени се намалува изминатите денови. Ковид сертификатите со кои се докажува дека некое лице е вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест, веќе се делумно укинати во Израел од 4 […]

Рекорден број сериозни случаи на Ковид пријавени во Израел


– Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата. „Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на Ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата“, соопшти Министерството за здравство. Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1.185 такви пациенти. Израелските болници се борат […]

Амнести го обвини Израел за апартхејд врз Палестинците


Израелските власти мора да одговараат за спроведувањето апартхејд врз Палестинците, соопшти денеска Амнести интернешенел во најновиот остар извештај. Во него се наведени детали како Израел спроведува систем на угнетување и доминација против палестинскиот народ секаде каде што има контрола над неговите права. Ова ги вклучува Палестинците кои живеат во Израел и окупираните палестински територии (ОПТ), […]

Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година


Израел– Бројот на тешко заболени од Ковид-19 во Израел надмина 1.000, што е најголем од февруари минатата година. Од почетокот на јануари расте бројот на тешко болни пациенти, а синоќа беше објавено дека достигна 1.010, додека пред една недела таа цифра беше 715. Според Министерството за здравство на Израел, 301 пациент се во критична состојба, од […]

Во Израел над 70.000 заразени со корона вирус за 24 часа


Генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, Нахман Еш денеска изјави дека 71.593 Израелци биле позитивни на коронавирусот вчера, но изрази уверување дека многу повеќе луѓе се заразени во изминатите 24 часа – дури 200.000. Министерството не може да достави точен извештај за бројот на новозаразени веќе трет ден бидејќи компјутерските системи се преоптоварени, […]

Израелска студија: 4-тата вакцина против Ковид-19 е помалку ефикасна на Омикрон


Израел– Четвртата вакцина против Ковид-19 ги ​​зајакнува антителата на дури повисоки нивоа од третата вакцина но тоа не е доволно за да се спречат инфекциите со Омикрон, според прелиминарната студија во Израел. Медицинскиот центар Шеба во Израел ја даде втората бустер-доза на испитување меѓу својот персонал и го проучува ефектот на бустер-дозата на Pfizer кај […]

Израелската полиција трет ден растерува демонстранти бедиуни


Израелската полиција денеска употреби солзавец, гумени куршуми и шок бомби за да растера стотици бедуини кои веќе трет ден протестираат против пошумување на спорната област, тврдејќи дека целта на Израел е да ги избрка од земјата која ја сметаат за своја.   Бедуините протестираа во пустината Негев во јужниот дел од земјата за да спречат […]

Во Израел 4.900 здравствени работници се во карантин; има недостиг на персонал


Речиси 4.900 здравствени работници во Израел се во карантин, покажуваат денешните податоци. Во претходните 24 часа во земјата се регистрирани 43.815 нови случаи на коронавирус, јави „Џерусалим пост“. Во изолација се 690 лекари и 1282 медицински сестри. За споредба, до вчера во карантин беа околу 3.800 здравствени работници. Меѓу нив имаше 542 лекари и 1.000 […]

Во Израел за еден ден регистрирани речиси 12.000 новозаболени од Ковид-19


Израел – Во Израел денеска е регистриран најголем број новозаразени со Ковид-19, пред сè поради сојот Омикрон, и покрај рестрикциите за патувања и мерките за изолација, соопшти Владата. Во изминатите 24 часа потврдени се 11.978 случаи, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Претходниот „црн рекорд“ беше забележан на 2 септември 2021 со […]

Во пад на израелски воен хеликоптер загинаа двајца пилоти


Израел– Израелски воен хеликоптер вчера се урна во морето кај северниот брег на Израел, при што загинаа двајца пилоти, соопшти израелската војска. Третиот член на екипажот е повреден во несреќата и итно е пренесен во болница, соопшти војската   Хеликоптерот се урнал за време на тренажен лет, а командата на израелските воздухопловни сили отворила истрага […]

Македонските ракометари го совладаа Израел во подготовките за Европското првенство


Македонската машка ракометна репрезентација ја продолжи победничка низа во подготовките за настап на претстојното Европското првенство, совладувајќи го во Скопје вечерва Израел со 31:28 (14:15). Најефикасен во македонскиот состав, во првиот од двата контролни натпревари против израелската репрезентација, беше Ненад Костески со пет голови, додека Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски постигнаа по гол помалку. Контролните […]

Израел планира да ги отвори границите за некои вакцинирани туристи


Израел– Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 9 јануари ќе им дозволи на целосно вакцинирани туристи од одредени земји да влезат во Израел, со што ќе се стави крај на речиси општата забрана за пристигнување на лица кои не се државјани. На странските туристи кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19 и понатаму им е забранет […]