(Видео) Земјотрес во Неапол: Оштетени автомобили, еден човек извлечен од урнатините


Многу луѓе во и околу италијанскиот град Неапол ја поминаа ноќта на улиците или во своите автомобили поради земјотресот. Италијанските сеизмолози известија дека земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала се случил во 01:25 часот по локално време на исклучително мала длабочина од три километри. A 4.4 magnitude earthquake destroyed homes in Naples, […]

Земјотрес со јачина од 4,8 степени на Света Гора


 Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер беше регистриран кусо по 18 часот на Света Гора со епицентар на 12 километри северозападно од Кареја, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван и во Солун и градови од северна Грција, а засега нема информации за материјална штета. 

Силен земјотрес регистриран во Сибир, прогласена состојба на висока готовност


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Сибир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 29 километри северно од градот Кош Агач во регионот Алтај. Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан. Откако силен земјотрес го потресе сибирскиот регион, во Алтај е […]

Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тексас, САД, објави веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, на 68 километри северно од Пекос, Тексас. Потресите ги почувствувале и жителите во Мексико. 

(Фото) Земјотресот во Далмација ја помести камбанаријата на Паг


Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди поширокото задарско подрачје, а според досегашните информации нема пријавени повредени или значителна материјална штета, извести Управата за цивилна заштита. Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во 18 часот и 43 минути, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград […]

Силен земјотрес во Далмација, луѓето во паника бегаат од домовите


Силен земјотрес вечерва го погоди северот на Далмација во Хрватска. Во 18 часот и 43 минути сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Магнитудата на земјотресот бил 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС. Засега нема […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега


Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран кусо по 21 часот вечерва во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресите во конкретната област продолжуваат со несмален ритам, а карактеристично е […]

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран рано утринава во 1 часот и 50 минути. Епицентарот на земјотресот е од подрачјето Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Дебар и околината.

Земјотрес во Албанија со интензитет од 4,3 степени по Рихтер


 Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтер, вечерва е регистриран во албанскиот приморски град Валона.  Потресот е почувствуван во 19:29 часот со епицентар во местото Вајза,  округ Валона, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Регистриран земјотрес во Скопје, епицентарот бил 10 километри источно од градот


  Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека ноќеска бил регистриран земјотрес чиј епицентар бил 10 километри источно од градот. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1 часот и 10 минути на 1 февруари 2025 […]

Земјотрес во Јелоустоун – ќе се разбуди ли супервулканот


Централните делови на САД ги погоди земјотрес што се почувствува во неколку американски држави. Националниот парк Јелоустоун го потресе земјотрес, предизвикувајќи стравувања дека може да се разбуди супервулканот во националниот парк. A magnitude 3.9 earthquake occurred yesterday evening about 15 miles south southwest of Mammoth, WY. This is located within the Yellowstone National Park area. […]

Земјотрес во Албанија, се почувствува и во Македонија


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека денеска бил регистриран земјотрес чиј епицентар бил во албанија, но се почувствувал и во нашата земја. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24 јануари 2025 година во 14 […]

Силен земјотрес ја погоди Турција


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јануари 2025 година во 21:38 часот, во западна Турција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 39,3717 и географска должина 26,3013. Земјотресот е на 13 километри од гркото место Митимна со 1.500 […]

Силен земјотрес регистриран на Тајван


 Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужниот дел на Тајван, при што полесно се повредени 27 луѓе и оштетени се повеќе објекти. Помеѓу повредените се и шест лица, меѓу кои едно бебе, кои беа спасени од под урнатините на една куќа во округот Нанкси. Епицентарот на земјотресот бил […]

(Видео) Земјотрес од 6,4 степени во Мексико – оштетени многу објекти


Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, во близина на брегот на Мичоакан. ❗ El sismo fue perceptible en los estados de Colima, Michoacán, Morelos, así como algunas zonas de la Ciudad de México. pic.twitter.com/sCPDUPKPTB — Sepa Más (@Sepa_mass) January 12, 2025 Земјотресот се случил во 2 часот и 33 […]

Земјотрес во Црна Гора


Земјотрес со јачина од 3.6 степени според Рихтер регистриран е денеска во црна Гора, јави ЕМСЦ. Потресот бил на седум километри од Будва, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за материјална штета или за повредени.

Земјотрес од 3,8 степени во Албанија


Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четвртокот на 9 јануари во 20 часот и 30 минути во Албанија. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата, на 18 км од Химаре. Засега нема извештаи за материјална […]

Најмалку 126 загинати и 188 повредени во земјотресот во Тибет


Бројот на загинати во земјотресот што денеска го погоди Тибет достигна 126, а повредените се 188, јавија светските агенции. Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во оддалечена и ретко населена област уништи стотици куќи и преполни улици со урнатини. Се верува дека многу луѓе се уште се заробени под уништените згради. […]

Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 95 лица


Бројот на загинати во земјотресот што утринава го погоди Тибет се искачи на 95, додека бројот на повредени достигна 130, пренесе „Ројтерс“. Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а екипите трагаат по преживеани под урнатините и […]

Земјотрес од три степени утрово почувствуван во југоисточните делови од државата


Земјотрес утрово е почувствуван во југоисточните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот е регистриран во 7:23 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2,2 степени и со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје. Земјотрес беше регистриран и вчера […]