Силен земјотрес во Јапонија


Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во 18:40 часот во Јапонија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 43,0435 и географска должина 145,5156. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 46 километри […]

Серија земјотреси почувствувани во Албанија


Серија земјотреси утрово се почувствувани во различни делови на Албанија. Според податоците на сеизмолошкиот завод, во 7:06 часот земјотрес е регистриран во Драч, со магнитуда од 3,9 степени. Во Кониспол, околу 6:49 часот, се почувствуван е земјотрес со магнитуда од 2,7 степени а кусо потоа и потрес со јачина од 3,2 степени. Уште еден потрес […]

Силен земјотрес во Костарика


Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Костарика, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 43 километри од главниот град на Костарика, Сан Хозе, на длабочина од 31 километар. Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил силен и траел […]

Аргентина ја погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени


Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 188 километри од градот Сан Луис, на длабочина од 122 километри, во регионот Ла Риоха. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Земјотрес во јужна Турција


 Земјотрес е регистриран денеска околу 14:39 часот по локално време во регионот на Османије, град во јужна Турција, објави „Си-ен-ен Tурк“. Според турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД), земјотресот бил со јачина од 4,1 степен според Рихтер, со епицентар во селото Сумбас на длабочина од околу седум километри. Земјотресот предизвикал паника […]

Земјотрес со јачина од 7,4 степени ги погоди Филипини – издадено е предупредување за цунами


Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди јужниот филипински остров Минданао, пренесува Би-би-си. Првичните информации говорат дека има најмалку една жртва, а се прават проценки за повредени. Според Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на земјотресот е на околу 20 километри од брегот на градот Манај, а се случи во 9:43 […]

Земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди јужниот дел на Филипините


Земјотрес со јачина од 7,6 степени денеска го погоди јужниот филипински регион, предизвикувајќи луѓето да бегаат од зградите и поттикнувајќи ги властите да издадат предупредување за цунами. Како што пренесе ДПА, засега нема извештаи за жртви од земјотресот, кој се случи во 9:43 часот наутро крај брегот на покраината Давао Ориентал, околу 1.000 километри јужно […]

Има жртви од земјотресот во Филипини


Засега непознат број луѓе загинаа во силниот земјотрес што денеска ја погоди централната област на Филипините во кој се урнаа стари згради и беше предизвикана паника, јавија локалните медиуми. Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината […]

Турција ја погоди земјотрес со јачина од 4,6 степени


Турција денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Земјотрес од 5 степени во Грција почувствуван во земјава


Земјотрес со епицентар во Грција, 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 5 степени, регистрирала Сеизмолошката опсерваторија во 3 часот и 20 минути по полноќ. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти утрово Опсерваторијата.

Земјотреси утрово регистрирани во Бугарија и во Грција


Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 15 септември, во 08:01 часот во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил на 57 километри од Бургас. Земјотресот бил на длабочина од 16,8 километри. Нема информации за материјални штети. Земјотрес утрово е регистриран и во Грција. Земјотресот бил со интенрзитет од 4 степени […]

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени ја погоди Камчатка


Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го погоди источниот брег на рускиот регион Камчатка, објави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки-GFZ. Земјотресот бил на длабочина од 10 км, соопшти GFZ. Геолошкиот завод на САД-USGS ја процени магнитудата на 7,4, со длабочина од 39,5 км. Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека постои закана од […]

Земјотрес од 4,2 степени по Рихтер во Србија


Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14:43 часот во Србија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Соколовица, приближно 12 километри од неговиот центар. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 6 километри под површината на […]

Силен земјотрес го погоди Авганистан, најмалку 250 загинати и над 500 повредени


Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, […]

Над 220 земјотреси регистрирани ноќеска во близина на турскиот град Сундург


 Повеќе од 220 земјотреси со различен интензитет се регистрирани ноќеска во регионот на градот Сундург, округ Баликесир, каде на 10 август земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер однесе еден живот и повреди десетици луѓе, пренесе турската телевизија НТВ. По земјотресот со јачина од 4,8 степена во 21:58 часот вчера, до 7 часот утрово […]

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами


 Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди преминот Дрејк, водено подрачје помеѓу јужниот врв на Јужна Америка и Антарктикот, а Чиле издаде предупредување за цунами за Чилеанската антарктичка територија. Хидрографската и океанографската служба на Чилеанската морнарица издаде предупредување за цунами за Чилеанската антарктичка територија откако земјотресот со јачина од 8,0 […]

Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени


Најмалку 29 лица се повредени, меѓу кои две се во критична состојба, откако земјотрес со јачина од шест степени изутринава го погоди островот Сулавеси во централна Индонезија, соопштија официјалните власти. Според портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, 13 повредени се пренесени во болници во областите Посо и Токорондо, откако врз нив паднал […]

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција


Во Битола и околината попладнево е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 13 часот и 7 минути со јачина од 3.9 Рихтерови степени и епицентар кој потекнува од Грција, 165 километри југозападно од Скопје.  -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот […]

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во близина на грчкиот град Каламата на Пелопонез


Умерен земјотрес со јачина од 4,7 степени беше регистриран претпладнево во близина на грчкиот град Каламата на Пелопонез, а засега не се пријавени никакви проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. Десетина минути подоцна следеше уште еден, помал земјотрес со јачина од 2,5 степени со ист епицентар. Претседателот на Организацијата за планирање и заштита од […]

Њујорк Тајмс: Силниот земјотрес на Камчатка се чини дека ја оштетил руската база на нуклеарни подморници


База на нуклеарни подморници на оддалечениот руски Далечен Исток беше оштетена минатата недела по еден од најмоќните земјотреси во регионот во последните децении, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на сателитски снимки. Сликите направени од Планет Лабс, комерцијална компанија за сателитско снимање, покажуваат оштетување на пловечкото пристаниште во базата на подморници Рибачи на полуостровот Камчатка, објави […]