Шест жртви во земјотрес во Непал со интензитет од 6,6 степени по Рихтер


  Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава Непал, соопшти сеизмолошкиот центар во државата, а локалните медиуми пишуваат дека има шест жртви. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно информираше дека станува збор за земјотрес со интензитет од 5,6 степени. Земјотресот ги стресе граѓаните на Непал утрово во два часот по локално време, […]

Земјотрес во Хрватска во близина на Сисак


Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 58 км од Загреб и 9 км од Сисак, во 10 часот и 21 минута, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот бил почувствуван повеќе во областа на Сисак. #Earthquake (#potres) possibly felt 25 sec ago in #Croatia. Felt it? Tell us via:📱https://t.co/LBaVNdVFgz🌐https://t.co/AXvOM7qtuH🖥https://t.co/wPtMW5w1CT⚠ Automatic […]

Силен земјотрес го погоди северниот дел на Филипините


  Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Филипините, соопшти Геолошкиот институт на САД (УСГС). – Очекуваме материјална штета, изјави сеизмологот Чарм Виљамил. Земјотресот што се случи во 22:59 часот по локално време во близина на градот Долорес бил почувствуван и во главниот град Манила, кој е […]

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан


 Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала изутринава го потресе западниот дел на Панама. Раздвижувањето на земјата е почувствувано во Херера, Бокас дел Торо, Верагуас и западна Панама, објави преку Твитер панамската Национална агенција за цивилна заштита. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицдентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на […]

Силен земјотрес во Кина


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот кинески регион Чинхај, соопшти Американскиот геолошки институт. Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 8,6 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.

Земјотрес во Русија, епицентарот под Бајкалското Езеро


Земјотрес со интензитет од 4,9 степени по Рихтеровата скала утрово ја потресе Иркутската област во Русија. Според првичните информации, засега нема причинети штети во потресот чиј епицентар се наоѓал десет километри под дното на Бајкалското Езеро. Земјотресот бил на длабочина од 10 км, на 106 километри Иркутск и 34 км од Бабушкин.

Земјотрес со јачина од пет степени регистриран во Грција


  Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер беше регистриран во близина на Коринтскиот канал, кусо по еден часот по полноќ по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотрес беше почувствуван во повеќе делови на земјата, како и во Атина. Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, бил во морскиот […]

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер попладнево во Валандово


Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка […]

Во Албанија почувствуван земјотрес


Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Тирана. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри, пишува Albanian Daily News. Земјотресот е почувствуван и во Драч.

Земјотрес од 3,5 степени ја погоди Албанија


Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, соопшти ЕМСЦ. Според извештаите, земјотресот е регистриран во 11.47 часот по локално време. Земјотресот е регистриран на околу 10 километри северно од Тирана, додаде ЕМСЦ. Засега нема информации за материјална штета или повредени.

Земјотрес со јачина од пет степени во турскиот град Ардахан


  Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди градот Ардахан во Турција. Канцеларијата за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот ја погодил областа Голе во 17 часот и 8 минути по локално време.   Како што јави агенцијата Анадолија, земјотресот е регистриран на длабочина од седум километри.   Нема […]

Кинезот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот е пронајден жив


Мажот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан е пронајден жив, објавија локалните медиуми, пренесува АП. Работникот на хидроцентралата Ган Ју беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Сечуан на 5 септември. Тој по 17 дена бил пронајден […]

Две лица загинаа во земјотресот во Мексико


Две лица загинаа денеска во главниот град на Мексико во земјотресот со јачина од 6,8 степени. Земјотресот се случи утринава, три дена по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот и централниот дел на Мексико. И тогаш загинаа две лица. Епицентарот на денешниот земјотрес бил во државата Мичоакан во западно Мексико […]

(Видео) Силен земјотрес во Мексико, луѓето во паника излегоа на улиците


  Силен земјотрес вечерва го погоди Мексико. Тлото се затресе помалку од еден час откако алармот за земјотрес беше огласен како потсетник на силни потреси истиот ден во 1985 и 2017 година. Според мексиканските сеизмолози, магнитудата е 7,4 степени, а епицентарот на земјотресот бил на брегот на Пацификот. 🚨#UPDATE: New Video shows what appears to […]

Во Тајван регистриран нов земјотрес со јачина од 5,6 степени


  Нов земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил два километри под површината на земјата. Тајван се справува со афтершокови по двата силни земјотреси за два дена, од кои најсилниот беше вчера. Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала вчера го […]

Силниот земјотресот на Тајван предизвика материјална штета


  При денешниот земјотрес што го го погоди источниот дел на Тајван, во Јули се урна продавница, а спасувачите спасија повозрасна брачна двојка. Спасувачите се обидуваат од под урнатините да извлечат 39-годишна жена и нејзината петгодишна ќерка. При земјотресот три лица паднале од мостот Гаолоаи. Тие се спасени и се хоспитализирани. Земјотрес со интензитет од […]

Силен земјотрес регистриран на Тајван


Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Тајван. Земјотресот бил на длабочина од околу еден километар под површината на земјата. Издадено е предупредување од појава на цунами. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Закинтос, јачина од 5,3 степени


Земјотрес со јачина од 5,3 степени се случи утрово во Јонското Море, во близина на грчкиот остров Закинтос. Земјотресот бил во длабочина од 2 километри во 10:36 по локално време, а бил почувствуван на Закинтос, како и во градот Патра кој има 168.000 жители. Во околината во текот на вчерашниот и денешниот ден се случиле […]

Сечуан: Уште спасуваат луѓе од земјотресот, а им се закануваат поплави


 Спасувачките екипи вложуваат големи напори да спасат луѓе по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го потресе округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан. Метеоролозите за денеска најавуваат врнежи од дожд во регионот, што дополнително ќе ја отежнат спасувачката операција. Најмалку 66 лица загинаа во потресот, 15 се водат за исчезнати, […]